Дечки ај ве молам за помош, малце ми е итно.
Се работи за просторија сутерен, веднаш под станот на прв кат во зграда. Значи нешто како подрумска просторија ама не толку многу ниско. Е сега, просторов е среден, уреден во соби и се тоа. Од дождов избило вода во бањата, баш од оној одвод на подот на бањата, во плочките, каде што истекува вода пример кога миеш плочки и слично. Значи не низ одводот во кадата, туку оној одвод на подот на плочките во бањата. Не знам како се вика, се надевам ме разбравте. Е сега, ова се случува втор пат, и колку што кажа сопственичката на местово, има некој проблем со градска канализација, односно нештото било на пумпа, така нешто не ја разбрав.
Водар ќе дојде утре, ама дожд си врне.
Ме интересира некој дали знае има ли трајно чаре за ова, што да се прави како да се пусти работава?
Ако некој знае ве молам да ми реплицирате, важно ми е.
(некој веќе ми спомна да се заѕида таа цевка што води надоле по тој истек, ама не знам колку е тоа возможно, океј, не знам... )