Па нормално дека очекувам намалени цени како и кај се друго каде има конкуренција, а не спротивното. Зошто ако веќе се „договараат “ меѓусебе не се договориле и мобилните оператори за повисоки цени, туку со влезот на повеќе оператори добивме пониски цени. Која е разликата едни да се „договараат“ а други да не . Дај ми јасно образложение а не празно млатење.
Tвоето очекување е многу логично.
Но има едно големо „ ама “
Глобализацијата и либерализацијата донесе поефинување на многу производи
На пример:
Јас купив кондури за 500 денари. Тие се произведени во Кина, не се кој знае што но се ефтини.
Или една првосмукалка денес може да се купи за 2000 денари. Јас сум постар и паметам кога пред 30 години правосмукалката чинеше повеќе од една плата.
Така би требело да биде и за струјата.
Да се произведува таму каде што е најефтино, каде што се најмали трошоците и цената да се формира во услови на слободен пазар.
Да се пренесува и дистрибуира со најмали трошоци и така ќе имаме поефтина струја.
АМА.....
Тоа значи затварање на речиси сите централи во Македонија. РЕК Битола работи на лигнит, Рудникот е речиси исцрпен и отворен е нов рудник кој е одалечен и постојат трошоци за транспорт на лигнитот од тој нов рудник
Зошто се прави тоа? На Косово има многу побогат рудник на лигнит, кој има огромни резерви. Зошто таму не се направи нова централа која ќе има помали трошоци?
Ама не е ниту тоа најефтино решение.
Квалитетен камен јаглен може да се увезе од Австралија или Јужна Африка. Бродскиот транспорт е ефтин и може да се направи централа во Солун или Драч од која ќе се добие поефтина струја.
Но прашање дали е и тоа поефтино.
Во Варна веќе е изградена таква централа, изградено е и пристаниште, можеби тоа ќе биде решение.
Ама не се во прашање само централите. Струјата која се произведува во Македонија не е многу поскапа од струјата која може да се увезе.
Кај нас во крајната цена на струјата поголем дел изнесува делот на пренос и дистрибуцуја од колку што е производната цена
Е тука е проблем
Во МЕПСО и ЕВН има илјадници вработени кои имаат повеќе од натпросечни плати и сега тие треба да ги намалат платите и бројот на вработени.
И сега ова што вели главниот лепотан од регулаторна дека ќе штити....
Тој нема да не штити нас, туку ќе ги штити вработените во претпријатијата кои се занимаваат со струја
Затоа е неизвесно како се ќе се одвива