Охрид ги губи туристите од кои преживува

  • Креатор на темата Tetro
  • Време на започнување
Член од
21 октомври 2009
Мислења
1.533
Поени од реакции
2.411
Да ама нема да бидеме секоја вечер во градот 5/10 вечери ќе бидеме вака грубо кажано. Плус сакаме сабајле кога ќе станеме плажата да ни биде одма, а не да патуваме со комбиња до плажите.
Но, ова не ти е лош предлог ако е блиску до плажите пешки. Од прилика колку одење ќе има 15-20 минути ?
5 минути ако сте кај стадионот до куба либре/кадмо. 15 минути до Парк.За понатаму ќе ви треба комбе 20 денари до Славија/Силекс.
Глупо е што во Лагадин или Пештани нема што да праиш навечер, скроз е тапа, освен ако не го начекате концертот на сељакот Аца на една од плажите.
 
Член од
21 април 2012
Мислења
366
Поени од реакции
186
Премного го фалите Охрид както место за летен одмор, што не е вистина. Според мене како странски турист во охрид освен историjа, друго нема и нема зошто друго да тражим. Ако сакам плажи има Чрно море, има Бело море/Егеjско и т.н.
Охрид никоj никогаш нема да го слави както место за летен одмор со плажи(зборим за странски турист), ова е абсурдно. Кога се каже Охрид се има предвид историjа, цркви, манастири, главен град на Бугарската импeриjа и т.н.
Зошто се обидувате да го направите град со плажа не знам, али е много грешно мисленjе според много туристи, затоа зошто уништува историскиот облик и атмосфера.
Сакаш Охрид да ти печели туристи и пари, остави Охрид да биде тоа што го може наj добро - да биде историски споменик, не трговиjа на злато и сребро, плажи, барови до водата и т.н.
Или е историски и културен град или е курорт, не може и двете.
Зошто да одам на плажа во Охрид или да слушат рок музика от камион на плоштад кога истото мога да го права на Златни песоци/Сончев брег или Халкидики.
 
T

templar55

Гостин

Хах ефтина провокација. Толку ли многу ја мразите Вулгарија и Софија па од омраза посакувате туѓи земји и туѓи градови.
Вие не сакате да дојдете во Охрид затоа што водата е многу чиста а сте научени да се капете во гадна/црна вода ( черно море)
Исто во Охрид нема проститутки така да ова според вас е голем минус. Охрид е туристички град за културен народ не за вулгарци.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
главен град на Бугарската импeриjа и т.н.
.
Друже што убав муабет си правевме што ти требаат вакви глупости да спомуваш. Толку ли не можете да се воздржите од вакви евтини провокации.
Те молам не ми реплицирај туку ако сакаш дискусија едитирај си го постот. Ако не за мене завршува понатамошната дискусија на оваа место.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
5 минути ако сте кај стадионот до куба либре/кадмо. 15 минути до Парк.За понатаму ќе ви треба комбе 20 денари до Славија/Силекс.
Глупо е што во Лагадин или Пештани нема што да праиш навечер, скроз е тапа, освен ако не го начекате концертот на сељакот Аца на една од плажите.
Ми се допаѓа твојава идеа може да се прифати добро звучи.

За навечер знаеме дека скоро ништо ако не и ништо ќе нема во Лагадин тоа и беше планот навечер да одиме по други места претежно во градот, а преку ден да одмараме на плажа што ќе ни биде блиску да наполниме батерии да се спремиме за новата вечер. Ама ме интересира дали има млади во Лагадин ? Зошто јас како мал често пати со моите сме оделе во Пештани(Десарет) и како што ме држи сеќавањето претежно е фамилијарно место не знам дали одат млади натака. Ако не се само фамилии и пензионери по плажите во Лагадин/Пештани нема да ни смета тоа што навечер нема што да се прави зошто како што кажав ќе одиме на други места, а ако е ептен пусто тогаш ќе бегаме накај градот.
 
A

Avenger99

Гостин
Премного го фалите Охрид както место за летен одмор, што не е вистина. Според мене како странски турист во охрид освен историjа, друго нема и нема зошто друго да тражим. Ако сакам плажи има Чрно море, има Бело море/Егеjско и т.н.
Охрид никоj никогаш нема да го слави както место за летен одмор со плажи(зборим за странски турист), ова е абсурдно. Кога се каже Охрид се има предвид историjа, цркви, манастири, главен град на Бугарската импeриjа и т.н.
Зошто се обидувате да го направите град со плажа не знам, али е много грешно мисленjе според много туристи, затоа зошто уништува историскиот облик и атмосфера.
Сакаш Охрид да ти печели туристи и пари, остави Охрид да биде тоа што го може наj добро - да биде историски споменик, не трговиjа на злато и сребро, плажи, барови до водата и т.н.
Или е историски и културен град или е курорт, не може и двете.
Зошто да одам на плажа во Охрид или да слушат рок музика от камион на плоштад кога истото мога да го права на Златни песоци/Сончев брег или Халкидики.
Тоа во Черното море ти да си се капиш, кога излегував од морето излегував како чудовиште алги и секакви срања на мене три туша не ме переа, водата во езерото е една од најчистите во Европа и 90% од таа вода е за пиење.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.356
Поени од реакции
7.121
ИНСПЕКЦИЈАТА ТРГНА: САМОВОЛИЕ НА ОХРИДСКИТЕ ПЛАЖИ – ГИ ТЕРАЛЕ КАПАЧИТЕ ПОСТОЈАНО ДА НАРАЧУВААТ ПИЈАЛАК

Локалната самоуправа во Охрид почна интензивна контрола на плажите кои се под концесија, и регистрира многу пропусти, но и случаи на малтретирање на капачите, од кои постојано се барало да нарачуваат нов пијалак за да ја користат плажата до крајот на денот.

Инспекторите констатирале дека плажата Потпеш целосно го прекрила просторот со лежалки, за кои се наплатувало од лица ангажирани на плажата, без да се остави притоа воопшто слободен простор за туристи што си носат свои лежалки. Оваа состојба е уредно документирана од инспекциските служби и ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Иста ситуација била затечена и на плажата Канео, за која бројни граѓани пријавиле дека не им се дозволувало на средношколци или на основци да престојуваат , под изговор дека не биле потрошувачи. Ваквата појава е евидентирана и документирана во Инспекторатот.
Незадоволни охриѓани и туристи пријавиле дури нападно и насилничко однесување на лица ангажирани на плажите, кои некултурно и дрско од нив барале постојано да прават нови нарачки на пијалаци, јавно ставајќи ги во непријатна ситуација на лежалките и во кафетериите на плажите.

“Сите анкети покажаа дека туристите во Охрид најмногу незадоволство генерираат од високите цени на угостителските услуги и од состојбата со плажите, поточно од непочитувањето на правилниците и договорите од одделни концесионери, кои ги имаат целосно прекриено плажите со лежалки и наплатуваат за нивно користење, без да остават притоа 60 % слободна површина”, изјави градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески

Градоначалникот вели дека сите оние концесионери на плажи што упорно го кршат законот, ќе бидат санкционирани, а ќе бидат раскинати и договорите за закуп, што потоа повлекува други последици за нив.

Vest.mk

http://mkd-news.com/inspektsijata-trgna-samovolie-na-ohridskite-plazhi-gi-terale-kapachite-postojano-da-narachuvaat-pijalak/

шта речи :facepalm: и не знам оти не ме чуди........
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ако сакаме да зборуваме за проблемите на Охрид тогаш сигурно најмал проблем се цените кои заклучивме се од место до место различни и веројатно се прилагодуваат на пазарот. Освен проблемите како што се хигиена, недоволен број и несоодветно одржувани тоалети, проблеми со хигиената и други работи. Најголем убедливо најголемиот проблем на Охрид е безусулното давање на секоја педа од крајбрежјето под концесија. Така да одењето на плажа стана тортура, како прво приморан си да земеш лежалка што само по себе е голем товар и те врзува како куче за едно место ако не во спротивно менуваш плажа и плаќаш уште 200 денари на друго место. Згора на сето тоа таму каде што си над главата ти се мота постојано некое келнерче и келнерка а чуството е како да си во некоја урбана средина а не на плажа.
Оние 40% кои се пропишани да бидат слободни се навистина ВИЦ и тоа се најчесто површини кои се наоѓаат до тоалети или до некоја остава за ѓубре и никако не може да се земат како слободни површини.
Овој проблем мора да се реши. Според мене треба барем половина од концесиите да се земат и плажите да им се вратат на граѓаните да бидат ослободени од секакви терори во вид на лежалки и досадни послуги. Во близина на плажите треба да има место кое ќе биде во вид на некој бар каде што ќе може да се зема пијалок и евентуално да се изнајми лежалка и сонцобран. Од кириите на овие објекти ќе има доволно финансии да се финасираат луѓето од комуналец да ги одржуваат плажите и јавните тоалети кои би ги направил на секоја плажа.
Тоа е вистискиот проблем на Охрид .
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373

Јас сум од Охрид живеам во др град ама не е битно тоа сакам да кажам ради овие причини што ги наброја лани бев 3 пати наплажа а годинава се недевам барем еднаш да одам колку да не сум без ич
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.179
Поени од реакции
2.858
Oхрид и да има туристи сега тие што издаваат приватен смештај не можат да профитираат, бидејќи секоја година се повеќе и повеќе новоизградените станови ги купуваат Скопјани. Ќе си дојдат во нивните станови, а освен тоа и тие ги издаваат... А има доста од поблиските градови до Охрид (Ресен, Битола, Прилеп) ќе дојдат сабајлето во 8-9 часот ќе го поминат времето на плажа и вечерта во 8-9 ќасот си се враќаат назад.
 
INDIJANEC123

Женкар, Илуватар
Член од
17 март 2014
Мислења
3.815
Поени од реакции
6.373
Oхрид и да има туристи сега тие што издаваат приватен смештај не можат да профитираат, бидејќи секоја година се повеќе и повеќе новоизградените станови ги купуваат Скопјани. Ќе си дојдат во нивните станови, а освен тоа и тие ги издаваат... А има доста од поблиските градови до Охрид (Ресен, Битола, Прилеп) ќе дојдат сабајлето во 8-9 часот ќе го поминат времето на плажа и вечерта во 8-9 ќасот си се враќаат назад.
Нема професионализам друже Охрид цутел во 70 и 80 тите затоа што словенците граделе хотели и го воделе бизнисот сега е охрид оставен на лриминалци со никакво искуство во бизнисот е затоа нема туризам охриѓани појма немаат од туризам им го донесоа словенците и хрватите а во приватизацијата си знаете какви луѓе за без пари ги земаа хотелите охрид со овие луѓе ќе пропадне додуша е пропаднат ама дали и дното има дно ќе видиме
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Читам сите се реват от смештаите и охригани.
Добро де, ако сакате поголем квалитет,зашто не идете во хотел? Зер прашането е за парите? Ако е за тоа, колко платиш,толко и ке получиш.
Прочитав некаде наназад во темава за храната и за цените. Нема смисла да се зборува, тоа е топ туристички центар на државава и цените са наполно нормални. При последната ми посета во Охрид бевме со дружство во ресторантот срешту Св. Софиja, мислам и тоj се викаше Св. Софиja. Немам забележки ни ком храна,ни ком цените.
И преди сум кажал три работи,кои лично мен ме револтираха.
- Прво,во банка ми откажаха да ми сменат пари со официален документ со коj сум поминал граница на РМ,па ме пратиха во менувачница.
- Такси на деjствувашти цркви, а уште поужасното на табва на Св. Софиja имаше цена за домашни туристи и за странски туристи.
- Алкохол после некое време е забранет во продавниците.
Се друго беше наполно нормално како цени, не знам за што реват другите овде...

Еве неколко идеи,кои можат да помогнат.
- Jaс не видов Аквапарк во един Охрид например.
- Не видов и една убава плажа со фин жолт песок. (извинувам се ако не сум прошетал по сите плажи,изправете ме ако грешам)
- Не видов и доволно хотели, не от типот на семеjни,а имам предвид големи ланци.
- Не видов туристички агенции во Охрид, кои да нудат напривер за 1 ден носене до Битола или во Скопие и разгледуване (ако има и jaс не сум ги видел, се извинувам отново)
 
Последно уредено:

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
- Не видов и една убава плажа со фин жолт песок. (извинувам се ако не сум прошетал по сите плажи,изправете ме ако грешам)
Ljubanista imas plaza so takov pesok.Mojata omilena plaza, siten pesok, dovolno prostor na samata plaza i nad tebe se nadvisnuva cela planina Galicica. (y)
Ako si uste vo Ohrid, obavezno odi tamu.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
9 епизоди од охридското летно секојдневие
ЈУЛИ 26, 2014 17:25

Категорија:
Македонија
(Нема гласови)

Објавено: јули 26, 2014 во 17:25
Вкупно: 70 прегледи
Автор: БезПардон.Мк

Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, вчера свикал вонредна седница на Локалниот економски совет, тема: слабата туристичка сезона. Се собрале сите – и хотелиери и угостители и концесионери на плажи и новинари и политичари… и заклучиле дека слабата туристичка сезона е последица на „необјективните“ медиумски написи за превисоките цени и за недостатоците во туристичката понуда, кои го нарушиле имиџот на градот.

Тие дури и се согласиле дека цените на услугите во Охрид се прифатливи за секој џеб, и за домашните, и за странските гости.

Дали е баш така?

Редакцијата на МКД.МК досега не влегуваше во натпреварот на медиумите кој ќе објави поскандалозна фискална сметка од охридското крајбрежје. Ама по состанокот на вака високи претставници одговорни за туризмот во Охрид, сега ќе претставиме неколку епизоди од туристичкото секојдневие, раскажани во прво лице. Не е лошо на наредните состаноци на оваа групација високите охридски туристички функционери да го разгледаат и ова.

Епизода бр. 1

Сопственик на мало кафуле, кој со години работи во Охрид, а е од Скопје, решил да не менува ништо во однос на цените. Со години сум во Охрид, имам веќе редовни муштерии, нема зошто, е нормалната логика на секој нормален угостител. Недела-две по почетокот на сезоната бил посетен од група угостители од Охрид, оние со подебелите вратови, и бил предупреден да се придржува кон нивниот договор за цените…

Епизода бр. 2

Гостин од Скопје само што се паркира под една од куќите во Лагадин во која планира да престојува, во првиот ред, најблиску до езерото. Уште нераспакуван, му се приближува човек и му бара 150 денари. Зошто? Па за паркинг и „гратис“ лежалка. Ни фискална каса, ни обележано паркинг-место, ни рампа, ни средена плажа…

Епизода бр. 3

Уште некаде во април, група млади бизнисмени од Скопје одат во Охрид за да ги разгледаат можностите годинава да земат под концесија некоја од плажите. Разгледуваат така по крајбрежјето и пак, еден од оние со подебелите вратови, само поминува покрај нив, онака незаинтересирано и ги прашува:

-Шо прајте?

-Еве, разгледуваме да земеме плажа.

-Ааа, немојте.

-Зошто?

-Ќе имате проблеми со Климе.

-Кој е тој Климе?

-Јас сум.

Епизода бр. 4

Убаво друштво, на ручек кај Свети Наум, прекрасна атмосфера, вкусна храна, ама старо лепче.

-Келнер, ај те молам ова лепчево само фрли го малку на скара…

-Аааа, не можам, гужва е…

Епизода бр. 5

Охрид, средина на јануари. Семинар во хотел. Единствени гости само учесниците на семинарот. Два дена без греење. Еве ја цистерната со мазут само што не дошла, нè лажеа со денови.

Епизода бр. 6

Ресторан во Охрид. Вечер за натпревари од Лигата на шампиони. Празен ресторан, само на една маса седат двајца. Еден од нив посегнува по далечинскиот за да пушти фудбал на телевизорот. Келнерот, кој претходно немал ни погледнато во телевизорот, се развикува, си го грабнува далечинскиот и враќа на претходниот канал.

Епизода бр. 7

Јуни во Охрид. Полн со Холанѓани. Топло време, убаво, време е за пивце. Завршува уживанцијата, еден домашен гостин бара сметка. Домашниот гостин фрапиран од бројките на фискалната сметка – а келнерот мртов-ладен му одговара: Ќе ги вратиме нормалните цени кога ќе си замине групата од Холандија.

Епизода бр. 8

Три шанка еден до друг. На првиот шанк една пијачка чини 100 денари, на вториот шанк истата пијачка се продава за 200 денари, на третиот шанк за 250 денари. Утредента, наеднаш сите ги израмнуваат цените. На 250 денари.

Епизода бр. 9

Кај снабдувач на големо со пиво, кауција за 4 празни гајби чини 9.000 денари.

Епизода бр…. Треба уште?

Е и тоа е Охрид. На Охрид не му треба негативна кампања за да не им доаѓа никој. Доволни се самите охриѓани.

Извор : Народен Глас
http://www.bezpardon.mk/9-epizodi-od-ohridskoto-letno-sekojdnevie/

Ми се чини дека ова со дебелите вратови е точен муабет. Исто како што сум убеден дека поради неколку локални „матадори„ се шири лош глас за Охрид. Факт е на оние што им успева да не се сретнат со дебелите вратови и другите видови на локална лешинарија си поминуваат супер во Охрид. Јас кога сум таму многу добро знам каде се сместувам , во кои ресторани и на кои плажи одам, со кои таксисти се возам така да супер ми е. Но што се случува со оние кои незнаат тоа е веќе друго прашање. Муабетот ми е самите Охриѓани треба заедно да се изборат против оние кои им го нагрдуваат градот.[DOUBLEPOST=1406395193][/DOUBLEPOST]Молдавски играорки ќе се помочале, кафеанџиите кај Света Софија немале разбирање
прочитано 77 пати
26-07-2014 19:09:34

0 коментари
Се чувствувам посрамена како Македонка, вели скопјанка која долги години живее во Лондон а деновиве е на одмор во Охрид. Настанот на кој таа синоќа била сведок, иако бизарен, ја вџашил, оти, како што вели за Либертас, со него се покажала нашата нељубезност и некоректен однос кон гостите.

Случката била синоќа кај црквата Света Софија. Таа и сопругот биле на концерт и им пришла група од десетина девојки во народни носии. Им кажале дека се од Молдавија и дека пред малку им завршил едниот настап и по паузата ги чека втор. Девојките замолиле да им помогнат каде да најдат тоалет, оти од Струга, каде што биле сместени заминале на настап во 17 часот и веќе имаат потреба од тоалет.

„Се сетив дека кај Горна порта има јавни тоалети и отидовме со нив. Но, таму, црна темница, тоалетите затворени, немаше никој. Мислев ќе нема проблем и ги однесов во кафеаната кај Света Софија. Љубезно му објаснив на газдата, но на мое изненадување добив крајно некоректен и нељубезен одговор – која е мојата корист од тоа што ќе ги пуштам во тоалет, освен што ќе ми потрошат вода и тоалетна хартија. Му понудив да платам, бетер, ми се развика, девојчињата гледаа, ми беше срам како да им кажам за нељубезноста. Пробавме во соседната, одговорот беше ист – не се наши гости. Врткајќи се од една во друга кафеана се појави и организаторот кој ги донел, и тој молеше, нудеше пари, но попусто, кафеанџиите беа крајно нељубезни. На крај едно од девојчињата, веројатно имаше најголема потреба, ме праша, може ли барем само мене да ме пуштат? Ваквиот однос мене како Македонка ме порази, се чувствував понижено од нељубезноста на мојот народ и си мислев – што овие деца ќе кажуваат за Охрид и за нашата нељубезност. Сакаме туристи, охриѓани се жалат дека гости од година во година има се помалку, а не ни помислуваат што тие како домаќини треба да сторат на тие што дошле да им остават впечаток кој би им донел идните години гости“, раскажува нашата соговорничка.

Како што вели таа, сакала да го сподели со јавноста, и иако можеби е минорна работа, вели таа, многу зборува за нас и нашата нељубезност и неподготвеност во светот да се шири приказната за Охрид како туристичка дестинација која вреди да се посети.

0 коментари
http://libertas.mk/молдавски-играорки-ќе-се-помочале-каф/

Читам и не ми се верува но не поради кафеанџиите туку поради организаторот на Охридско Лето заедно до општината. Дали е можно 53 години да се органзиираат настани кај свети Софија а да нема тоалети не само за учесниците туку и за гостите. И после се собираат на разни конференции, трошат време и пари во млатење празна слама а на никој не му паѓа на памет да се зафати со решавње на вакви практични проблеми. Воопшто состојбата со тоалетите во Македонија е таква што сета убавина која можеме да ја понудиме ми се иде да ја повратам во оне малку тоалети што ги има.
 
Последно уредено:

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.205
Поени од реакции
8.946
Интересно е тоа дека се собрале угостителите и заклучиле дека проблемот не лежи во нив туку во гостите па затоа и ги нема :pos:

Ак не ви чинит не идајте :icon_mrgr:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom