Пивофест 2014

  • Креатор на темата Креатор на темата bootboy
  • Време на започнување Време на започнување
Вчера ок ден. Џоук си извирија закон само шо публиката беа ептен дечиња кои го чекаа Кајмакот по нив. И најјако беше то шо на Французинов му требаа цели 50 минути за да ја натера публиката да ги крени рацете во вис, додека на последната песна со бендот дојде Даниелче, му рече само раце горе и сите го послушаа без да преречат :D

Исто и The Toasters си исвирија професионално, весело, само шо немаше публика и атмосфера за истите ко шо доликува. Чат пат си играа по некои дечулиња и така. Другото беше во глобала здрвено, пошто не им ја знаеја музиката, не им ја знам ниту јас ко шо сакам ама не е тоа пречка за човек да не си поигра нели? Али така функционира македонцкото. Што се докажа кога дојде ди-џејката која испопушта се живо и диво познато, за да другиве се израдуваат конечно :D

Вечер ХП се чека и пивофест можи да заврши, барем за мене.
 
Кајмакот Ска панк пееше првата песма.
 
добро сарс што не ви ги донеле, немаше да може да се издржи
 
добро сарс што не ви ги донеле, немаше да може да се издржи
Беа еднаш, пак шо бара :) Барем досега се нема ко шо ме држи меморија (освен Суперхик за кои и не сум баш најсигурен) повторено бенд.
 
САРС треба да забранат да ги пуштаат на границата наша Македонска, напаст се и веќе стварно се досадни, не се издржуваат појче ╒
 
Вечер веројатно че се пија в парк, да не претерувам али после 21 со сигурност, јас можи и порано да појдам, зависи како че се договорам и со домашниве, пошто Хладно Пиво се бендот што се однесува на моментално активините од ју просториве и то.

Има дојдено кајганџии, некои допрва ќе дојдат, ако некој залета, а да не се најавил слободно да дојди во паркот кај Ченто, чунки таму треба да сме. Јас ќе се обидам да носам или Редиохед маица или Џој Дивижн (ако ми ја искинат на свирка :( R.I.P маицата)
Инаку истиов сум на сликава, само тро погрд во живо и без мустајчи.
 
Беа еднаш, пак шо бара :) Барем досега се нема ко шо ме држи меморија (освен Суперхик за кои и не сум баш најсигурен) повторено бенд.

епа што мрчите дека иделе по 100 пати на едно место?
 
Многу "ефтино" :confused:
Пиење за џабе - погледнете колку чини пиво на „Пивофест“

  • Скопско точено 4 х 0,4л + 2 гратис – 200 ден.
  • Скопско точено 0,4л – 50 ден.
  • Скопско лименка 0,5л – 60 ден.
  • Скопско радлер лименка 0,5л – 50 ден.
  • Heineken лименка 0,5л – 100 ден.
  • Amstel лименка 0,5л – 70 ден.
  • Скопско пластика 1,5л – 150 ден.
  • Горско пластика 1,5л – 100 ден.
  • Златен Даб точено 0,4л – 50 ден.
  • Златен Даб пластика 1,5л – 200 ден.
  • Туборг точено 0,4л – 100 ден.
  • Туборг лименка 0,5л – 100 ден.
  • Крали Марко пластика 1,5л – 150 ден.
  • Ердингер точено 0,5л – 120 ден.
  • Ердингер точено 0,3л – 80 ден.
  • Ердингер шише 0,5л – 150 ден.
  • Staropramen точено 0,5л – 90 ден.
  • Staropramen лименка 0,5л – 90 ден.
  • Stella Artois лименка 0,5л – 120 ден.
  • Kamenitza точено 0,5л – 50 ден.
  • Kamenitza лименка 0,5л – 50 ден.
  • Kamenitza пластика 1,5л – 150 ден.
 
епа што мрчите дека иделе по 100 пати на едно место?
Не дека беа лани во Прилеп на базен и дека 100 пати дошле во Македонија досега....

Иначе, @turvior Суперхикс досега биле 2 пати, мислам дека две години со ред беа, 2010 и 2011, ама сепак беше ептен јако и двете години.

Вчера катастрофа беше според мене, иако музиката беше океј. Joke ги ставиле пред Кајмакоски и на еден возрасен човек имаше 10 сонциња :facepalm:. Toasters ништо посебно, а и немаше ич гужва како други години, можеше слободно да трчаш пред бина. Не знам кој генијалец ја осмислувал програмата, ама како можи во една вечер да биди Кајмакоски, ска-бенд, Joke и диџејка:eek:? За вечер немам големи очекувања, пошто не ги слушам Хладно Пиво, ама се надевам со Кајганџии барем добро ќе си поминеме.

Општо целиов фестивал вчера ми делуваше на селски панаѓур. Не се добројуваше колку трубачки оркестри имаше, на полно штандови имаше поставено синтисајзерски ансамбл и некоја пејачка довлечкана од Песјобрци, повеќе тезги за играчки и светилки од штандови за пиво, па капак на се беа тие досадните со пивата, на секои 3 минути се влечка бате со ранец до тебе и ти нуди пиво. Не, не сакам пиво, ако сакам ќе појдам да си купам ебате. Луна-паркот е посебна приказна.....јас сум разочаран, јас сум максимално разочаран.
 
Прв ден на кратко за тие што пропуштија :D

епа што мрчите дека иделе по 100 пати на едно место?
епа што мрчите дека иделе по 100 пати на едно место?
Ednoto mesto ti e Makedonija, koja vo eden period im bese maticna zemja. Ako nekoj ne gi gledal vo tie svirki vo razmak od 10 dena , ne znam koga ke gi naceka pak. Zacestenosta na nastapite i ponatamu ne go negira faktot deka se glup bend (po moe).

(sizvinuvam za latinica, ne sum doma)
 
Едно прашање.. ова возов што е вечер е бесплатен за сите или само за студенти до 26 години?
 
Едно прашање.. ова возов што е вечер е бесплатен за сите или само за студенти до 26 години?
Ваљда е за сите. Вака пиши
Сите посетители од другите градови кои се до 26 години можат да присуствуваат на Пивофест со возовите на Македонски Железници со бесплатен билет. Сѐ што треба да направат е на благајната да ја покажат нивната лична карта и со тоа ќе добијат гратис билет.
Значи вика сите посетители плус само лична карта ако беше и за студенти ќе бараа и индекс ;)
Уствари ти порано си пишал конкретно за денес така да имаш веќе дознато :icon_lol:
 
Па ја би ги сакам овие за в година имаат добри преработки и добра забава прават со Бркови заедно :icon_lol:.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom