За времето на Борисов од 14 до 18 месеци. Од поднесување до интервју пола година и од интервју до сликање за пасош 8-12 месеци. Во моментот се е испобркано, луѓе чекаат по две ипол години и ништо, ќе видиме после изборите на 5 октомври дали работите ќе се вратат во нормала.
Со посредник кошта 400-450 евра севкупно, ако сам си бркаш работа и со помалку од пола ќе поминеш.
До лани секој Македонец можеше да извади, сега не. Треба стари документи или да имаш роднина кој веќе има бугарско државјанство. Да почекаме до после изборите, може и тоа ќе се врати по старото.