Не знаев каде да ја отворам темата во кој форум , па еве ја отворам во Општи муабети . Ако може мала помош ви благодарам . Дали може некој на форумов да ми објасни малку ако сака како да дојдам пеш од Мавровка од Бит пазар до Националната арена Филип Втори ? Значи јас не сум од Скопје , знам од Скопје само каде е Бит Пазар и Мавровка и факултетите Правен , Економски , Филозофски и Филолошки каде се наоѓаат , и знам да отидам пеш до автобуската станица во Аеродром и знам да отидам до Градскиот трговски центар и до Рекорд знам да отидам и до плоштадот но сето ова гледајќи од мапа на Скопје е на другата страна од Филип Втори , имам една огромна мапа од Скопје купено во ГТЦ во 2010 година и гледам Филип Втори се наоѓа некаде во општина Карпош . Јас еднаш имам одено со другар од Мавровка пеш се до трговскиот центар Лептокарија во Карпош и знам дека поминав таму и пред Собранието на Р. Македонија и имаше и еден голем соборен храм , и потоа блиску до Лептокарија беше и онаа кардиохириргија Филип Втори ја видов од стотина метри . Прашањето ми е дали може да одам по оној пат што се наоѓа помеѓу Мавровка и Универзитетската библиотека на Универзитетот Кирил и Методиј ? Бидејќи кога одев до Лептокарија појдов од тој пат . Ако може упатство би бил многу благодарен .