СП 2014 - ФИНАЛЕ | Германија - Аргентина | 13.07.2014 (21:00) Маракана -Рио де Жанеиро

  • Креатор на темата Креатор на темата Rigel Kent
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи во финалето ?


  • Вкупно гласачи
    183
  • Гласањето е завршено на .
Јас па не се согласувам ни со тебе ни со @Коњаникот Сабја . Тој вели преморен бил Меси. Бекенбауер, Марадона, Пеле, Зидан, Роналдо... не биле преморени кога освојувале трофеи. Па имал точни пасови и останата тики-така статистика. А бе луѓе, големината се покажува кога е најпотребно, во големи натпревари. Не се покажува со факинг Иран, Босна и Нигерија. Меси не е лидер и тоа е тоа. Играч со негов капацитет треба да знае да си ја мотивира екипата и на терен да гине за секоја топка, за истото да го прават и соиграчите. Тој освен по некој дриблинг и пас ништо не направи во завршната фаза. Ебено ништо.

Многу брзо заборавате некои работи...Меси и тоа како е лидер..можеби не го покажа тоа на овој натпревар но претходно на 15 други битни,пребитни дуели за Барселона го носеше тимот на грб и постигнуваше голој во најбитни утакмици за клубот..двете финалиња тој ги реши само да те надополнам..во не знам колку дуели со Реал Мадрид каде решаваа титули даваше голој..проблемот е тоа што Меси не му се трча воопшто и не е физички спремен..тоа е проблемот
 
Меси има уште многу да биде рамо до рамо со Пеле, Зидан и Марадона, не зафркавајте.
 
а Кедира бе... цела сезона повреден се враќа за финале на Лига Шампиони, цела светско го игра, се повредува пред финале. ... животиште што ти е. :icon_mrgr:
 
Дојче машине , класика , поезија , нема збор што може да се опише таа генерација. Буквално знаев уште од почетокот дека ќе тргнат до крај , ќе гризат секоја минута во секој натпревар. До сега во мојата 12-13 годишна кариера на гледање фудбал немам гледано толку емотивна и толку страсна утакмица. На крајот заплакав за Меси иако навивав за Германија , штета за таков играч што остана без таков трофеј. Да има како да ми се избрише од меморијата и да гледам пак , го сакам пак тоа чувство од сношти.

И да , само жал ми е што ставив малце пари , требаше да пукам повеќе. :)

Прегледај го приврзокот 97552

Шо прајте со сликава бе на фб ја видов едно 10 пати , исто и во една група на фб со име "Типови, Предлози, Анализи, Дојави..." Ќе се одлучите од кој се тикетиве???
Инаку честитки за Германија , добро финале и заслужена победа.
 
Многу брзо заборавате некои работи...Меси и тоа како е лидер..можеби не го покажа тоа на овој натпревар но претходно на 15 други битни,пребитни дуели за Барселона го носеше тимот на грб и постигнуваше голој во најбитни утакмици за клубот..двете финалиња тој ги реши само да те надополнам..во не знам колку дуели со Реал Мадрид каде решаваа титули даваше голој..проблемот е тоа што Меси не му се трча воопшто и не е физички спремен..тоа е проблемот

Човекот збори за лидер во Аргентина,не мешај сега Барса каде што во претходните години имаше одлични соиграчи и играчи во форма.
 
Јас па не се согласувам ни со тебе ни со @Коњаникот Сабја . Тој вели преморен бил Меси. Бекенбауер, Марадона, Пеле, Зидан, Роналдо... не биле преморени кога освојувале трофеи. Па имал точни пасови и останата тики-така статистика. А бе луѓе, големината се покажува кога е најпотребно, во големи натпревари. Не се покажува со факинг Иран, Босна и Нигерија. Меси не е лидер и тоа е тоа. Играч со негов капацитет треба да знае да си ја мотивира екипата и на терен да гине за секоја топка, за истото да го прават и соиграчите. Тој освен по некој дриблинг и пас ништо не направи во завршната фаза. Ебено ништо.

Не можеш да го тврдиш ова , бидејќи онаков состав на Аргентина без плеј , тој успеа да го поврзе , се враќаше назад да прими топка и додаваше до Лавеци , Игуаин, Перез . А тоа дали е лидер како Маскерано да мотивира , можеби не , но сиот респект го има од соиграчите бидејќи знаат дека тој е најдобар и во него цела земја ја гледа шансата за титула.
 
Меси има уште многу да биде рамо до рамо со Пеле, Зидан и Марадона, не зафркавајте.

Пеле мрсулот играше во Сантос ни виден ни чуен и постигнуваше успеси каде што никој не знаеше да игра фудбал..секој чоек што се разбира од фудбал знае дека Пеле е никој и ништо во споредба со Марадона па дури и Меси бидејќи не е благодарно да се споредува тој никаков фудбал со денешниот...

Зидан беше играчина,прав виртуоз со топката но нешто заборавате околу Зидан...јас се сеќавам имаше премногу слаби утакмици и се влечеше по теренот плус во бројки,голој,асистенции е многу многу зад Меси и во било кое поле бидејќи никој досега не доминирал како Меси..

За Марадона немам што да кажам бидејќи не го гледав..

Не ги оспорувам овие фудбалски легенди бидејќи јас сум никој и ништо...а ниту го бранам Меси бидејќи не заслужува поради неговиот пристап...но чоекот верувај е рамо до рамо со нив и за 20 години сите ќе го спомнуваат како што ги спомнуваат овие набројаните...
 
Човекот збори за лидер во Аргентина,не мешај сега Барса каде што во претходните години имаше одлични соиграчи и играчи во форма.

Меси играше и одлично во Аргентина тој период кога газеше во Барселона само што среќата не го следеше јбг....во овој момент во каква физичка состојба е неможи да биди лидер на Пелистер не пак на Аргентина..ама минатото никој неможи да го избриши и бројките и игрите седат зад него..Плус Барселона без него не беше таа Барселона бидејќи сепак Меси беше лидерот и најдобриот играч во тимот и ги гледав на многу натпревари без Чави и Иниеста и повторно Меси ги решаваше....тоа се увиде на завршницата од ЛШ во 2013 кога Барселона беа без Меси и ги виде шо ги снајде
 
Дојче машине , класика , поезија , нема збор што може да се опише таа генерација. Буквално знаев уште од почетокот дека ќе тргнат до крај , ќе гризат секоја минута во секој натпревар. До сега во мојата 12-13 годишна кариера на гледање фудбал немам гледано толку емотивна и толку страсна утакмица. На крајот заплакав за Меси иако навивав за Германија , штета за таков играч што остана без таков трофеј. Да има како да ми се избрише од меморијата и да гледам пак , го сакам пак тоа чувство од сношти.

И да , само жал ми е што ставив малце пари , требаше да пукам повеќе. :)

Прегледај го приврзокот 97552
Уште на некоја тема стави ја сликава и ќе ти се деси една магија.
 
Стигна до финале и не успеа , се гледаше дека сеедно му е за наградата за најдобар играч , кога не успеа најважното , а тоа е да ги израдува своите навивачи .
Не успеа. А и до финалето стигна на пенали. Можеше и да не стигне. Значи дупка.
Сега дека му било тешко разбираме, на секој би му било тешко. Но се памтат победниците. Нема простор за изговори. Блиску бил па не успеал. Ене го Робен, секогаш е блиску.
 
Меси играше и одлично во Аргентина тој период кога газеше во Барселона само што среќата не го следеше јбг....во овој момент во каква физичка состојба е неможи да биди лидер на Пелистер не пак на Аргентина..ама минатото никој неможи да го избриши и бројките и игрите седат зад него..Плус Барселона без него не беше таа Барселона бидејќи сепак Меси беше лидерот и најдобриот играч во тимот и ги гледав на многу натпревари без Чави и Иниеста и повторно Меси ги решаваше....тоа се увиде на завршницата од ЛШ во 2013 кога Барселона беа без Меси и ги виде шо ги снајде
минато свршено време
тука се збори за тоа како изигра на првенствово, со што заслужи дабиде прогласен за најдобар играч? на стара слава?
 
Шо прајте со сликава бе на фб ја видов едно 10 пати , исто и во една група на фб со име "Типови, Предлози, Анализи, Дојави..." Ќе се одлучите од кој се тикетиве???
Инаку честитки за Германија , добро финале и заслужена победа.

:pos::pos::pos:

Не ми се верува еј , озбилно ова? Моја е сликата и листовите , само што свирна судијата крај и ја објавив. Јако сепак. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom