Сакам да знам!

  • Креатор на темата Креатор на темата blue ladybug
  • Време на започнување Време на започнување
Кога е последниот автобус од Прилеп за Скопје навечер за време на викенди (сабота), и кога е првиот у недела сабајле?
 
Зошто некои ресторани(на пример Енрико) прашуваат пред да плаќаш дали ќе плаќаш со картица или во кеш а некои не?
 
И јас појма немам. Ептен ретко патувам за Скопје. Најдобро некој ш студира од Прилепов за Скопје да најдиме.
 
Кога е последниот автобус од Прилеп за Скопје навечер за време на викенди (сабота), и кога е првиот у недела сабајле?
мислам дека имаш во 18:00 ама за викендиве не сум сигурен :)
провери на страната на скопска автобуска ги имаш распоредите :)
 
Добра компанија ли е Dyna SDC или робијашка како Сивус? :D
 
Зошто некои ресторани(на пример Енрико) прашуваат пред да плаќаш дали ќе плаќаш со картица или во кеш а некои не?
За да не оди све на фискална, да се зашпара и заработи плус пари, така е наредено од газдите/шефојте/менаџерите во ресторанот. Плаќаш со картичка добиваш два слика, еден слик за келнерот и за евиденција во каса(вака мора фискална да ти даде, бидеќи ќе е во минус и тој и касата) една добиваш ти за тебе дека си платил. Ако е кеш тогаш ти дава ливче на кое маркира(на компјутер, а не пишано) со све што си користел ти го дава во папка, гледаш проверуваш си плаќаш ти враќа кусур и чиста сметка долга љубов, но овие пари не одам на фискална си остануваат кеш така како што се и си ги земаат после тоа таму надлежните.
 
Не знаев каде да ја отворам темата во кој форум , па еве ја отворам во Општи муабети . Ако може мала помош ви благодарам . Дали може некој на форумов да ми објасни малку ако сака како да дојдам пеш од Мавровка од Бит пазар до Националната арена Филип Втори ? Значи јас не сум од Скопје , знам од Скопје само каде е Бит Пазар и Мавровка и факултетите Правен , Економски , Филозофски и Филолошки каде се наоѓаат , и знам да отидам пеш до автобуската станица во Аеродром и знам да отидам до Градскиот трговски центар и до Рекорд знам да отидам и до плоштадот но сето ова гледајќи од мапа на Скопје е на другата страна од Филип Втори , имам една огромна мапа од Скопје купено во ГТЦ во 2010 година и гледам Филип Втори се наоѓа некаде во општина Карпош . Јас еднаш имам одено со другар од Мавровка пеш се до трговскиот центар Лептокарија во Карпош и знам дека поминав таму и пред Собранието на Р. Македонија и имаше и еден голем соборен храм , и потоа блиску до Лептокарија беше и онаа кардиохириргија Филип Втори ја видов од стотина метри . Прашањето ми е дали може да одам по оној пат што се наоѓа помеѓу Мавровка и Универзитетската библиотека на Универзитетот Кирил и Методиј ? Бидејќи кога одев до Лептокарија појдов од тој пат . Ако може упатство би бил многу благодарен .
 
Од плоштад само право према парк. Немоеш да утнеш.
Прашај Томче Софка хотел ресторан и чао. Кафе Ања.
 
Не знаев каде да ја отворам темата во кој форум , па еве ја отворам во Општи муабети . Ако може мала помош ви благодарам . Дали може некој на форумов да ми објасни малку ако сака како да дојдам пеш од Мавровка од Бит пазар до Националната арена Филип Втори ? .
Ако одиш од битпазар према Мавровка, на раскрсницата кај Мавровка вртиш десно и одиш право дури не го поминиш мостот на реката Вардар. Од ко ќе го поминиш мостот вртиш пак десно (за да одиш по кејот на реката) и самиот стадион е покрај реката.
Поздрав
 
Дали некој го користи електронско плаќање на режиски трошоци преку Тутунска банка?
 
дали е некако можно да ги дознаам сите алтернативни имиња шо сум си ги ставал некад на профилот на фб?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom