BVB беше убедливо најдобра во втората полусезона од 2011/12 кога Кагава беше клучен играч...тогаш им набија такви комплекси на Баерн што мораа да пробаат да го растурат тимот со заткулисни преговарања.
Најголем проблем се повредите...инаку на хартија тимов е страшен.
Суботич/Хумелс/Сократис/Гинтер
Пишчек/Дурм/Шмелцер
Бендер/Микитаријан/Гундоган/Шахин/Јојич
Ројс/Кагава/Куба/Обамејанг
Имобиле/Рамос
Значи од сите ама баш сите играчи што имале некаков удел во последните 4 сезони,само 3 играчи не се дел од овој тим,Бариос/Геце/Лева...реално само двајца.
Е сега,најсилниот дел а истовремено и голем проблем на Дортмунд во 2011/12 и 2012/13 беше тоа што имаа стандарни 11 играчи и 2-3 така-така резерви.
Вајден/Хумелс/Суботиќ/Шмелцер/Пишчек/Бендер/Гундоган/Куба/Гроскројц/Кагава/Лева
Вајден/Хумелс/Суботиќ/Шмелцер/Пишчек/Бендер/Гундоган/Куба/Геце/Ројс/Лева
Немаше никаква ротација така што во 2012 беа фантастични во бундес,очај во ЛШ,во 2013 обратно.Сега пак има конкуренција на секоја позиција и ќе биде многу тешко некој да влезе во форма без да биде сменет ако одигра 2-3 лоши мечеви по ред.
Дали ќе можат да создадат таква хемија како во 2011/12 е прашањето на денот...квалитет има во изобилство ама да се искористи правилно ќе биде најтешката задача досега на Клоп како тренер.Но ако некој може....тоа е тој.
