Бендот на Sussaro против Мизар. Море, тепаат Сусаровците, макар и во дуел со ѕвездата Мизар.
Се разбира, се работи за надпросечен бенд, на светско ниво. Веројатно се работи за најдобриот бенд на сите времиња во Сончевиот Систем, со тенденција да бидат најдобри и во Кумовата Слама, ако продолжат да ги слушаат искомплексирани тинејџерки кои го менуваат светот додека на одмор пушат трева спремајќи се за следниот час во Лазар Личеноски, образовно - менталната институција.
Ништо како фан база на бенд чија омилена песна е I need a friend (рефренот), преработката од Black токмакот.
За разлика од нив, Мизар ми се понедостапни. Keepers of the Byzantine spirit. Не се за секого, и не се за општо. Онака, специфика чиста. „уа попој“ од 90тите, ама сепак, во корелација со Арангел, I chose Чапоски. D