Покрај поскапувањето на струјата, укината е и дневната ефтина тарифа

  • Креатор на темата Креатор на темата SpiderWeb
  • Време на започнување Време на започнување
Шо има да ти се објаснува, сите 7 фирми се во договор и имаат блиска соработлка меѓу себе, и така тие договорно и сложно даваат цена струјата која што е повисока од сега.

Како ќе ме добијат мене како корисник останатите фирми со иста цена како и ЕВН ?
 
Како ќе ме добијат мене како корисник останатите фирми со иста цена како и ЕВН ?

Мислиш ќе те праша некој. До одредена дата имаш избор потоа ти се доделува оператор по службена должност, највероватно најскапиот.
 
Мислиш ќе те праша некој. До одредена дата имаш избор потоа ти се доделува оператор по службена должност, највероватно најскапиот.

Доколку не изразиш желба за премин кон некој друг оператор остануваш на постоечкиот ЕВН, а годишно имаш можност да промениш само еден опеартор.
 
Доколку не изразиш желба за премин кон некој друг оператор остануваш на постоечкиот ЕВН, а годишно имаш можност да промениш само еден опеартор.

А ти си мислиш дека ЕВН ќе биде најевтиниот оператор?
 
А ти си мислиш дека ЕВН ќе биде најевтиниот оператор?

Па нормално дека очекувам намалени цени како и кај се друго каде има конкуренција, а не спротивното. Зошто ако веќе се „договараат “ меѓусебе не се договориле и мобилните оператори за повисоки цени, туку со влезот на повеќе оператори добивме пониски цени. Која е разликата едни да се „договараат“ а други да не . Дај ми јасно образложение а не празно млатење.
 
Tвоето очекување е многу логично.
Но има едно големо „ ама “
Глобализацијата и либерализацијата донесе поефинување на многу производи
На пример:
Јас купив кондури за 500 денари. Тие се произведени во Кина, не се кој знае што но се ефтини.
Или една првосмукалка денес може да се купи за 2000 денари. Јас сум постар и паметам кога пред 30 години правосмукалката чинеше повеќе од една плата.
Така би требело да биде и за струјата.
Да се произведува таму каде што е најефтино, каде што се најмали трошоците и цената да се формира во услови на слободен пазар.
Да се пренесува и дистрибуира со најмали трошоци и така ќе имаме поефтина струја.
АМА.....
Тоа значи затварање на речиси сите централи во Македонија. РЕК Битола работи на лигнит, Рудникот е речиси исцрпен и отворен е нов рудник кој е одалечен и постојат трошоци за транспорт на лигнитот од тој нов рудник
Зошто се прави тоа? На Косово има многу побогат рудник на лигнит, кој има огромни резерви. Зошто таму не се направи нова централа која ќе има помали трошоци?
Ама не е ниту тоа најефтино решение.
Квалитетен камен јаглен може да се увезе од Австралија или Јужна Африка. Бродскиот транспорт е ефтин и може да се направи централа во Солун или Драч од која ќе се добие поефтина струја.
Но прашање дали е и тоа поефтино.
Во Варна веќе е изградена таква централа, изградено е и пристаниште, можеби тоа ќе биде решение.
Ама не се во прашање само централите. Струјата која се произведува во Македонија не е многу поскапа од струјата која може да се увезе.
Кај нас во крајната цена на струјата поголем дел изнесува делот на пренос и дистрибуцуја од колку што е производната цена
Е тука е проблем
Во МЕПСО и ЕВН има илјадници вработени кои имаат повеќе од натпросечни плати и сега тие треба да ги намалат платите и бројот на вработени.
И сега ова што вели главниот лепотан од регулаторна дека ќе штити....
Тој нема да не штити нас, туку ќе ги штити вработените во претпријатијата кои се занимаваат со струја
Затоа е неизвесно како се ќе се одвива
 
Последно уредено:
Потрошувачката на струја во Македонија се намалува, но се намалува и производството, во Фактор е објавен напис за ова:
http://faktor.mk/archives/120655?ut...n=struja-domashnoto-proizvodstvo-se-namaluva#
Еве како се движело производството на струја по години:
Производство на електрична енергија во АД ЕЛЕМ

· 2013 година 5.113.007.231 Kwh

· 2012 година 5.370.050.371 Kwh

· 2011 година 6.050.249.708 Kwh

· 2010 година 6.476.469.597 Kwh

· 2009 година 5.886.197.820 Kwh

· 2008 година 5.615.354.090 Kwh

· 2007 година 5.621.292.222 Kwh

· 2006 година 6.295.842.269 Kwh
 
Последно уредено:
Просечна месечна плата во Регулаторна изнесува 1491 евро месечно
Во просекот се обфатени сите 28 вработени меѓу кои има и лепотани но и чистачки. Вкупниот фонд за плати бил преку половина милион евра
Плус делеле хонорари
Прочитајте во Фактор
http://faktor.mk/archives/120782?ut...plati-vo-regulatornata-komisija-za-energetika
 
Потрошувачката на струја во Македонија се намалува, но се намалува и производството, во Фактор е објавен напис за ова:
http://faktor.mk/archives/120655?ut...n=struja-domashnoto-proizvodstvo-se-namaluva#
Еве како се движело производството на струја по години:
Производство на електрична енергија во АД ЕЛЕМ

· 2013 година 5.113.007.231 Kwh

· 2012 година 5.370.050.371 Kwh

· 2011 година 6.050.249.708 Kwh

· 2010 година 6.476.469.597 Kwh

· 2009 година 5.886.197.820 Kwh

· 2008 година 5.615.354.090 Kwh

· 2007 година 5.621.292.222 Kwh

· 2006 година 6.295.842.269 Kwh

Дали имаш податок колкаво е производството на приватните инвеститори?
 
Дали имаш податок колкаво е производството на приватните инвеститори?
Немам...
Еве погледај во годишниот извештај на Регулаторна за 2012 има нешто
http://erc.org.mk/odluki/Godisen izvestaj za rabota na Regulatornata komisija za energetika na RM za 2012 godina.pdf
Погледни да не има нешто на страницата на Државниот завод за статистика
 
Во повеќе медијуми е објавено дека ЕВН, подготвува пакети за малите и средни претпријатија со цени пониски за 40%
Еве што пренесува 24 вести
http://www.press24.mk/do-40-poniska...a-za-del-od-kompaniite-koi-kje-go-odberat-evn
Има и дека за нив ќе има ефтина тарифа

Ќе следиме што ќе понудат претпријатијата за дуќаните
Она што до сега се правеше за дуќаните беше нешто најсрамно. Тие плаќаа најскапа струја ( сега цената за дуќани е 10,29 ден ) и нема ефтина тарифа.
Да видиме што ќе се случи. Инаку во цел Свет за дуќаните струјата е поефтина одколку за домаќинствата. Во САД таа разлика е 7-8%, а во Европа е многу голема, бидејќи домаќинствата плаќаат и посебни даноци на струјата.
Инаку веста дека дуќаните, училиштата, болниците и тн ќе добијат поефтина струја мене многу ме радува.
 
Струјата ќе поефтини за индустријата и дуќаните - тоа е добра вест.
Но има и лоша вест - нема да поефтини за домаќинствата бидејќи лепотаните од регулаторна и одобриле на ЕВН 38 евра за дистрибуција на еден мегаватчас
Замислете лепотаните одредели цена за дистрибуција еднаква на цената за производство.
За ова известија повеќе медијуми еве како извести Телма
http://telma.com.mk/vesti/poevtina-struja-samo-za-kompaniite-no-ne-i-za-domakjinstvata
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom