Во жалосна Македонија, крштевањето се извршува на ниска (бебешка, детска...) возраст, така да тековно тешко дека ќе најдеш иден сопружник, кој иако тврди дека е атеист, сепак е крстен, сакал тој или нејќел. Затоа и напишав дека ако еден од идните сопружници е атеист, тоа е помал проблем, оти тој проблем е решен со крштеницата, иако сопружникот за себе може да каже дека е ѓоамити атеист.
Кој е тврдокорен атеист, ионака нема да влезе во црква да се венча, туку само во „матично„. Тоа беше пракса во децениите под „комунизмот„.