Pickbox.tv - стриминг платформа за гледање филмови и серии

  • Креатор на темата Креатор на темата Zakon4eto
  • Време на започнување Време на започнување
Да има многу избор од филмови серии, ајде претплати се ама многу малце филмови има.
 
Факт е дека ова е иднината на филмовите и сериите, што се гледа од успешноста на Нетфликс. За некоја година и кај нас ќе се казнува симнувањето торенти. Дури не биде тоа, тие пари ќе ги користам за нешто друго :)
 

Иако неизбежна е споредбата со светски најпознатите сервиси на “TV on demand” интернет телевизиите како Netflix или Hulu, сепак нејзините основачи велат дека ова е единствен производ со нови квалитети, а ние дополнуваме, и со многу поубаво име – Pickbox TV.


Pickbox TV е првата регионална интернет телевизија, неодамна основана во Хрватска а достапна и во Македонија, Србија, Словенија, Бих и Црна Гора која на корисниците им овозможува да гледаат телевизиска содржина преку интернет во форма на играни, сериски и документарни филмови тогаш кога тие сакаат и на уредот кој тие ќе го одберат.

Основачката на Pickbox, Сања Божич-Љубичич се надева дека со бизнис формулата “100% содржина, 0% реклами“ ќе успее да привлече што повеќе претплатници кои, како што велат во Pickbox, ќе бидат “луѓе а не пирати“ и ќе изберат за минимална месечна претплата опција да гледаат 3000 часа премиерна и ексклузивна ТВ содржина .

Во изјава за Маркетинг365, Сања ни откри дека моментално на Pickbox посветено работат повеќе од 50 луѓе кои се трудат корисниците да имаат беспрекорно корисничко искуство при секоја интеракција со сервисот и да уживаат во своите омилени серии и ТВ содржини веднаш по нивните премиери .



Претплатниците на Pickbox, своите омилени сериски, играни, документарни и цртани филмови, преведени на македонски јазик, можат да ги гледаат на компјутер, телефон, таблет (има достапни апликации за iOS, Android и Windows)….а со почетокот на есента тоа ќе можат да го прават и на Smart TV.

Pickbox досега има склучено договори за соработка со продукции како BBC, ITV, Disney, Sony, МGM и други.

Еден месец претплата изнесува 305 денари при што можат да се одберат до два уреди на кои може да се користи една претплатничка сметка за гледање на ТВ содржината преку интернет. Плаќањето е припејд, месец за месец, без никаков обврзувачки договор.



Бидејки ние во Маркетинг365 сме ептем кул дечки :), рековме да се регистрираме еден месец, да го испробаме Pickbox некое време па потоа да им направиме една бесплатна реклама.Си ја заслужуваат, зошто конечно некој се сети да го донесе одличниот бизнис модел на Netflix и Hulu на регионалниот пазар а и ние сакаме нашите читатели да бидат сигурни дека ако се решат да се претплатат на овој сервис ќе добијат нешто квалитетно и корисно.

Во однос на содржината која е во понудата, нашата оценка е дека е повеќе од задоволителна, ги има повеќето хит серии (тие кои сеуште се емитуваат се достапни веднаш по премиерата во САД), има многу интернесни документарци и навистина врвни филмски остварувања… а секако не е за потценување нити одличната колекција на ТВ понуда во форма на цртани серии и детски филмови.

Навистина е уживанција да се гледаат одличните документарци на BBC на таблет во кревет
icon_smile.gif


Ако сакате да ги видите достапните наслови, доволно е само да се регистрирате на сајтот (немора веднаш да се претплатувате), со што ќе ја видите целокупната понуда заедно со куси трејлери за филмовите и документарците.

Текстот е преземен од marketing365.mk
 
Ima veke tema za ova. Spoeno so taa vo televizija.
 
Освен јас има некој друг земено ? :D
 
Се додека ваквите сервиси не стримаат содржини шо одат уживо, нема да ја сечам жицата од кабловската. Нажалост. Ама и тоа ќе биде сигурно.
 
Освен јас има некој друг земено ? :D

и јас земав :)

На таблет се турив од гледање филмчиња....бомбона работа за на одмор :)

има многу евергрини филмови што отсекогаш сум сакал да ги гледам и мислам дека вака конечно ќе ги изгледам...иначе и документарците не се лоши.

како ти се сфиѓа тебе?
 
50/50 % ке продужам да видам што ке пружат ама гледам сакаат да го форсираат сериите пред филмовите што за мене е минус и прекин на претплатата.
 
Дали веќе почнаа во Скопје да продаваат бонови и каде ?
(за луѓето кои избегаваат да плаќаат online)

Иначе гледам повеќе добри серии имаат во моментов....ќе се преплатам повторно после еден месец пауза: https://www.pickbox.tv/Catalogues?d...r7mkXp8XqtF+dNdok7OuCDbfH9OfhowCUg==&urlEnc=T
 
За што се тие бонови ? За попуст претлата или ?

Кај нас во Македонија ги има некаде?


Ако сакате слична а бесплатна услуга пробајте го
Popcorn Time
 
За што се тие бонови ? За попуст претлата или ?

Кај нас во Македонија ги има некаде?


Ако сакате слична а бесплатна услуга пробајте го
Popcorn Time

Не ,него ако не сакаш да платиш онлине купуваш ова исто како припејд картичка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom