Прашање за Христијанството III

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
„Црквата општо„ е преширок поим. Мене ме занима мојата Црква, а не било која.
Црквата е една, света, соборна и Апостолска, а не подвоена.[DOUBLEPOST=1405031745][/DOUBLEPOST]

Да, исправно е. Што е спорното?[DOUBLEPOST=1405031790][/DOUBLEPOST]

А каде пишува дека им било забрането да јадат?
Јас си го кажав своето. Нема никаков спор, едноставно за мене е глупост, за тебе е нормално и крај. Да беше спор ќе требаше да бараме (заедничко) решение.

Ај да не барам низ Библијата. Мислам дека Матеј рекол (сте чуле дека било речено)“око за око, заб за заб“. А Исус рекол “Сакајте си ги непријателите“. Дали можеш малку да појасниш. :)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ај да не барам низ Библијата. Мислам дека Матеј рекол (сте чуле дека било речено)“око за око, заб за заб“. А Исус рекол “Сакајте си ги непријателите“. Дали можеш малку да појасниш. :)
Начелото „око за око„, заб за заб„ е одмазничко начело, каде на едно нанесено зло, злоставениот имал право да возврати, но со иста мерка: колкаво зло му е нанесено, со исто толкава одмазда смеел да возврати, но не и повеќе. Ова начело е старозаветно.

Начелото „Сакајте ги непријаелите„ е нозозаветно и во голема мерка ја исклучува одмаздата, а тоа значи дека сам Бог ја заменува одмаздата со простувањето па затоа Он и вели дека треба да ги сакаме непријателите. Тоа „сакање„ не е проста наивност, туку давање можност на непријателот да се вразуми и самопоправи и да престане да чини зло, односно „сакањето„ Не е толку „сакање„ па дури и сакање на непријателите, колку лична потреба и намера да не бидеме слични со нашите непријатели во нивната намера да (ни) сторат зло.
 
Со воведувањето на новиот завет пред стариот, значи дека сите (или речиси сите) старозаветни правила излегуваат од игра? Нормално само оние кои ги има во стариот, а ги нема во новиот се уникатни и затоа напишав “речиси сите“.
Па потоа муслиманите ќе ја пречитуваат Библијата 10.000 пати со цел да најдат уште некоја контрадикторност и со самото тоа го зацврсуваат Исламот. Затоа сметам дека треба да се изучува само новиот завет. Но не сум верник и не се мешам, само си го кажувам она што го мислам и според мене е многу логично и исправно.:)

Ок. А ова „Оној кој пребива во љубовта, пребива во Бога и со Бог во него„. Јован 4,16
Првото знам се однесува на една норма од 10-те Божји заповеди, но тоа “Бог во него“ ми боде очи. Дали нашиот мозок (општо човечкиот) е тој Бог? Јас мислам да. :)
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Ме интересира конкретно за православната македонска црква. Дали е можно венчавање во црква ако мажот е православец а девојката има друга религија или воопшто нема религија???

Молам одговори од луѓе кои се упатени во тематиката.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.609

Не.
Мора младоженецот и невестата да бидат крстени. Мислам дека прифаќаат крстени во католичка црква. За другите цркви не знам. Кумот исто така треба да биде крстен.
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Не.
Мора младоженецот и невестата да бидат крстени. Мислам дека прифаќаат крстени во католичка црква. За другите цркви не знам. Кумот исто така треба да биде крстен.
Благодарам за одговорот. За кумот имам случај кога тој е крстен во католичка црква ама македноска католичка и без проблем крштеваше во православна црква, така да мислам дека тоа не е проблем.
Исто позвавам случај кога младоженецот е хрватски католик а невестата македонска православка и без проблем се венчаа во католичка црква.
Како што велиш проблем е ако партнерката не е крстена во православна или католичка црква, така да секоја варијанта во тој случај отпаѓа.

Добро, а како е со крштевањето на децата во православна црква ако родителите се од различни религии?
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.609
Добро, а како е со крштевањето на децата во православна црква ако родителите се од различни религии?
Е тоа, ќе ти одговори некој друг.
Јас мислам дека доволно е кумот да биде крстен.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
[DOUBLEPOST=1405253662][/DOUBLEPOST]
Добро, а како е со крштевањето на децата во православна црква ако родителите се од различни религии?
Тоа не е потребно,ниту е нужно.Детето и да расте некрстено,воопшто нема да му смета за неговиот развој,туку доколку детето се присилува за крштевање тоа е еден огромен стрес за него.Треба да им се дозволи на децата да го имаат својот избор,кога ќе потпораснат и кога ке бидат свесни и доколку изразат желба да бидат дел од христијанството тогаш да бидат крстени.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.369
Поени од реакции
84.609
[DOUBLEPOST=1405253662][/DOUBLEPOST]Тоа не е потребно,ниту е нужно.Детето и да расте некрстено,воопшто нема да му смета за неговиот развој,туку доколку детето се присилува за крштевање тоа е еден огромен стрес за него.Треба да им се дозволи на децата да го имаат својот избор,кога ќе потпораснат и кога ке бидат свесни и доколку изразат желба да бидат дел од христијанството тогаш да бидат крстени.
nope
Родителот е одговорен за тоа дете. Негова должност се одлуките кои се за доброто на детето. Тоа е сеуште мало и не може самото за себе да ги донесува правилните одлуки.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
nope
Родителот е одговорен за тоа дете. Негова должност се одлуките кои се за доброто на детето. Тоа е сеуште мало и не може самото за себе да ги донесува правилните одлуки.
Не,на тоа треба еднаш да му се стави крај,никое дете да не биде крстено уште малечко,бидејќи тоа е нехуман чин.Ако си ја читал Библијата ниту Исус Христос,ниту Апостолите не крштевале мали малолетни деца.Тие ги повикувале луѓето да се покајат,да поверуваат па ондак да се крштеваат.Кога децата ќе пораснат односно кога ќе станат возрасни луѓе кои ќе можат самите да одлучуваат негде после својата 16-18 година,тогаш ќе можат да се покајат свесно,да ја исповедаат своја вера во Господ Исус Христос па тогаш да се крштеваат,бидејќи крштевањето е печатот на верата,а секој печат се става на крајот.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Благодарам за одговорот. За кумот имам случај кога тој е крстен во католичка црква ама македноска католичка и без проблем крштеваше во православна црква, така да мислам дека тоа не е проблем.
Исто позвавам случај кога младоженецот е хрватски католик а невестата македонска православка и без проблем се венчаа во католичка црква.
Како што велиш проблем е ако партнерката не е крстена во православна или католичка црква, така да секоја варијанта во тој случај отпаѓа.

Добро, а како е со крштевањето на децата во православна црква ако родителите се од различни религии?
Нема врска. И татко ми беше кум, а не е крстен. :)

И ќе се обидам да ти одговорам на прашањето.
Јас се би сведол на договор затоа што религијата се прифаќа и се одбива. Ако мајката и таткото се сложат да детето се крсти во православна црква, јас не гледам никаква пречка да се изврши крштевката.
Исто е и за венчавката. Не гледам зошто би имало проблем. :)
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Исто е и за венчавката. Не гледам зошто би имало проблем. :)
И јас не гледам проблем но очигледно како што кажа некој погоре црквата има проблем со венчавање ако едниот брачен другар припаѓа на друга религија или не е религиозен.
 
Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
@Bog , ова сакав да те прашам..

Дали Католиците, Православните, Протестантите, Јеховините итн итн.... се Христијански СЕКТИ? Или благо(ретардирано) кажано - "независни" христијански цркви. Ејјј ало, НЕЗАВИСНИ... уствари капиталот не го делиме со други, а за изговор нека седи дека имаме некој мини разлики во целата приказна.
А приказнава ти е производ од ВЕРБАТА во Исус :)

Ево јас ги нарекувам Католици. ДОБРООО.. АМА шо се то Католици во суштина? Браќата бегаат од вољјата и моралните верувања за Православието... датуми, празници, имиња, градби, техника за крстење.. и уште во колку други работи има разлики?

Да ги викаме Секти, шо мислиш?
 
Bog

Само Бог може да ме суди
Член од
3 мај 2014
Мислења
736
Поени од реакции
306

Николчо, нели редно е да одговориш ти прв на поставено прашање и тоа многу одамна, вака очекувате одговори а вие не сакате да одговарате.

Па зарем мислите дека ние сме глупи и требе да правиме само тоа што ви одговара на вас.

Ајде прво ти одговори на моето прашање До модераторот, па после ќе добиеш соодветен одговор на твоето.
 
SuBZerO

Бигус Дикус
Член од
26 јануари 2007
Мислења
3.862
Поени од реакции
4.814
I jas go cekam odgovorot.

Дали Католиците, Протестантите, Јеховините итн итн.... се Христијански СЕКТИ?

PS:Kopirav od Nikola poso nemam MK font.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom