СП 2014 - ФИНАЛЕ | Германија - Аргентина | 13.07.2014 (21:00) Маракана -Рио де Жанеиро

  • Креатор на темата Креатор на темата Rigel Kent
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе победи во финалето ?


  • Вкупно гласачи
    183
  • Гласањето е завршено на .
Каде бе Аргентина без Карлито? :icon_mrgr:
Се на се, заслужена титула за Германија, иако пола од натпреварите на првенствово ги играа со глупа формација и малце фалеше да испаднат, сепак последните натпревари кажаа зошто беа фаворити за освојување на трофејот. Реално заслужија титула оние играчи од генерацијата 2004, и греота ќе беше ако и овојпат им се лизнеше титулата од раце, земајќи го фактот што за СП во Русија некои од нив нема ни да бидат повикани да играат за репрезентацијата со оглед на годините што ќе ги имаат.
Од друга страна, Аргентина апсолутно ништо не покажа на Светсково, незнам ни како се довлечкаа до финалето... фалеше уште да го освојат, и телевизорот ќе леташе низ прозор :icon_mrgr:. Меси + Златната Топка = Резил... ама добро, научени сме последниве години ФИФА да прави ујдурми, ама се ова ќе се заборави за неколку месеци. Овој Филе не е со сите, Германија имала само една титула Шампион на Светот, Рицоли бил крив, Меси е Бог и никој друг... дефинитиво летнал со паметот овој... добро одамна е летнат, ама ова веќе ги надмина сите граници. Штета што не е активен веќе на форумов, добри закачки ќе паѓаа со него :icon_lol:.

Лепотанов премногу фалеше во Аргентинскиот дрес, само будала од типот на Сабеља не би го земал во тимот.... што кур ако имаш нарушени односи со него, ти си тука да го составиш најдобриот тим, а не да тераш криви дрини со фудбалерите да те е.ам. Таман ја поврати формата, тој го изоставува од тимот.... Ако ништо друго, Тевез како ништо ги решаваше оние ситуации од типот кога Игуаин сам излезе со Ноер, или пак кога топката дојде до Паласио, и овој проба да го лобува голманот:facepalm: Тоа е, башка многу ме интересира што ќе каже Марадона шмркачот за натпреварот вчера

tevez-scar.jpg


Абе лепотан :love:
 
Дојче машине , класика , поезија , нема збор што може да се опише таа генерација. Буквално знаев уште од почетокот дека ќе тргнат до крај , ќе гризат секоја минута во секој натпревар. До сега во мојата 12-13 годишна кариера на гледање фудбал немам гледано толку емотивна и толку страсна утакмица. На крајот заплакав за Меси иако навивав за Германија , штета за таков играч што остана без таков трофеј. Да има како да ми се избрише од меморијата и да гледам пак , го сакам пак тоа чувство од сношти.

И да , само жал ми е што ставив малце пари , требаше да пукам повеќе. :)

germany.jpg
 
Кој беше најдоминантен од сите на светсково @Rigel Kent :pos:
 
Кој беше најдоминантен од сите на светсково @Rigel Kent :pos:

Германија .
Немам јас комплекс да признаам дека тоа е Германија ниту сум хејтер . Тоа е вистината , Германија најмногу покажа на ова првенство.
А тоа што го хејтате Меси е без врска , иако не е во најдобра форма сепак на ова првенство го даде својот максимум , како по фазата по групи , така и во нокаут фазата. Ова му беше прво првенство како капитен и достојно си ја заврши задачата. За жал не се искористи оваа генерација на Аргентина за поголем успех , наредно првенство само Меси и Ди Марија евентуално Игуаин ќе останат во селекцијата , но се надевам ќе се појават други млади таленти кои ќе го заменат остатокот на тимот.
 
Последно уредено од модератор:
:coffee:
Сеуште не ми се верува дека Аргентина не победи.... :(:)
 
Германија .
Немам јас комплекс да признаам дека тоа е Германија ниту сум хејтер . Тоа е вистината , Германија најмногу покажа на ова првенство.
А тоа што го хејтате Меси е без врска , иако не е во најдобра форма сепак на ова првенство го даде својот максимум , како по фазата по групи , така и во нокаут фазата. Ова му беше прво првенство како капитен и достојно си ја заврши задачата. За жал не се искористи оваа генерација на Аргентина за поголем успех , наредно првенство само Меси и евентуално Игуаин ќе останат во селекцијата , но се надевам ќе се појават други млади таленти кои ќе го заменат остатокот на тимот.
Добро бе ок е шо се нервираш толку,го браниш Меси ко роднина да ти е.Заврши светсково ајде,прај нешто попаметно сега од тоа да се нервираш.И друго јас не хејтам никого,едноставно си навивав и си типував на Германија.
 
Ако има нешто што ми се допаѓа кај германците тоа им е моментот кога им оддадоа почит на поразените после секој добиен меч. Добро знаат дека извојуваното го добија со голема мака и во ситуации кога беа на раб на распаѓање. Не се дрзнуваа да се ситат и не се курчеа со изјави како се најдобрите, сак ит хејтерс. Посебно признание до Швајнштајгер и неговите гестови кон капитените на поразените.

На следното европско првенство верувам дека Германија ќе атакува кон обединување на двете титули, можно е и некои од ветераните да се борат и на тој шампионат. А за следното светско, не знам дали Германија ќе ја одбрани титулата или ќе ја снајде судбината на освојувачите на претходните светски, ама едно е сигурно-титулата ќе си остане во Европа.

Стерјов спомна дека доколку италијански судија го суди финалето, Италија ќе биде шампион во Русија. Ај да го видиме и тоа чудо. :)
 
Добро бе ок е шо се нервираш толку,го браниш Меси ко роднина да ти е.Заврши светсково ајде,прај нешто попаметно сега од тоа да се нервираш.И друго јас не хејтам никого,едноставно си навивав и си типував на Германија.

Да немаше добро првенство Меси ќе го критикував , но вака не . Знам да го критикувам кога игра лошо за Барса , но за тоа како го изигра првенствово немам замерка .
 
Браво за Германците баш ми е мило што освоија, ама не ми е јасно по кој критериум го одбраа Меси за најдобар на светсково:confused:
 
Браво за Германците баш ми е мило што освоија, ама не ми е јасно по кој критериум го одбраа Меси за најдобар на светсково:confused:
Супер првенство имаше меси...освен во полуфинале што нигде го немаше...а и во финалево...ама воопшто не се битни тие утакмици...побитни беа тие во група со ИРАН БОСНА И НИГЕРИЈА...холандија и германија не се ништо во споредба со овие...
 
Дојче машине , класика , поезија , нема збор што може да се опише таа генерација. Буквално знаев уште од почетокот дека ќе тргнат до крај , ќе гризат секоја минута во секој натпревар. До сега во мојата 12-13 годишна кариера на гледање фудбал немам гледано толку емотивна и толку страсна утакмица. На крајот заплакав за Меси иако навивав за Германија , штета за таков играч што остана без таков трофеј. Да има како да ми се избрише од меморијата и да гледам пак , го сакам пак тоа чувство од сношти.

И да , само жал ми е што ставив малце пари , требаше да пукам повеќе. :)

Прегледај го приврзокот 97552
:vozbud:
 
Знаете како се станува фудбалска легенда? Играш финале на светско првенство, излегуваш САМ пред голманот, и, ПОСТИГНУВАШ гол. Меси со своето промашување си ја запечати сликата за него како лош репрезентативен играч, кој никогаш ништо не освоил со Аргентина. И него му е совршено јасно ова, затоа изгледаше толку скиснат кога му ја доделија наградата. За наградата смешно е и да се коментира. Ако некој ја заслужи, тогаш тоа требаше да биде Швајнштајгер или Нојер. Нојер имаше генијално првенство, никогаш не сим гледал голман толку интелигентно да се однесува на теренот.

Германија се чудо од репрезентација и нација. Пример на кој треба сите да се огледаат. И Меркел беше закон кога ги гушкаше фудбалерите. :)
 

ako nekoj prethodno go stavil sry
 
Гледам по фејсбуков Аргентинци плачат за некој недосуден пенал... Не ми текнува на која ситуација мислат. Да не е на онаа кога Нојер ПРВ стигна до топката, ја удри и после се удри во играчот на Аргентина?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom