AlternativeF
госпожата од втори
- Член од
- 1 мај 2006
- Мислења
- 4.830
- Поени од реакции
- 7.575
Злоупотребата на марихуана ја затапува способноста на мозокот да одговори на допамин, невротрансмитерот кој е одговорен за нашите чувства на задоволство, мотивација и награда. Ефектите на таквиот „хај“ всушност може да доведат до депресија и анксиозност, вели новата студија објавена во Proceedings of the National Academy of Sciences.
И покрај нејзината застапеност, знаеме премногу малку за влијанието на марихуаната врз мозокот. Многу од злоупотребуваните супстанци ја стимулираат сигнализацијата на допамин - механизмот кој стои зад чувството на задоволсто при конзумацијата на дрогите, храната и сексот. Но, иако студиите покажале дека, на пример, кокаинот и алкохолот го покачуваат нивото на допамин во делот на мозокот одговорен за задоволство, оваа врска не е конзистентно покажана кај марихуаната.
За да се истражи влијанието на марихуаната врз човековиот мозок, тим воден од Nora Volkow од Националниот Институт за злоупотреба на дрога во САД регрутирал 24 корисници на марихуана кои во просек пушат по пет џоинти дневно, пет дена неделно во период од десет години. Користејќи прашалници за личноста и два типа на скенирање на мозокот, тимот истражуваше како нивните мозоци реагираат на супстанцата methylphenidate - стимуланс кој го покачува допаминот и се користи за третман на ADHD и нарколепсија и ги спореди резултатите со 24 испитаници во контролна група.
И кај двете групи се создало исто ниво на допамин по земање на лекот, но корисниците на марихана имале значајно позатапено однесување, кардиоваскуларни и мозочни допамински одговори на стимулансот. Нивниот пулс и крвен притисок биле пониски во споредба со контролната група и тие пријавиле чувство на немир и анксиозност.
Присуството на исто количество на допамин, но послаб (или никаков) физички одговор кај корисниците на марихуана индицира дека механизмите одговорни за чувството на задоволство во нивните мозоци се оштетени. За разлика од корисниците на кокаин и алкохол, кај корисниците на марихуана се создава истото количество на допамин при стимулација со methylphenidate како и кај луѓето кои не ја користат, но нивните мозоци едноставно не знаат што да прават со допаминот.
Нивните пониски резултати на позитивните и повисоки на негативните тестови за емоционална активност се конзистентни со намалената сензитивност на задоволството и мотивацијата од една страна и со зголемениот стрес и иритабилност од друга страна. Истражувачите сметаат дека влијанието на затапените одговори на допамин во делот на мозокот одговорен за задоволство може да придонесе кон зависничко однесување и склоност кон депресија и анксиозност. Но, сепак, Volkow вели дека она што ја ограничува оваа студија е неможноста да се разделат причините и последиците.
tl;dr - Пречестата конзумација на марихуана го затапува мозокот, помалку се чувствува среќа и задоволство и предизвикува депресија и анксиозност.

Последно уредено: