Покрај поскапувањето на струјата, укината е и дневната ефтина тарифа

  • Креатор на темата Креатор на темата SpiderWeb
  • Време на започнување Време на започнување
Нема да ти противречам, но ќе поставам прашање. На каков начин ставањето уште еден отпорник во штек ќе го реши проблемов?
Не се става уште еден отпорник, туку кондензатор кој се врзува паралелно
Тој воопшто не троши само ја намалува или поништува разликата помеѓу фазата на напонот и струјата
Еве како се врзуваат тие кондензатори паралелно со намотките на моторот
pojedinacna-komp.jpg

Проблемот што струјата и напонот не се идеални хармоноци ( синусоиди) туку се деформирани со повисоки хармоници. И тие во стварноста изгледаат вака:
images

Затоа е потребно да се филтрираат со полупроводници
Ова во европските земји го прават претпријатијата како што се кај нас ЕВН и МЕПСО.
А кај нас не го прават бидејќи имаат ќар да ние повеќе им плаќаме
 
Во Вечер е објавен напис во кој има изјава на Кочо Анѓушев директор на енерџи деливери солушн
http://vecer.mk/ekonomija/40-poeftina-struja-za-dukjanite-od-nova-godina
Тој вели дека струјата ќе поефтини но само за дуќаните. Вика општо околу 40%, но не кажува за ефтина тарифа за дуќани. А конкретно нема податоци
(енерџи деливери солушн - морам да Ви кажам кога ќе прочитам вакви имиња на претпријатијата ..... се ми асоцира на некоја измама, Како можат Македонци да ставаат вакви имиња и тоа напишани со кирилица. Ми звучи како балкан енерџи, а знаете кој се балкан енерџи - истите арамишта кој порано се викаа топлификација )
 
Дали може да се склучи договор со ЕВН до 15-ти ноември по новите цени или само со новите оператори се склучува договорот ?
 
http://24vesti.mk/domakjinstvata-na-dolg-rok-da-se-podgotvat-za-poskapa-struja
Цената на струјата за домаќинствата ќе се зголеми велат „ експертите “ од ЕВН и ЕДС
Во пресрет на целосната либерализација, бизнисмените од овој сектор оценија дека фирмите може да се надеваат на скорешно намалување на цената на струјата, но домаќинствата во иднина ќе се соочат со поскапување.

„Јас мислам дека нема да поскапи за домаќинствата во значителна мера. Ние разговараме за 1,2 до 3 %, не правиме муабет ние за некое големо поскапување за домаќинствата“, изјави Кочо Анѓушев, ЕДС.

„Јас се согласувам дека тоа нема да се случи сега, ниту пак драматично. Но граѓаните мора да очекуваат дека порано или подоцна и тие ќе бидат дел од овој систем каде сите реално ќе ги плаќаат цените, не поскапо не поефтино“, изјави Нико Берберу, ЕВН Македонија Електроснабдување.
......................
Мој коментар на оваа е....
ај, ништо нема да коментирам.... Не е убаво јавно спомување на мајки на „експерти“
 
Од вчера 01. 10. 2014 струјата во Бугарија поскапе за 10%.
Во Бугарија ова предизвика големо незадоволство
Сега ценита кај ЕВН Блгарија се ( напишано на оргиналниот јазик ):
„ Крајни цени с ДДС и акциз, по които EVN Б'лгарија Електроснабдјаване продава електрическа енергија на битови крајни клиенти:
дневна -0,20582 лв./kWh
ноштна - 0,11687 лв./kWh
Еден лев чини помалку од 30 денари, што значи струјата во Бугарија чини по скапа тарифа околу 6 денари а по ефтина 3,3 денари
http://www.evn.bg/Chastni_klienti/E...klienti/Elektricheska-energia/Ceni-el-energia
Кај нас нема „ акциз “, ама има лепотани од регулаторна
сега струјата чини 6,6 по скапа и 3,3 по ефтина тарифа
А лепотаните и „експертите“ велат уште ќе поскапи
 
ЕЕЗ, Европската енергетска заедница повела прекршочна постапка против Македонија
Но немојте да се грижите.. Оваа Заедница има исто толку врска со Европа и ЕУ, колку што има Хотелот Европа во Отешево - само така се вика.
Инаку во оваа заедница се некој типови кои им се блиски на лепотаните од регулаторна
http://24vesti.mk/eez-poveduva-prekrshochna-postapka-protiv-makedonija
 
Никако ли не постои шанса да се врати дневната евтина 13 - 16:00h ?
 
Никако ли не постои шанса да се врати дневната евтина 13 - 16:00h ?
Како да не постои...
Ефтината тарифа ја укинаа лепотаните од регулаторна
Штом се укинат лепотаните, ќе се врати и ефтината дневна тарифа
 
Најновите веси се дека струјата за дучаните ќе поефтини само за 30%, а за домаќинствата било најдобро да останат на ЕВН
http://24vesti.mk/energetskiot-sistem-podgotven-za-celosno-otvoranje-na-pazarot-na-struja
Според мене ова е договор помеѓу лепотаните од регулаторна и претпријатијата како да продолжат да не ограбуваат
Новите снабдувачи ќе добијат мал дел од дуќаните, а остокот ќе остане на ЕВН. А цените ќе останат исти или малку ќе се покачат
Во услови на непособна јавна власт, лепотаните прават што сакаат.
Власта беше само „способна“ да ги одбие барањата на нашите Протести АМАН и ги одбрани лепотаните и сега лепотаните прават што сакаат
 
Во Фактор е објавен прв коментар зошто пропадна либерализацијата
http://faktor.mk/archives/126318?ut...m_campaign=chij-ceh-plakjaat-70-000-kompanii#
Во написот се поставени прашања - но нема одговори[DOUBLEPOST=1412955405][/DOUBLEPOST]Како Регулаторна комисија ги покачуваше цените на ЕВН за 60%
 

Attachments

Последно уредено од модератор:
Нема коментари за откажувањето од либерализацијата на пазарот на струја
Се јавија политичките партии СДСМ и ЛП, но во нивните изјави нема ништо суштествено
Мене ми е единствено жал што не се оствари мојата желба, дуќаните, училиштата и болниците да добијат иста цена на струјата како и домаќинствата.
Од друга страна и сега се надевам дека јавнатра власт ќе ги суреди лепотаните од регулаторна
Бидејќи лепотаните се виновни за се. Тие почнувајќи од 2008, без причина, ја поскапеа струјата за огромен процент и ја укинаа ефтината дневна тарифа
Погледнете ја табелата од претходниот пост
Струјата е поскапена за преку 60%, а вкупниот приход на ЕВН е зголемен за десетина проценти
Очигледен е криминалот - а нема кривично гонење
 
Во право беа кои се сомневаа дека трговците со струја се договараат за цената по која ќе ја продаваат струјата.
Четири трговци се казнети со 3 милиони евра
http://plusinfo.mk/vest/1657/cetiri-trgovci-so-struja-kazneti-za-nekonkurentno-odnesuvanje
„ Истите доставувале понуди за продажба на електрична енергија со цени и количини претходно одредени на начин кој им овозможувал да ги делат количините на електрична енергија која требало да се испорача на АД ЕЛЕМ, и тоа директно преку доставување на понуди и индиректно преку меѓусебно склучување на договори за купопородожба на електрична енергиј,а која била предмет на набавките на АД ЕЛЕМ што имало за цел нарушување на конкуренцијата преку фиксирање на цените и делење на пазарот на набавка на елетрична енергија за тарифните потрошувачи. Со тоа го прекршиле членот59 став (1) точка 1 во врска со член 7 став (1) точка 1) и 3) од од Законот за заштита на конкуренцијата “, стои во образложението на Комисијата за заштита на конкуренцијата.„
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom