1. Логиката некако ти е слаба страна. Во секоја теретана веќе имаш вратило справи за пропаѓање и останати справи за Стрит вежбање. Така да всушност теретаната ти ги пружа сите можности на Стрит плус стотици дополонителни справи и вежби (само за бицепс постојат над 60 вежби во теретана, за гради над 100 и сл)
2. Мускулно сало не постои. Сите најдобри тела се изградени во теретана не на шипка, досега не паметам некој на Олимпија во било која категорија да има победено со вежбање Стрит Воркоут. Исто така веројатно сакаш да кажеш дека оној кој што вежба во теретана секогаш ќе е посилен од оној кој вежба стрит воркоут поради тоа што постои прогресивно оптеретување во теретана кој стрит воркоутот не може да го пружи. Теретаната нуди многу повеќе варијации на вежбање, во неа можеш да вежбаш муслулна сила, мусукулна издржливост, координација, баланс, експлозивност, се на се е повеќедимензионална од Стрит воркоутот. Стрит воркоутот секогаш проектира движење со фиксни точки кое постепено доведува до трајно оштетување на зглобовите и тетивите. Не се чуди што секој од вас кој вежба подолго време се жали на болки во рамењата, подлактицата, дланките... Балистички движења, репетитирачки движења и голем број репетиции секогаш се рецепт за дегенеративни повреди на локомоторниот систем.
3. Никој не хејта по Стрит Воркоутот и јас почнав да тренинрам со него но само некој во заблуда може да верува дека истиот е подобар од теретана. Светски атлети од било која дисциплина (фудбалери, пливачи, атлетичари, триатлонци, војници, боксери, балетани, ракометари, тенисери, одбојкари, стронгмени) сите тие тренираат во теретана зошто им овозможува да бидат подобри во својот спорт. Од самото тоа можеш да ја процениш важноста на теретаните во денешниот свет. Додека Стрит Воркаутот е главно за деца, акробати, оние кои нејќат да давааат пари за членарина и оние кои се надеваат дека еден ден ќе ги вработат во циркус.