Драга Кајгана,
Ова е чудесен свет.
Пред некаде две и пол години се шетав со кучето по паркот, летна приквечерина со време кое што беше невообичаено ладно за годината слично како денеска, слушалките во уши и ја правам дневната рутина.
Дури и се сеќавам на
песната која што одеше во моментот кога ја забележав ситуацијата за прв пат.
Дечко и девојка во рани дваеесети, седат на клупа и нешто разговараат. Девојката гледа во земја и ги трија малите рачиња, младичот одвреме ја загледува како реагира во неа и подголтнува додека разговара и се смее вештачки.
Слатко за старо магаре како мене и малку интересно (не дека не се стопувам на прв дејт и јас), ама ова се гледа дека се фини, млади и неискусни дечиња и се напнати.
Заминав со кучето и поминав малку намерно покрај нив колку да ја направам ситуацијата малку поприродна и намерно му кажувам дека кучето е мирно и дека сака да си игра.
Пошто имам пресватко кученце кое го купив специјално за жени чарење на парк почнаа да го галат и малку се опуштија и двајцата.
Да не им пречам ги оставив и им посакав пријатна вечер со коментар дека е ладна вечерта.
По некое време врвам во близина и малку разочарувачки гледам дека девојката седи на едниот крај на клупата, додека дечково на другиот и едвај зборуваат.
Се приближив пак суптилно и сега го пуштив кучето од ремче кое веднаш отрча кај нив и почна да си игра.
Со извинување појдов и почнав да го врзувам кучето и му ја раскажав најчудната приказна која што ми текна во моментот.
Му кажав дека од постари сум чул дека во паркот живее голем лилјак со големина колку штрк кој што знае да прелетува и понекогаш да напаѓа луѓе.
Последен пат е забележан пред неколку години уште кога паркот не беше реновиран и најверојатно е умрен, ама како легенда се раскажува помеѓу чуварите на паркот.
Потоа го прашав културно момчето дали можам да седнам само за момент и да си врзам чевлите од патиките и гледав да го турнам сосем блиску до девојката која што беше малку заплашена од приказната за лилјакот.
Станав од клупата им се заблагодарив и пак напоменав дека е премногу ладно вечерва и најверојатно уште еден круг и ќе одам да се гушнам со кучето во кревет дома и гледаме филм.
Дечкиве почнаа да се смеат и ме поздравија уште еднаш најверојатно помислувајќи дека сум некој чудак и со коментари за мене.
Третиот пат поминав долу по патеката и видов дека дечково ја гушнал девојката и веќе се топат првите бакнежи.
Си заминав задоволен дома.
Вчера одам на парк одново да го шетнам кучето и ги гледам истиов пар со мало дете и количка со близначиња.
Ми се наполни срцево како да ми се блиски, требало да ме викнат за кум.
Се надевам дека ќе ги гледам на МТВ во емисијата "Време е за Бебе" каде што има фамилии наши и ќе ме спомнат како витален фактор за нивното запознавање.