Правосмукалка

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Mожеби не зборуваме за истата правосмукалка. Пред некој ден продавачот во Нептун (во Сити Мол) ми одговори дека кесата што оди со правосмукалката е предвидена за повеќекратна употреба. Правосмукалката има светло индикатор кој се пали кога кесата е полна. Кога ќе се наполни кесата, ја вадиш и ја празниш во ѓубре и потоа пак ја враќаш назад. Правосмукалката беше модел SAMSUNG VCC4135S37/BOL.


Иначе не се 200ден како што велиш туку 5 кеси се 430ден, и 700ден поскапите:
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=30_107&product_id=198534
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=30_107&product_id=199724

Тоа колку често ќе ја менуваш/празниш кесата (3литри е волуменот), зависи од тоа колку често чистиш и колку ѓубре ти се прави дома. 3-4 месеци ми личи на мноогу оптимистичко предвидување.

Нејсе, и не е толку за додатниот трошок со кесите, колку што може да биде јак проблем некад кога ќе престанат да носат повеќе кеси за тој модел... кога ќе се деси тоа слободно можеш да ја фрлиш правосмукалката.
Ама иста е ко таа на сликата, Самсунг, 1600 w. 3.300 ден.
За светло индикатор не знам, ми немаат спомнато.
Па ваљда ти можеш да ја користиш ќесата појше пати де, ама ако ептен неможеш да ја поднесеш нечиста, не смееш да ја миеш, подобро ти е нова да купиш.
Свекрва ми порано имале иста, само без стаклениот сад, и она рачунај ја миела ќесата па правосмукалката и траела 5 години, што е многу мислам. Така да и да нема ќеси од кај да купиш, на крај краева можеш да ја испереш ќесата. Не е дека одма ќе се расипе.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.252
Поени од реакции
29.731
Под „сува„ правосмукалка мислиш на воздушно филтрирање на всмуканиот воздух. Јас земав Самсунг, следниов модел (со кесички):
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=30_126_102&product_id=199558

Прилично задоволен, или поточно до сега никаква забелешка немам а правосмукалката работата си ја врши добро. Мој совет за концепт е: да биде со со кесички, и обавезно со циклон филтер (пишувано е поназад подетално за циклон филтерот и за другите видови на правосмукалки со воздушно филтрирање). Повеќето (покрупното) ѓубре останува во циклон филтерот и кесичката за ѓубре многу поспоро се полни.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Оваа од 5999 ден малку е појака, но и таа Самсунг со моќност 1600 W од 3299 ден врши работа за домашна употреба. Каква и да избереш обавезно гледај да е со циклон филтер. ;)
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
На таа што ја напишав има и сад и кеса или тие погрешно препишале?
SET напиша:
Собирање на прашина во кеса, Капацитет на садот за прашина 2.4л
А тие други филтри (Хепа и другите) се сметаат како потрошни (дали ќе можат да се најдат кај нас по неколку години)?

За циклон филтер знам, не земам без него. Теоретско прашање: Дали би имало штета да купам (ако уште има да се најде, не сум проверил) посебен циклон што се додава на рачката и да ја возам со двата истовремено?
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.725
Поени од реакции
2.539
Јас имав од тие со сад лг или самсунг беше, демек полесно се чисти и одржува, па ваков филтер, па онаков филтер и триста други маркетиншки финти. Садот од 2-3 литра запремина, требаше да се испразни после неколку користења. Но треба комплетно да се измие, заедно со сите делови во него затоа што прашината се лепи и не може да се истресе како поголемото ѓубре. При тоа се прво се прави облак кога ќе го истресеш садот во кеса за ѓубре, а после кал во кадата или каде веќе ќе се мие. Така да беше потполно непрактичен иако на силата за собирање не можам да се пожалам.
Среќа се расипа па по препорака купив „буре“ тип, како на сликава. Не е тој на сликата, ама од тој тип е.

20 литра зафатнина на кесата, ја менуваме после речиси две години редовно користење. Заменска кеса 100 денари на зелен пазар. Собира се живо, може да собира и течности, а може да се користи и за дување. Со шест тркала е, значи стабилен како и да го тегнеш и на запиња на повисоки ивици од теписи како овие останативе.
Така да топло препорачувам некоја правосмукалка од овој тип.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.252
Поени од реакции
29.731
А тие други филтри (Хепа и другите) се сметаат како потрошни (дали ќе можат да се најдат кај нас по неколку години)?

За циклон филтер знам, не земам без него. Теоретско прашање: Дали би имало штета да купам (ако уште има да се најде, не сум проверил) посебен циклон што се додава на рачката и да ја возам со двата истовремено?
Последно што гледав/прашував имаше заменски филтри и кеси, и наводно „ќе имало„ и следниве години. Е сега некој не ти гарантира до кога и дали воопшто.
Инаку јас уште го користам истата кеса/филтер, еднаш на неколку месеци (редовно користење) се празни/тресе кесата. Циклон филтерот врши многу работа, пошто многу од ѓубрето останува во него (после само го тресеш во корпата со ѓубре).

Како што ти напишаа има и варијанти без кеса, и ѓубрето се собира во поголем провиден сад кој треба редовно да се чисти. Голема заебанција.
Правосмукалките со кеса се многу, неспороредливо повеќе, попрактични. Но и нешто послабо всмукуваат (на иста моќност споредено).


За циклон филтер знам, не земам без него. Теоретско прашање: Дали би имало штета да купам (ако уште има да се најде, не сум проверил) посебен циклон што се додава на рачката и да ја возам со двата истовремено?
Теоретски е можно. Но во пракса мислам дека ќе ослаби силата на всмукување, пошто спецификациите на моторот не се предвидени за два такви филтри.
 
Член од
24 јули 2008
Мислења
666
Поени од реакции
134
Некоја правосмукалка до 6000 ден? Кои се добри и лесни за одржување.......
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.708
Имам Раинбов од пред 25 години, ама сега земав плус една помала, Горење,
VC1615G

ја користам само со книжна кеса, филтерот спрема надвор го извадив. Кесата е мала, но бидејки има циклон не се полни, но сепак ако се всисуваат теписи хартијата се затнува, мене после 8-9 всисувања ми е црвената ознака на 50%, ке го менувам кесето. Можело и само со платнената врекичка, но таа не се пере, треба да се издува со воздух или можеби да се исчисти со друга правосмукалка, на пример со Раинбовот, а да имам 2 платнени кеси , една спремна чиста ?
 
Член од
12 декември 2018
Мислења
17
Поени од реакции
6
ima li nekoj iskustvo so ovaa marka na usisivac ( pravosmukalka ) - ELEGANT
LINK

елегант.jpg
 
Последно уредено:
Член од
23 јуни 2011
Мислења
10.341
Поени од реакции
3.846
Дали до 3.000 денари можам да најдам добра правосмукалка и кој бренд би ми го препорачале?
 

Magpie.

I threw my pie for you
Член од
9 јули 2015
Мислења
22
Поени од реакции
21
Дали до 3.000 денари можам да најдам добра правосмукалка и кој бренд би ми го препорачале?
Види на страницата на Сетек, има доста модели испод 3.000, не знам колку се добри ама има различни модели, ваљда ќе најдеш нешто. :)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.797
Поени од реакции
15.708
Имам Раинбов од пред 25 години, ама сега земав плус една помала, Горење,
VC1615G

ја користам само со книжна кеса, филтерот спрема надвор го извадив. Кесата е мала, но бидејки има циклон не се полни, но сепак ако се всисуваат теписи хартијата се затнува, мене после 8-9 всисувања ми е црвената ознака на 50%, ке го менувам кесето. Можело и само со платнената врекичка, но таа не се пере, треба да се издува со воздух или можеби да се исчисти со друга правосмукалка, на пример со Раинбовот, а да имам 2 платнени кеси , една спремна чиста ?
Заборавив да пишам, оваа Горење правосмукалка НИКАКО !!... по 4-5 месеци ефективна работа, и тоа може по 2 пати неделно, откажа ПОТЕНЦИОМЕТАРОТ... сега по половина минут ја губи силата... За беља веднаш по купувањето го однесов во Охрид, таму може тоа лето 6-7 пати ја користев, лани слично, ова година веднаш се покажа грешката... а гаранцијата во април 2018 беше помината... Не е скап потенциометарот ама треба вадење и монтирање нов. можеби и лемење и не знаеш и тој новиот колку ќе тера... а правосмукалката како нова, слабо користена...
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.857
Поени од реакции
7.546
Никако со правосмукалка со кеси. Најдобра опција е правосмукалка со бокал/кофичка или како и да се вика тоа пластичното кај што се собира ѓубрето.

Усисуваш и после вадиш бокалчето го истураш во кантичка, го плакнеш или миеш под вода и оставаш да се исуши, кога ќе се исуши склопуваш се и пикаш во плакар или каде и да ти стои правосмукалката.

Јас имам ваква Samsung и си е со филтер позади и филтер под бокалчето кај што највеќе се собира ѓубре. Тој филтерот под бокалчето после усисување највеќе треба да се чисти исто и папучата како и да се вика тоа доле кај што има и четкички

 

Kajgana Shop

На врв Bottom