Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Колку само намерно му го пуштивме Фалкао на Јунајтед то чудно едно :D
 
Фала за фалкао и со среќа на чичарито.
Он и покрај статусот ѓубре за бензема е марадона.
Среќно! <3
 
Izgleda od fanovite na Real samo jas mislam deka Chicharito kje uspee i ne e gjubre :)))

Ne gledajte sega so umrenite krila na UTD poslednata sezona...so igracite na Real Chika kje bide mnogu od korist na ovoj tim...samo pod eden uslov,Mijalkov da izleguva pocesto od igra...

A so Verati ima nekoii informaxcii?
 
Нема врска дека Чича е ѓубре и Јунајтед само го фрла било каде брат :)
Проблемот со шишарката е тоа што помина доста време тука и сака да има првотимски статус,не сакаше веќе да биде измена и да влага во 70 минута.Реалноста е таа дека тој никогаш нема да биде класа шпиц што може да биде стартер,едноставно како џокер да се уфрла кога противничката одбрана е изморена.Веруј дека ќе ви биде од голема помош,има осет за гол,знае да се постави,има одличен off the ball movement и некако ми иде дека во Шпанија баш ќе му лежи тој стил на игра,да утрчува позади противничката одбрана.Плус мексиканец,верувам дека брзо ќе се снајде и очекувам 10+ гола од него,а некои од тие ќе бидат многу битни за вас ќе видиш.

А да,и нешто што заборавив да пишам,далеку е поборбен од Бензема,нема загубена топка,трча многу и голем работник е.Тоа што му фали од фудбалските квалитети го надополнува со борбеноста и трчањето.Многу поблагодарен играч него тоа телето.Ќе го засакаат фановите.


Се измори од тоа што беше замена? Демек сеа ќе игра прва постава?

Фалкао да дојдеше кај нас не беше јасно дали ќе игра покрај вонбрачноно дете на Перез не па овај.
 
Бензема му има носено малолетничке на стариов, па сега овој не смее да писне. Друга причина не гледам што телево е недопирлив у Реал...
 
Јас единствената причина за останувањето и форсирањето на Бензема ја гледам поради тоа што е единствен муслиман во тимот(Кедира не го рачунам) и држи гол дел од пазарот кај арапските земји и овие северно Афричките за откупување на тв правата и со Бензема во составот има голем интерес кај тој регион да го гледаат Реал Мадрид..сепак тука се големи пари во прашање, а друга логика не гледам зошто Бензема сеуште го чуваат,секој нормален и ненормален знае дека Бензема е најслаба алка во Реал Мадрид а упорно го чуваат како со партиска книшка во државна администрација, веќе станува апсурдно
 
1907427_840407442643597_151451663215705344_n.jpg

Една слика, 0 зборови :icon_lol:.

Ја изгледав уште една утакмицата ја даваа реприза. Она што е очигледно е дека системот не работи без Ди Марија, Крос всушност одигра ок, али непокривањето на крилата правеше тој и Модрич да бидат често вон позиција, со што директно се одрази на Пепе и Рамос кои покрај грешките што ги прават, ваквото непокривање ги уби.

Ова значи дека Карло мора да прави сосема нов систем за да ги акомодира играчите. Проблемот е што нема баланс во средината доколку во предвид ги земе сите мидфилдери кои играат за Реал, за да функционира Роналдо-Бензема-Бејл во нападот. Е сега Карло е стратег и добар тренер ама дали ќе успее да склопи нова формација и тактика останува прашање. Вчера и Роналдо да беше во игра пак ваков ќе беше резултатот, ќе лапаа 4 гола.

Сите знаеме каков тренер е Карло, сепак на крај може има шанси да не освоиме ниедна титула што е реално, така да целата вина ќе отиде на него бидејќи не успеа да му донесе титули на клубот. Перез тогаш ќе дејствува и ќе го отпушти и ќе донесат некоја друга марионета, која само ќе ги подигне надежите на навивачите а Перез ќе продолжи да дејствува како тренер, менаџер и спортски директор во клубот. Секоја чест досега што направи за клубот ама крајно време е да си оди. Нека ја заврши сезоната и нека си даде оставка. Се надевам дека тие сосиосите што се во клубот ќе вршат некој притисок бидејќи почна само да му наштетува на клубот.

А ако пак по некое чудо се деси да ја одбраниме титулата во ЛШ тогаш треба да му изградат споменик на Карло у сред Мадрид, бидејќи да успееш во такви услови е рамно на да бидеш гениј и бог.

Се чека на вистинско засилување до вечер.:sleep:
 
Ај официјално со здравје да си го корситите. Има ли опција за отпкуп? Ако нема да ни го вратите во одлична форма. :D

Имало first buying option. :D
 
И официјално најлош трансфер период одкога знам за клубов.

Си замина ѕверот голман пошто Перез е пиче и којзнае по која основа го остави принцот Касиљас да биде прв голман, без оглед на се. Па ако треба и меѓу нозе голови да му даваат. Оваа постапка треба да се разјасни малку.

Си замина Ди Марија, не треба коментар. Заслужи, и требаше повеке плата да му дадат.

Си замина Алонсо, јбг као демек сам сакал. ОК али тимот пак ослабе.

Дојде детето Хамес за ебани 70 милиона, играч што ни го купи чика Перез. Нит сме го сакале а Анчелоти појма нема сега каде да го игра, а мора.

Дојде Крос. Кај ке го играме и ние уште не знаеме ваљда место Ди Марија или Алонсо. Којзнае.

Се надевавме на светска класа напаѓач, дојде ѓубрето од Манчестер за да му биде резерва на другиот принц - Бензема.

Така да, драги мои, Карло никој не го праша за трансферите, и сега човеков го боли глава каков тим да состави. Му го растурија тимот, му изнакупија се и сешто. Нека си ебе матер, или биди претседател или биди тренер. Кај нас претседателот е и тренер и оваа сезона не ми мириса на добро.
 
Значи дечки, глупи се муабетите дека Реал е насамарен од Јунајтед.

Мене 83 милиони за Ди Марија не ми изгледаат како насамарување. Уште помалку 2 милиони за Чичарито на позајмица. Не може Јунајтед да го насамари Реал со тоа што му го зел Фалкао, затоа што не му го зел, Реал НЕ ГО САКАШЕ Фалкао. Според мене ќе бевме насамарени ако ни го увалеа Фалкао за 65+ милиони.

Фалкао му беше понуден на Реал пет пати у рок од седум дена! Насамарување или крадење е доколку двата клуба се бореле за него па овој го одбрал Јунајтед. Нешто ко лани со Вилијан шо се деси измеѓу Тотенхем и Челзи.

Ако Реал е насамарен од некого, тоа е од сопственото раководство кое јасно решава да не носи напаѓач кој ќе биде поголема ѕвезда од Бензема. Тоа е смешно за другите и трагично за нас, ама тоа е ставот кон кој се приджуваа. Пошто да не се лажеме, ако сакаа јак шпиц ќе дадоа 90 милиони за Суарез а не за пичмеле ко Фалкао.

Тоа е тоа. Чичарито е океј за замена ако игра во формата од пред некоја сезона, а за првиот напаѓач познато ни е се. Веќе го научивме како функционира, па може ќе се смилува и ќе престане да биде флегма барем на 10 меча сезонава.
 
Ја не гледам ништо сумљиво, едноставно Фалкао сака да игра редовно а во Реал покрај недопирливиот Бензема тешко дека ќе се изнаигра. Затоа и Реал купи таков играч кој ќе се согласи да му биде замена на телето, како што беше случај со Адебајор пред некоја сезона.

И вие што сакате да купувате дрес, купете си од Бензема, тој е најсигурен дека нема да си оди во наредните 10 години. :D[DOUBLEPOST=1409564623][/DOUBLEPOST]
Е да, на клупа ги имавме Роналдо и Хесе, требаше нив да ги стави.. :)

Па алудирав на кратката клупа и глупавата трансфер политика ова лето, да не се глупираа со трансферите и да не чекаа до последен ден за трансфер бомба туку со време да се земеше напаѓач немаше да чекаме на Арбелоа и Кедира или пак на Раул Томас. :)

Како и да е поразот е на старт на сезона, ништо не е страшно и се надевам дека ги освести играчите како и управата.
 
Best goal per min avg. in PL (15 goal minimum):
Agüero (1 goal every 115 min)
Henry (122)
Van Nistelrooy (128)
@chicharito (131)
Van Persie (136)

That means Chicharito is the 4th most efficient goal scorer in the HISTORY of the PL, only behind Aguero, Henry and Van Nistelrooy.

Трансферот на Чичарито е добар и за играта на Бензема, Бензема кога има конкуренција игра добро, не доволно добро за тим како Реал, али ако ништо друго барем повеќе се залага. Лани кога единствена конкуренција му беше Мората имаше моменти каде играше одлично, сега со доаѓањето на Чича ваљда ќе му дојде и него малку паметот и ќе го мрдне тој газот дебел.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom