Скутерчиња: Се за и околу нив

  • Креатор на темата Креатор на темата _FireFox_
  • Време на започнување Време на започнување
Имам проблем со скутерот баотиан 125 ка не беше пален 4-5 месеци и денес го запалив и работи ама кога му давам гас бучи и не се врти задното тркало и гасне . што е работата?

Дали гасне откако ке загрее убаво машината?ако гасне најверојатно е нешто до карбураторот. А за тркалото провери ламелата и каиш.

За колку ке ми се зголеми потрошувачката скутерот да го направам од 50 на 80цц.И дали вреди да го направам (кинески скутер) Намерата ми е да добијам на старт а за крајна брзина многу многу не ми значи (60км на час ми се сосема доволно)

Ако сакаш да биде стартна не се мачи премногу и онака еден кит ке те коштка 4000-5000ден за 150 евра можеш да земеш yamaha jog крајна брзина е 60 но се стартни бидејки се двотактни. и за нив имаш поголем избор на китови, така да може да се зголеми и крајната брзина.
 
Имам проблем со скутерот баотиан 125 ка не беше пален 4-5 месеци и денес го запалив и работи ама кога му давам гас бучи и не се врти задното тркало и гасне . што е работата?
исто прашање во 2 теми си го поставил... ти одговорив во другата.
 
имам скутер хамачи (yy50qt) и со тек на времето се смени бучењето 4тактен е и сега брчи како 2тактен некако, и не оди толу поран 75 качуваше сега 65 едвај до што може да е
 
Остана уште малце од моторчево во врска со средување со електрониката пред да почнам да го правам 80цц и други работи :D. Па вака....
Значи расипано беше автоматчето за палење и реглерот, назад жичката како што кажав беше скината па ја споив но излезе џекот со 2 пина на кој не знам кај му е местото и мислам дел од работата ми ја кочи. Ги заменив денеска реглерот и автоматчето за палење и моторот си стартуваше на копче, со позиција кратко и долго средив, десната рачка со команди е исправна. Е сега остана уште левата рачка со команди. Копчето за свирка работи, за жмигавци и тоа но има проблем кој не е од командата него не знам ни јас па затоа да прашам. Кога ќе е исклучен моторот (на исклучен мислам не е запален но има контакт) и дадам команда надесно жмигавците трепкаат, исто и кога е запален, од левата страна кога е исклучен свети само напред, а назад изгледа дека не е џекот поврзан и не свети. Но тука е целиот проблем. Кога давам команда налево на исклучен мотор се слуша некое чукање кај машината од моторот како некое реле, ова само кога задавам команда налево. Остај што чука, кога ќе го запалам моторот се пушта левиот жмигавец (без зададена команда) постојано без да трепка и сијаличката на шал таблата. Значи остана уште тој проблем, па доколку можи некој нека ми поможи. Пробав со друго автоматче од исправен мотор но истото се дешава, претходното беше исправно но го цркнав додека беше зафаркнат реглерот.
 
Kazete nesto poveke za: Aprilija,Yamaha,Gilera-potrosuvacka,moknost i + vase iskustvo

Aprilia SR 50 имам, и ми делуе како да троши троа повеќе. Секогаш ставам фиксна сума на бензин(300 денари), и секогаш го полнам на 105-110км. Можам да кажам дека 3л/100км сигурно троши, а можно е и повеќе. :cautious:

Според сообраќајнава
Година на производство - 2012
Сила на Мотор KW - 2.7
Раб. зафатнина - 49cc3
Маса на празно возило - 108кг.
 
Aprilia SR 50 имам, и ми делуе како да троши троа повеќе. Секогаш ставам фиксна сума на бензин(300 денари), и секогаш го полнам на 105-110км. Можам да кажам дека 3л/100км сигурно троши, а можно е и повеќе. :cautious:

Според сообраќајнава
Година на производство - 2012
Сила на Мотор KW - 2.7
Раб. зафатнина - 49cc3
Маса на празно возило - 108кг.
Фала ти ;)(y) PS:Ми требаат повеке информации за да можам да го убедам таткоми да неми купува Кинески :гомце: :mad: .Инаку ми се допаѓа Yamaha Aerox :vozbud::cool:
 
Имам Keeway 4T 50cc, иде 55 макс, логично.

Ако стаам Untitled.png

ќе иде ~80, simple as that?
 
Kazete nesto poveke za: Aprilija,Yamaha,Gilera-potrosuvacka,moknost i + vase iskustvo


Сите се тука некаде со се, и со потрошувачка и сила а и цена , Априлиата е само некои 200 евра поевтина, а другиве две ти се иста цена... Аерокс е најдобар избор, ако збориме за нов, а ако си за половоен зависи какво ке најдеш т.е од состојбата на моторчето нели како е чувано и слично
 
Сите се тука некаде со се, и со потрошувачка и сила а и цена , Априлиата е само некои 200 евра поевтина, а другиве две ти се иста цена... Аерокс е најдобар избор, ако збориме за нов, а ако си за половоен зависи какво ке најдеш т.е од состојбата на моторчето нели како е чувано и слично
По се изгледа ке биде Malaguti f15 дали направив добар избор??:unsure::confused:
 
Решаваш еден проблем се јавува друг, изгледа направен намерно.

Пред да го однесам на мајстор моторот да ми ги средат жмигавците од лева страна одеше 55-60, кај иглицата немаше федерче но се си беше ок со гаста, моторот ни ми гушеше ни ништо. Е сега „мајсторчево“ решило да го „попрајт“ и ми стај некој си федер и моторов до 30км си е ок па после нагло ми гуши, го извадив федерот но истото е, а и непали одма. Ја исчистив свеќицата и моторот се запали но пак гушеше. После неколку палења пак не палеше па ја исчистив уште еднаш и запали. Му отидов таму и ми се праеше наудрено демек врска нема шо му е. Го прашав зашто ми е отваран кај деклата и рече ми штелувал вентил. Па кажете некое мислење доколку знае некој пред да отидам и да ја направам големата :mad:
 
Дечки сакам да земам нешто поголемо па моево да го дадам. На него имам сменето: комплет лагери фаг во пренос, поверлинк каиш, варијатор, леќа има ставено за светло, ауспух технигас и други ситници. Ме интересира дали може да го продадам 350 евра(без куферот)?Еве и слики




 
Каков сервис редовен треба да се направи на скутерот на поминати 300 километри пишуваше во прирачник ама го загубив
 
Има некој Механичар што се разбира во штелување на палењето/магнет на скутерче за мал совет?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom