Чекаат резултати со месеци, ги бараат професорите под дрво и камен, си ги бараат пријавите што им ги изгубиле на студентски, излегуваат од испит пред да почне бидејќи професорот ги брка зошто им ги немало пријавите, плаќаат казни за незаверени предмети без потписот кој треба да го стави професорот кој го нема со месеци, бесцелно се жалат кај декан и продекан за два-три испити од ист семестар сместени во ист ден и исто време, преполагаат предмети бидејќи пријавите им биле загубени па професорот ја поништил оцената, презапишуваат предмет откако професорот одбива да им даде потпис иако приложиле лекарско оправдување, отпусници од болница и тон други документи за евиденција, бараат материјали од седумнаесет илјади различни извори оти професорите немаат напишано ниту една книга за предметите што ги предаваат додека тие што напишале се полни со обскурни англицизми, творештво со единствена цел да служи како орудие при интелектуално мерење патлаци со студентите на кои всушност треба да им го предадат и објаснат градивото а не само прочитаат од фолиите на проекторот или лап топ-от, и на уште многу други фронтови, фатени во костец со ебаната необорива бирократија на ебаниот државен универзитет, секој нареден ден со волја помала од претходниот бидејќи маката за кур не ни се исплати. Таму сме.[DOUBLEPOST=1409739912][/DOUBLEPOST]А, да. Патем, 99% од тие што завршуваат на време се врскаџии и препишувачи. Доказ? Видете какви простаци ни ја водат државата и/или се нарекуваат себеси интелектуална фела.