Поздрав дечки.
Поради обврски слабо бев во тек со натпреварите, главна информираност за Челзи ми беше фб и одвреме на време ве читав тука.
Слободен сум до понеделник па ќе ги погледам снимките и најверојатно ќе сум во можност да се сладам утакмицата со Евертон.
Нема пишано мислење во врска со Челзи тука околу месец дена, па ако имате желба за читање повелете бидејќи планирам да напишам подолг текст.
Од трансферите сум презадоволен, како што кажа Мурињо ќе купуваме паметно и ќе се засилиме на клучни позиции.
Тоа и се деси, зедовме играчи речиси на грабеж, 30 мил за Фабрегас и Коста се ништо, во споредба за цифрите што се движеа оваа лето за некои играчи.
Плус и заработевме пари од продажба на играчи кои беа вишок, втор состав или имаа проблеми со однесувањето.
Иако имаа некои тука сомнеж во врска со Коста, не имаше неколку кои веруваа во него, пред се тука мислам на Донев и јас. Пишав неколку пати дека Коста е гол играч неговиот простор се 16 метри, умее да се снајде во простор, да се најде на вистинското место отпадок да претвори во гол. Карактер створен за пл, арогантен и храбар слично нешто на Суарез само се надевам дека нема да каса.
За Фабрегас нема што да се пишува, се гледаше дека во Барселона е запоставен играте не се базираше врз него туку секогаш беше во втор план позади Меси, Чави Инеста.
Иако гледам некои членови имаат се уште комплекс од него и упорно ги намалуваат неговите играчки способности.
Фабрегас е класа и е човек кој е способен и има менталитет да освојува трофеи.
За Луис нема што да кажам, Аспи е играч кој човек не сака да го има за конкуренција, судејќи по формата и игрите од претходната сезона.
Дрогба е Дрогба, играч за големи утакмици за финалиња, да изигра 38 натпревари неможе да не се лажеме, може само да биде џокер на Мурињо и кога ќе е густо да не вади од кал.
За играчите што си заминаа не жалам за никој добро освен за Френки и сеуште не ми е јасно како успеа да се најде во Сити на позајмица.
За Луиз пишав мислење, човекот не беше сериозен и дисциплиниран во играта, нешто што е недозволиво кај Мурињо. Секогаш беше во втор план позади Кехил, е сега да се одбие понуда вредна 50 мил за играч кој е втор план е луда.
Лукаку.
Да се разбереме дечкото поседува огромен талент, има предиспозиции да биде еден од најдобрите напаѓачи ама карактерот и мозокот му е 0.
Со кој разум бара да биде прв избор кај Мурињо, нема ништо постигнато во неговата кариера, ниедна голема утакмица во нозете, изиграни 2 сезони солидни сезони на позајмици и тоа е тоа.
Да не ги заборавиме и изјавите што ги даде во врска со Челзи и Мурињо додека беше на позајмици, самиот си го бараше излезот од клубот, а не дека Мурињо немаше да му даде шанса да игра во Челзи.
Еве имаме случај со Куртоа, тој има многу повеќе фудбалски заработено од Лукаку, еден од најклучните играчи на Атлетико во освојувањето на Ла Лига, играње во финале на лш, еден од голмани кои имаат највеќе клин шит во лигата и не бара прв состав и не се буни по медиуми.
Туку сака да се бори за место во тимот со Чех...
Тоа е тоа од прилика за трансферите.
По играчкиот кадар кој го поседуваме во моментов - Торес

очекувам дабл. (пл + куп)
Шала на страна сезонава мора да осовиме трофеј, ама тој трофеј не смее да биде од некој куп туку само пл или лш.
Е сега ако освоиме некој куп плус ќе се рачуна како бонус.
Читам тука актуелно ви е трансфер на Торес во АЦ Милан. Ако фино јас сум за па макар било и позајмица.
Одлично ќе биде ако лета пермантно за сума од 10+ мил.
Гинкел може да оди на позајмица само ако Милан му гарантира место во прв состав или барем фер борба а не како што беше случај со Валас во Интер лани.
Тоа е тоа што сакав да го напишам пред почетокот на сезоната али малку задоцнив оправнано секако.
Ајде останете поздравени и се читаме.