9 епизоди од охридското летно секојдневие
ЈУЛИ 26, 2014 17:25
![](http://www.bezpardon.mk/wp-content/themes/komunikacija/scripts/timthumb.php?src=http://www.bezpardon.mk/wp-content/uploads/2014/07/mkd-139780.jpg&w=355&h=210&zc=1)
Категорија:
Македонија
(Нема гласови)
Објавено: јули 26, 2014 во 17:25
Вкупно: 70 прегледи
Автор:
БезПардон.Мк
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, вчера свикал вонредна седница на Локалниот економски совет, тема: слабата туристичка сезона. Се собрале сите – и хотелиери и угостители и концесионери на плажи и новинари и политичари… и заклучиле дека слабата туристичка сезона е последица на „необјективните“ медиумски написи за превисоките цени и за недостатоците во туристичката понуда, кои го нарушиле имиџот на градот.
Тие дури и се согласиле дека цените на услугите во Охрид се прифатливи за секој џеб, и за домашните, и за странските гости.
Дали е баш така?
Редакцијата на МКД.МК досега не влегуваше во натпреварот на медиумите кој ќе објави поскандалозна фискална сметка од охридското крајбрежје. Ама по состанокот на вака високи претставници одговорни за туризмот во Охрид, сега ќе претставиме неколку епизоди од туристичкото секојдневие, раскажани во прво лице. Не е лошо на наредните состаноци на оваа групација високите охридски туристички функционери да го разгледаат и ова.
Епизода бр. 1
Сопственик на мало кафуле, кој со години работи во Охрид, а е од Скопје, решил да не менува ништо во однос на цените. Со години сум во Охрид, имам веќе редовни муштерии, нема зошто, е нормалната логика на секој нормален угостител. Недела-две по почетокот на сезоната бил посетен од група угостители од Охрид, оние со подебелите вратови, и бил предупреден да се придржува кон нивниот договор за цените…
Епизода бр. 2
Гостин од Скопје само што се паркира под една од куќите во Лагадин во која планира да престојува, во првиот ред, најблиску до езерото. Уште нераспакуван, му се приближува човек и му бара 150 денари. Зошто? Па за паркинг и „гратис“ лежалка. Ни фискална каса, ни обележано паркинг-место, ни рампа, ни средена плажа…
Епизода бр. 3
Уште некаде во април, група млади бизнисмени од Скопје одат во Охрид за да ги разгледаат можностите годинава да земат под концесија некоја од плажите. Разгледуваат така по крајбрежјето и пак, еден од оние со подебелите вратови, само поминува покрај нив, онака незаинтересирано и ги прашува:
-Шо прајте?
-Еве, разгледуваме да земеме плажа.
-Ааа, немојте.
-Зошто?
-Ќе имате проблеми со Климе.
-Кој е тој Климе?
-Јас сум.
Епизода бр. 4
Убаво друштво, на ручек кај Свети Наум, прекрасна атмосфера, вкусна храна, ама старо лепче.
-Келнер, ај те молам ова лепчево само фрли го малку на скара…
-Аааа, не можам, гужва е…
Епизода бр. 5
Охрид, средина на јануари. Семинар во хотел. Единствени гости само учесниците на семинарот. Два дена без греење. Еве ја цистерната со мазут само што не дошла, нè лажеа со денови.
Епизода бр. 6
Ресторан во Охрид. Вечер за натпревари од Лигата на шампиони. Празен ресторан, само на една маса седат двајца. Еден од нив посегнува по далечинскиот за да пушти фудбал на телевизорот. Келнерот, кој претходно немал ни погледнато во телевизорот, се развикува, си го грабнува далечинскиот и враќа на претходниот канал.
Епизода бр. 7
Јуни во Охрид. Полн со Холанѓани. Топло време, убаво, време е за пивце. Завршува уживанцијата, еден домашен гостин бара сметка. Домашниот гостин фрапиран од бројките на фискалната сметка – а келнерот мртов-ладен му одговара: Ќе ги вратиме нормалните цени кога ќе си замине групата од Холандија.
Епизода бр. 8
Три шанка еден до друг. На првиот шанк една пијачка чини 100 денари, на вториот шанк истата пијачка се продава за 200 денари, на третиот шанк за 250 денари. Утредента, наеднаш сите ги израмнуваат цените. На 250 денари.
Епизода бр. 9
Кај снабдувач на големо со пиво, кауција за 4 празни гајби чини 9.000 денари.
Епизода бр…. Треба уште?
Е и тоа е Охрид. На Охрид не му треба негативна кампања за да не им доаѓа никој. Доволни се самите охриѓани.
Извор : Народен Глас
http://www.bezpardon.mk/9-epizodi-od-ohridskoto-letno-sekojdnevie/
Ми се чини дека ова со дебелите вратови е точен муабет. Исто како што сум убеден дека поради неколку локални „матадори„ се шири лош глас за Охрид. Факт е на оние што им успева да не се сретнат со дебелите вратови и другите видови на локална лешинарија си поминуваат супер во Охрид. Јас кога сум таму многу добро знам каде се сместувам , во кои ресторани и на кои плажи одам, со кои таксисти се возам така да супер ми е. Но што се случува со оние кои незнаат тоа е веќе друго прашање. Муабетот ми е самите Охриѓани треба заедно да се изборат против оние кои им го нагрдуваат градот.[DOUBLEPOST=1406395193][/DOUBLEPOST]
Молдавски играорки ќе се помочале, кафеанџиите кај Света Софија немале разбирање
прочитано 77 пати
26-07-2014 19:09:34
0 коментари
Се чувствувам посрамена како Македонка, вели скопјанка која долги години живее во Лондон а деновиве е на одмор во Охрид. Настанот на кој таа синоќа била сведок, иако бизарен, ја вџашил, оти, како што вели за Либертас, со него се покажала нашата нељубезност и некоректен однос кон гостите.
Случката била синоќа кај црквата Света Софија. Таа и сопругот биле на концерт и им пришла група од десетина девојки во народни носии. Им кажале дека се од Молдавија и дека пред малку им завршил едниот настап и по паузата ги чека втор. Девојките замолиле да им помогнат каде да најдат тоалет, оти од Струга, каде што биле сместени заминале на настап во 17 часот и веќе имаат потреба од тоалет.
„Се сетив дека кај Горна порта има јавни тоалети и отидовме со нив. Но, таму, црна темница, тоалетите затворени, немаше никој. Мислев ќе нема проблем и ги однесов во кафеаната кај Света Софија. Љубезно му објаснив на газдата, но на мое изненадување добив крајно некоректен и нељубезен одговор – која е мојата корист од тоа што ќе ги пуштам во тоалет, освен што ќе ми потрошат вода и тоалетна хартија. Му понудив да платам, бетер, ми се развика, девојчињата гледаа, ми беше срам како да им кажам за нељубезноста. Пробавме во соседната, одговорот беше ист – не се наши гости. Врткајќи се од една во друга кафеана се појави и организаторот кој ги донел, и тој молеше, нудеше пари, но попусто, кафеанџиите беа крајно нељубезни. На крај едно од девојчињата, веројатно имаше најголема потреба, ме праша, може ли барем само мене да ме пуштат? Ваквиот однос мене како Македонка ме порази, се чувствував понижено од нељубезноста на мојот народ и си мислев – што овие деца ќе кажуваат за Охрид и за нашата нељубезност. Сакаме туристи, охриѓани се жалат дека гости од година во година има се помалку, а не ни помислуваат што тие како домаќини треба да сторат на тие што дошле да им остават впечаток кој би им донел идните години гости“, раскажува нашата соговорничка.
Како што вели таа, сакала да го сподели со јавноста, и иако можеби е минорна работа, вели таа, многу зборува за нас и нашата нељубезност и неподготвеност во светот да се шири приказната за Охрид како туристичка дестинација која вреди да се посети.
0 коментари
http://libertas.mk/молдавски-играорки-ќе-се-помочале-каф/
Читам и не ми се верува но не поради кафеанџиите туку поради организаторот на Охридско Лето заедно до општината. Дали е можно 53 години да се органзиираат настани кај свети Софија а да нема тоалети не само за учесниците туку и за гостите. И после се собираат на разни конференции, трошат време и пари во млатење празна слама а на никој не му паѓа на памет да се зафати со решавње на вакви практични проблеми. Воопшто состојбата со тоалетите во Македонија е таква што сета убавина која можеме да ја понудиме ми се иде да ја повратам во оне малку тоалети што ги има.