Како влијае марихуаната на здравјето...

  • Креатор на темата Креатор на темата MSV
  • Време на започнување Време на започнување
Злоупотребата на марихуана ја затапува способноста на мозокот да одговори на допамин, невротрансмитерот кој е одговорен за нашите чувства на задоволство, мотивација и награда. Ефектите на таквиот „хај“ всушност може да доведат до депресија и анксиозност, вели новата студија објавена во Proceedings of the National Academy of Sciences.
И покрај нејзината застапеност, знаеме премногу малку за влијанието на марихуаната врз мозокот. Многу од злоупотребуваните супстанци ја стимулираат сигнализацијата на допамин - механизмот кој стои зад чувството на задоволсто при конзумацијата на дрогите, храната и сексот. Но, иако студиите покажале дека, на пример, кокаинот и алкохолот го покачуваат нивото на допамин во делот на мозокот одговорен за задоволство, оваа врска не е конзистентно покажана кај марихуаната.
За да се истражи влијанието на марихуаната врз човековиот мозок, тим воден од Nora Volkow од Националниот Институт за злоупотреба на дрога во САД регрутирал 24 корисници на марихуана кои во просек пушат по пет џоинти дневно, пет дена неделно во период од десет години. Користејќи прашалници за личноста и два типа на скенирање на мозокот, тимот истражуваше како нивните мозоци реагираат на супстанцата methylphenidate - стимуланс кој го покачува допаминот и се користи за третман на ADHD и нарколепсија и ги спореди резултатите со 24 испитаници во контролна група.
И кај двете групи се создало исто ниво на допамин по земање на лекот, но корисниците на марихана имале значајно позатапено однесување, кардиоваскуларни и мозочни допамински одговори на стимулансот. Нивниот пулс и крвен притисок биле пониски во споредба со контролната група и тие пријавиле чувство на немир и анксиозност.
Присуството на исто количество на допамин, но послаб (или никаков) физички одговор кај корисниците на марихуана индицира дека механизмите одговорни за чувството на задоволство во нивните мозоци се оштетени. За разлика од корисниците на кокаин и алкохол, кај корисниците на марихуана се создава истото количество на допамин при стимулација со methylphenidate како и кај луѓето кои не ја користат, но нивните мозоци едноставно не знаат што да прават со допаминот.
Нивните пониски резултати на позитивните и повисоки на негативните тестови за емоционална активност се конзистентни со намалената сензитивност на задоволството и мотивацијата од една страна и со зголемениот стрес и иритабилност од друга страна. Истражувачите сметаат дека влијанието на затапените одговори на допамин во делот на мозокот одговорен за задоволство може да придонесе кон зависничко однесување и склоност кон депресија и анксиозност. Но, сепак, Volkow вели дека она што ја ограничува оваа студија е неможноста да се разделат причините и последиците.
tl;dr - Пречестата конзумација на марихуана го затапува мозокот, помалку се чувствува среќа и задоволство и предизвикува депресија и анксиозност.
 
Последно уредено:
tl;dr - Пречестата конзумација на марихуана го затапува мозокот, помалку се чувствува среќа и задоволство и предизвикува депресија и анксиозност.
Можно е да, но сепак мислам дека овие негативни ефекти се на краткорочен план а не на долгорочен.
А и тревата е можеби најрелативен стимуланс, едноставно многу негативни сегменти кај секој различно влијаат.
До корисникот е да си увиди колку му штети во неговото секојдневие.
На мене лично не ми прија нешто многу, и имам баталено.
Е сеа познавам луѓе перфектно функционираат, така да, релативно.
 
Се согласувам со Гонзо, ја имав период од месец дена кога дував скоро секој ден, и навистина се понашав како ванземаљац, реакција никаква, и се ми беше мех, буквално се до моментот дур не се надувам ко стока. После тоа прекинав 6 месеци не дував, и од тогаш навака у месец 2-3 пати, ништо повеќе, и топ си функционирам.
 
Злоупотребата на марихуана ја затапува способноста на мозокот да одговори на допамин, невротрансмитерот кој е одговорен за нашите чувства на задоволство, мотивација и награда. Ефектите на таквиот „хај“ всушност може да доведат до депресија и анксиозност, вели новата студија објавена во Proceedings of the National Academy of Sciences.
И покрај нејзината застапеност, знаеме премногу малку за влијанието на марихуаната врз мозокот. Многу од злоупотребуваните супстанци ја стимулираат сигнализацијата на допамин - механизмот кој стои зад чувството на задоволсто при конзумацијата на дрогите, храната и сексот. Но, иако студиите покажале дека, на пример, кокаинот и алкохолот го покачуваат нивото на допамин во делот на мозокот одговорен за задоволство, оваа врска не е конзистентно покажана кај марихуаната.
За да се истражи влијанието на марихуаната врз човековиот мозок, тим воден од Nora Volkow од Националниот Институт за злоупотреба на дрога во САД регрутирал 24 корисници на марихуана кои во просек пушат по пет џоинти дневно, пет дена неделно во период од десет години. Користејќи прашалници за личноста и два типа на скенирање на мозокот, тимот истражуваше како нивните мозоци реагираат на супстанцата methylphenidate - стимуланс кој го покачува допаминот и се користи за третман на ADHD и нарколепсија и ги спореди резултатите со 24 испитаници во контролна група.
И кај двете групи се создало исто ниво на допамин по земање на лекот, но корисниците на марихана имале значајно позатапено однесување, кардиоваскуларни и мозочни допамински одговори на стимулансот. Нивниот пулс и крвен притисок биле пониски во споредба со контролната група и тие пријавиле чувство на немир и анксиозност.
Присуството на исто количество на допамин, но послаб (или никаков) физички одговор кај корисниците на марихуана индицира дека механизмите одговорни за чувството на задоволство во нивните мозоци се оштетени. За разлика од корисниците на кокаин и алкохол, кај корисниците на марихуана се создава истото количество на допамин при стимулација со methylphenidate како и кај луѓето кои не ја користат, но нивните мозоци едноставно не знаат што да прават со допаминот.
Нивните пониски резултати на позитивните и повисоки на негативните тестови за емоционална активност се конзистентни со намалената сензитивност на задоволството и мотивацијата од една страна и со зголемениот стрес и иритабилност од друга страна. Истражувачите сметаат дека влијанието на затапените одговори на допамин во делот на мозокот одговорен за задоволство може да придонесе кон зависничко однесување и склоност кон депресија и анксиозност. Но, сепак, Volkow вели дека она што ја ограничува оваа студија е неможноста да се разделат причините и последиците.
tl;dr - Пречестата конзумација на марихуана го затапува мозокот, помалку се чувствува среќа и задоволство и предизвикува депресија и анксиозност.

5 џоинти дневно? 5 џоинти дневно? мене еден чист ме држи 3-4 саата, а некогаш и повеќе. со 5 џоинта јас нема да знам како се викам. Цел ден. зошто не нашле некој кој пуши по 1-2 дневно? 5 е премногу, барем за мене
 
Tоа е таа лакомост, кај мене у населба ги има такви со лопата да ги ринеш. На 1 саат 2 пати пушат, дневно над 10 пати најмалце, тоа е забегување, не мерак. Или на пример, 1 џоинт, и тоа голем не онака просечен на едно пушење, не го фаќа него браД од 5/6 пунења што е тоа, аматеризам.
 
5 џоинти дневно? 5 џоинти дневно? мене еден чист ме држи 3-4 саата, а некогаш и повеќе. со 5 џоинта јас нема да знам како се викам. Цел ден. зошто не нашле некој кој пуши по 1-2 дневно? 5 е премногу, барем за мене

Јас две години се бафтарав со една која имаше личен рекорд од 7 испушени џоинти во еден ден.
При крајот на врската, многу статии кои ги читаа и посочуваа луѓе кои беа “про“ марихуана, и го тупеа со позитивното дејство на тревата, ми беа прилично смешни. Па тажни. Па смешни. Пошо ја гледам, пред мене, еволуира во забеганост.

Пола нејзино друштво беа такви класични пушачи. Онака, катаден, кога ке се има прилика. Им зависеше расположението од тоа дали има и дали нема трева. И тие еволуираа во психата.

Мислам, да не звучам како ликовите од оние приказни „ej edna komsivka ja vidov nee taka ostaj nauka“, али ако не запримеувате што им прави тревата на луѓето, тогаш треба да го смените кругот на луѓе со кои се движите.
 
Лошо е што денес секој има пристап до нет и пишува глупости.
Посебно новиов бран на научници и доктори.
 
"Шетајќи" по интернетов наидов на текст околу марихуаната и како делува на здравјето кај човекот. Еве го преведен, сметав дека му е местото на овој форум:

"ВЛИЈАНИЕ НА МОЗОКОТ

Активната состојка на канабисот многу брзо по консумирањето продира во крвта, потоа со крвта допира до сите органи па и до мозокот. Во мозокот ТХЦ се врзува со специфични канабиноидни рецептори, а најмногу такви рецептори се наоѓаат во делови на мозокот задолжени за памтење, размислување, концентрација, перцепција. Со други зборови, краткотрајни последици или ефекти од консумирањето на канабисот се: тешкотии во краткотрајното памтење, намалена способност за концентрација и учење, промена во перцепција на реалноста и тоа особено за времето (личноста има чувство дека времето врви поспоро), потоа пореметување на рамнотежата, а при земање поголемо количество канабис може да дојде до халуцинации. Што се однесува до влијанието на расположението и однесувањето, уживањето канабис предизвикува еуфорија, смеење без причина, но исто така може да предизвика напад на паника, а халуцинациите можат да бидат незгодни и застрашувачки.
Најновите истражувања покажаа дека долготрајната употреба на марихуаната создава промени во мозочните функции кои траат долго и откако личноста ќе престане да зема дрога, а слични им се на оние промени кои настануваат и при долготрајната употреба на другите опојни дроги. Можна е и појава на амотивациски синдром како сериозен недостаток на интерес и мотивација за било какви активности во животот.

ВЛИЈАНИЕ НА РЕСПИРАТОРНИОТ СИСТЕМ

Пушењето марихуана негативно влијае на респираторниот систем, менувајќи го ткивото на дишните патишта, кое може да доведе до пореметување на функцијата на плуќата и дишните патишта слично како и кај пушачите на цигари. Консумирачите се подложни на настинки, кашлица па и болести како хроничниот бронхитис. За разлика од тутунот, чадот на марихуаната содржи околу 50% повеќе канцерогени состојки и може да предизвика развој на тумор на дишните патишта, вратот и главата. Исто така, најверојатно поради начинот на пушење на марихуаната (пушачите на марихуана појако тргаат и повеќе време го задржуваат чадот во плуќата, а воедно тој не се филтрира), нејзините корисници внесуваат во организмот три до пет пати повеќе катран и јаглен моноксид од пушачите на цигари.

ВЛИЈАНИЕ НА КАРДИОВАСКУЛАРНИОТ СИСТЕМ

Доаѓа до убрзано работење на срцето (пулсот се забрзува за 20-50 отчукувања во минута) и зголемената потреба на срцето за кислород .

ВЛИЈАНИЕ НА РЕПРОДУКТИВНИОТ СИСТЕМ

Долгогодишното редовно консумирање марихуана, влијае на сексуалните и репродуктивните функции. Уживањето поголеми количини канабис предизвикува намалена сперматогенеза кај мажите, а кај жените може да предизвика пречка во овулацијата и прекин на менструација. Во секој случај, редовното земање канабис во подолг период, ја менува хормоналната рамнотежа на организмот што делува на плодноста, а се намалува или потполно исчезнува сексуалното задоволство."

и ти се веруваш шо че прочиташ по нетов?
се че кажат и лажат
ако не примети се што е добро е забрането или нелегално
 
Јас две години се бафтарав со една која имаше личен рекорд од 7 испушени џоинти во еден ден.
При крајот на врската, многу статии кои ги читаа и посочуваа луѓе кои беа “про“ марихуана, и го тупеа со позитивното дејство на тревата, ми беа прилично смешни. Па тажни. Па смешни. Пошо ја гледам, пред мене, еволуира во забеганост.

Пола нејзино друштво беа такви класични пушачи. Онака, катаден, кога ке се има прилика. Им зависеше расположението од тоа дали има и дали нема трева. И тие еволуираа во психата.

Мислам, да не звучам како ликовите од оние приказни „ej edna komsivka ja vidov nee taka ostaj nauka“, али ако не запримеувате што им прави тревата на луѓето, тогаш треба да го смените кругот на луѓе со кои се движите.

Не пиела доволно вода. Забеганоста е бајпродукт на дехидрација. Кај си се ебавал ти со аматери. 10+ бејбе.

хахахаха ти си претерувал со непримањето на течности
јас сум имал два периоди од по 10+ џоинти во ден без прекин 6 и 3 месеци али вакво нешто ми се нема десено и не верувам дека може да се деси... мада јас пиев по 4-5 литри вода на ден у тие периоди :D
 
и ти се веруваш шо че прочиташ по нетов?
се че кажат и лажат
ако не примети се што е добро е забрането или нелегално

Значи до водата било, фала на инфо.
 
нема место за дискусија на темава, што сакаш ко доказ приложи им, џанаците нема тоа да го примат, односно они тебе ке те убедуваат како не е штетно и е корисно.
работава е наместо да ги одвлечеш они тебе ке те навлечат :icon_lol:
 
а

а дали некој побара помош за ти да им помогнеш?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom