Serie A 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема?

  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.
Легендарниот напаѓач на римски Лацио потпиша за унгарски Халадаш

Серија е е сега ептен ослабена..... :(

Од нашиот еден и единствен Панчо......
Која црна легенда е овој бре? Да не утнал апчињата од сабајле?

п.с. Се работи за Роки, за не се мачите да мислите :D
 
Па легенда е :pos:
Петти најдобар стрелец во историјата на Лацио, а го носеше нивниот дрес полни осум години.
 
Наполи ако не го тепа Билбао, ке имате само 2 преставника во ЛШ, лошо многу лошо.
 
Значи не издржаа италијаниве сами да си ја ослабат лигагата уште толку... се повторува истото веќе години наназад. Си одат двајца одлични играчи Бенатиа и Балотели, ај овој вториов мозокот му е ко на врапче, па може и има оправдување од страна на Милан и фановите, но сепак.... се плашам дека и Квадрадо ќе си замине последните денови од трансфер пазарот и уште некои добри играчи како Видал, Гуарин...штета за лигата. Реално до сега не дојде некој фудбалер на ниво на овие од страна, а константно заминуваат... јасно е после зашто во Европа се губат од тимови од Португалија, Германија...

Од сите овие што ги наброја, само Балотели е заминат... Почекај до 31-ви па потоа ќе дискутираме :love:

Ете Зампарини будалана реши Палермо да го прави новиот Атлетико Мадрид... почнаа веќе да го градат тимот, а следна желба на клубот е легендата на Јувентус[DOUBLEPOST=1408792246][/DOUBLEPOST]Патем, што направија Интерашите со стадионот?
А имаше и некои шпекулации дека и Фиренца дозволила Фиорентина да гради нов стадион, или барем да го реновира Артемио Франки, па така би станал нивна сопственост, а не на градот
 
Последно уредено:
Роки беше и кај нас само што не заигра ниту една утакмица. :place:
 
Роки беше и кај нас само што не заигра ниту една утакмица. :place:
Ваша загуба.

Интер има во план да гради стадион но уште не е уште одлучено кога. Веројатно Тохир ќе чека колку толку да се подобри финансиската ситуација пред да инвестира милиони во стадион. Исто опција која ја разгледуваат е реновирање и модернизирање на Сан Сиро.
 
Сан Сиро може да го реновира Милан,вие пробајте да го реновирате Џузепе Меаца:icon_mrgr:
 
Офлеле. Стадионот се вика по областа, знам нашата страна како го вика ама не е тоа поентата. Сан Сиро е за двата клуба.
 
Офлеле. Стадионот се вика по областа, знам нашата страна како го вика ама не е тоа поентата. Сан Сиро е за двата клуба.
Стадионот се вика Џузепе Меаца, областа е Сан Сиро...
 
Легендарниот напаѓач на римски Лацио потпиша за унгарски Халадаш

Серија е е сега ептен ослабена..... :(

Серија А нема да ослабне се додека Лука Тони игра во неа, така да....

beach.gif
 
Ќе има пренос оваа година италијанско на Телма или на некоја од кабловскиве телевизии или слабо и годинава ?!?
 
Интересен Трофео Тим имало годинава, со трите најголеми тимови од Италија.

coffee.gif
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom