м
П.С И Меси и Роналдо да дојдат,и Крос и Хамес џабе е,ако се тера онаа шугава формација од ноќеска.
Па Конте со 352 доминираше во Италија 3 години по ред, не е до формацијата колку што е до самиот пристап, немој да мислиш дека ако смени формација и пристапот ќе се промени.
Моменталниот кадар на Интер е таков да било која формација да ја играше Мацари исходот ќе беше ист зашто недостапни се Гуарин, Алварез, Ковачич, Хернанес и Паласио, сите играчи со офанзивни карактеристики, не за џабе факинг Џонатан го играше во средина.
Се соочив со фактот дека Мацари ќе игра со таа формација, ама ете во Италија се покажа како доста добра, мене лично проблемот кај Мацари ми е во пристапот, едноставно не му е аналоген на еден голем шампион, односно, Пичка е, и пристапот му е таков, пичкарски и лузерски.
Конте го имаше простудирано цел начин на функционирање во лигата и укапира дека екипа ко Јуве против помалите екипи на терен треба да доминира 90 минути, да напаѓа, и да го натера противникот да се брани во текот на целиот меч, за да веќе кога би биле во негатива, истите би биле и изморени, и со квалитетот слабо ко што стојат, кога ќе нападнат, уште толку простор има за Јувентус да ги докрајчи.
Е Мацари наш го остава противникот да игра, пристапот му е таков да и помаливе екипи се осоколуваат да нападнат, зашто Интер не е опасен, не се принудени ол ин во одбрана да се и тоа е тоа, се губи цел fear фактор и многу лесно играат против Интер. Не гледам никаква причина за тоа, нема што да оставиш екипа ко Аталанта која игра Раниери 4-4-2 формација да игра свој фудбал, каде под дифолт се знае дека Денис ќе им го спопика, толку боси екипи се тоа, ни прва 11ка не им знаеш, овој се однесува ко да гостува на Бернабе, буквално ...
Сезонава допрва треба да видиме дали ја научил лекцијата или не, првото ако е случај, Интер ќе се бори за титула во тоа сум убеден, второто ... ќе го јаде отказот, зашто наредно лето сигурно ќе има некое големо тренерско име кое ќе биде достапно за Интер.
Се надевам на некое '' чудо '' односно слична преобразба во пристап ко онаа на Роџерс во Ливерпул.