СП 2014 - ФИНАЛЕ | Германија - Аргентина | 13.07.2014 (21:00) Маракана -Рио де Жанеиро

  • Креатор на темата Rigel Kent
  • Време на започнување

Кој ќе победи во финалето ?

  • Вкупно гласачи
    183
  • Гласањето е завршено на .
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.675
Поени од реакции
2.622
45-8 гласови, интересно, не очекував таква анкета.
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.162
А ако ме тролаше мене не ме истрола,туку самиот си се направи смешен оти немаш појма како ќе губи Аргентина
Добро ај ако не нека предадат. Што има да играат кога 100% ќе изгубат. Алоооо финале на СП е. Илјада фактори ќе влијаат на резултатот, од клима преку тактика па се до подршка од трибини. Реално е со досега покажаното да победи Германија. Исто реално беше Германија да ја победи Гана, да го победи Алжир, и виде што се случи? Не размислувај толку праволиниски.
 
HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
855

Точно така ќе влијаат илјада фактори,од кој само еден ќе биде одлучувачки-Германија и нејзината незапирлива машинерија.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Гласав за Германија. Ми стојат како подобар тим. Аргентина го има Меси, брилијантен играч, кој со еден потег може да го реши натпреварот.
Од навивачки аспект, некако поделено ми е размислувањето. Германија има страшен тим, и е редно време да освои, на последните големи натпреварувања од 2002 година до сега мислам дека отпаднаа по групи само во 2004 на ЕП, инаку стално стигнуваат до минимум полу-финале (иако тимот е бааги сменет од пред 8 години). Аргентина од друга страна, никогаш не сум ги симпатишал, ама па ѕверка како Меси заслужува да има златен светски медал.
Ипак, очекувам добар натпревар.
 
HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
855
Аргентина освојува и го обелува јужноамериканскиот образ кој Бразил го зацрни до немајкаде :)
Кладилниците од такви како тебе се богатат,кој наместо трезвено да размислуваат,си прават филмови.На брат му кога му ја скршија кичмата испаѓа работава, според твојов муабет.
 
Член од
18 јули 2008
Мислења
479
Поени од реакции
140
Точно така ќе влијаат илјада фактори,од кој само еден ќе биде одлучувачки-Германија и нејзината незапирлива машинерија.
Ако си до толку сигурен и секое мислење како Аргентина има шанси ти е смешно и не заслужува да биде во оваа тема , оди подигни кредит од банка , стави кука/стан/кола се што имаш под хипотека и сите пари на Германија шампион, ова ти е животна шанса искористи ја :) :) или па не си ?:unsure:
 
Bianconero vero

Il Capitano
Член од
10 ноември 2008
Мислења
9.251
Поени од реакции
8.168
Кладилниците од такви како тебе се богатат,кој наместо трезвено да размислуваат,си прават филмови.На брат му кога му ја скршија кичмата испаѓа работава, според твојов муабет.
Абе какви калдилници какви бакрачи. Од осмина финале играм само супер сингл (шутеви, корнери, офсајди, картони, фаули, посед). Конечен тип немам изиграно и трипати им фатив по 4-5000 со по 200 денари уплата. Така се богатело со стар волк ко мене. Имаат уште фурни леб да јадат за да се богатат преку мој грб. Ова е само прогноза која нема да ја пишам на ливче и пак ќе играм суперсингл:)
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.173
Поени од реакции
1.372
Мислам дека Германија ќе тепа, ако некоја репрезентација има константна форма на ова првенство и заслужува да освои, тоа е само Германија, но никогаш неможе да бидеме сигурни, сепак финале е..:)
 
HellRaiser

Реметам кајганџии
Член од
1 јануари 2014
Мислења
815
Поени од реакции
855
Ако си до толку сигурен и секое мислење како Аргентина има шанси ти е смешно и не заслужува да биде во оваа тема , оди подигни кредит од банка , стави кука/стан/кола се што имаш под хипотека и сите пари на Германија шампион, ова ти е животна шанса искористи ја :) :) или па не си ?:unsure:
До толку не сум забегал уште.А дека играв,играв али сумата не ја откривам.
 
G

Gricko_

Гостин
Aргентина. И тоа прилично лесно, ќе ги даде првите 2 гола во прво полувреме. 0-2 или 1-2 полувреме крај 1-2 или 2-3. Од кладилничарски аспект 2-2&2+ прво@16.
Играше Германија и претходното СП убав фудбал, ги изгази и Англија и Аргентина, па загуби од Шпанија. Играше и претходното ЕП, па ги слика Балотели. Од друга страна, очекувам Германиија да напаѓа, со брзи контри Меси да поентира. Џабе го пишуваме ова, кога се е можно.

Интересно е да се спомне дека Аргентина добила 4 од 5 утакмици на пенали на СП, а Германија 4 од 4.
 
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.527
Поени од реакции
4.706
Пре предвидливо финале според мене, сакам Аргентина но мислам дека шансите им се минимални иако би имале доста поголема подршка од трибини повеќе им одговара климата и ре други фактори. И Бразил имаше подршка па видовме шо се изнадеси со нив. И да колку и да не ги сакам Германциве редно е да освојат, на оваа генерација им фали World Cup

Шансите на Аргентина ги гледам само во Меси, да се поремети и да ги реши Германциве со 2 потега но не верувам во тоа не ми е реално некако, пре доминантни се овие машиниве.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.182
Поени од реакции
13.460
На Аргентина дефинитивно нема да и биде заслужено ако овои, трагедија би било...
 
Член од
8 септември 2011
Мислења
3.675
Поени од реакции
2.622
Ај кога ја замешавте и тука кладилницата.
Едно е да сакаш да ти победи омилениот тим друго е да гледаш реално на работите, никогаш не треба да се коцкате навијачки, и јас денес сакав Бразил да победи ама ја пишав 2-2 бидејќи ја гледав претходната утакмица колку тапа играше Бразил, а Холандија ја мачеше Аргентина.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom