На детево цела рака му е отидена, па уште кривична пријава му лепат и казна ќе му пишат.
Господ нека му е на помош.
Го цитирам мислењево и потенцирам дека излезе снимка каде што јасно се гледа дека дечкото од земја ја собира бомбата и стварно ме оставија со подотворена уста коментариве каде што сепак тој е кривиот а не џандарот што намерно или не испушта опасна бомба во толпа збиена на мал простор.
По соопштението на МВР денес и онаа снимката што ја пуштија јасно беше дека ќе летаат кривични и јасно е дека никогаш нема да имаат муда да признаат грешка и на крајот сепак тоа ке ги кошта а се надевам набрзо ќе биде тоа.
Муабетиве на ликов ПоетскаПравда каде што вика дека со право луѓе што по којзнае колку пати Syn кажа дека уредно си имале платено карта треба да напуштат утакмица порано ми се крајно дебилни и несозреани. Значи знам дека е навреда но сепак сакам да му го укажам тоа пошо си заслужува.
Дали на Поетска(рапер е) ќе му биде сеедно ако на сред реп журка на најжестоките шутки го истегнат за кошула надвор двајца куртони од обезбедување со причина дека можно е да ескалира журката и дека тој ќе треба да ја напушти порано иако настанот го чекал со нетрпение и платил за него.
Сигурен сум дека ќе се противиш и на форумов ќе напишеш огромен текст за тие неписмени џукели што ти ја поебале прејаката журка.
Е финтата тука е што тебе журка ти е задоволство а на дечките што биле таму дербито им е задоволство, и ти и они сте платиле карти и ти и они не заслужувате да бидете истерани порано т.е додека журката/дербито не заврши е сега има само еден проблем а тоа е што ти нив ги напаѓаш.
Тоа пријателе е ниско.
Вчера исто така пишав дека силувањето на информацијата дека Турчин ја украл бомбата + никаквото видео на МВР на крај ќе напраи простата маса да поверува во истото денес на темава ми се потврдува што за жал покажува на какво ниско ниво сме паднале и единствениот начин за отварање на очите најверојатно би бил соочување со таква ситуација што секако не посакувам на никој.
Срамота е ова што се случува и срамота е што човек ќе остане хендикепиран поради грешка на полиција и на крај истиот тој ќе биде кривично гонет а во никаков случај нема да му се помогне.
Истиот тој човек има фамилија сигурно која ја издржува и поради туѓа грешка прашање е дали ќе може да го прави пак истото и капак на се тој ќе плаќа огромни казни а можеби и ќе лежи затвор но нели режимот е таков каков што е. Ништо не смее да го наруши и не смее да има никакви исклучоци па макар и цело семејство било уништено.
Криминал.