Вината е во националистичките тенденции и радикалните исламски влијанија. Намерата на овие протести е јасна и најмалку има врска со докази или сомнеж дека уапсените се невини. Ако има такви сознанија, може едноставно да се покрене процес во стразбур и да се види каде се тие наводни пропусти во судската одлука. Но тоа не е намерата во овој случај. Целта е да се предизвика гнев кај Македонците што ќе резултира со тензија и конфликт, како неопходен катализатор за создавањето на голема албанија. Зошто некој би презентирал карта на голема албанија пред седиштето на европскиот парламент, ако причина за протестите е сомнеж во судска одлука?
Но националните интереси на албанците не одат во прилог со интересите на радикалните исламисти, дури спротиставени се. радикалците сакаат шеријат, а албанскиот националист сака во ЕУ каде нема да има граници.
Не знам како, но успеа да го убедат секој албанец дека ова е наш приоритет, и наше решение за албанското прашање.
Конкретно во Македонија е решено така со договор кој ни гарантира живот каде немаме да бидеме граѓани од втор ред, каде нема да има разлика со животот на тој кој живее во Албанија и тој во Косово, каде можеме да истакнеме национални симболи , да учиме на мајчин, да студираме на мајчин. Сето тоа веќе е реалност, останува како крупен проблем премногу централизираната власт, тоа е и генератор на се погрешно што ни се случува.
Се сложувам дека се трудат да се предизвика гнев кај Македонецот, но не од албанците, туку од власта, онака, континуирано веќе деценија. Некој не е задоволен со рамковниот, не е задоволен што албанците се пикат кај секој институција, не се задоволни што албанците им земаат работни места, но пред се не се задоволни затоа што морат да ги поделат тендерите со албанскиот партнер на власта.
Од ваква криза во овој момент добива само власта.
Да сакаа албанците да ја дестабилизираат државата ќе убија деца албанци или па да убијат војници, или па полицајци, тогаш ќе видевме протести и вистинска дестабилизација, дури и конфликт. Знаеме дека полесно е албанците да ги турнеш во војна отколку македонците.
Но не, ова се работи исклучиво македонецот да го мрази уште повеќе албанецот, тоа и се постигна, со ова сакаа меѓународната заедница да ги гледа албанците како темпирана бомба, во ова не знам дали успеваат, но сигурен сум дека успеваат кај распалени дечишта, еве можеш да ги видиш низ коменти што другите членови ги постираат.
Имам силно уверение дека власта работи интензивно да се зголеми нетрпението, по се изгледа работат за поделба на државата, но не сакаат да се знае јавно дека тие го сакаат тоа.
А тоа што извикуваат протестантите, што маици носат, какви пароли презентираат воопшто не важно. Затоа што не можеш секој преотестант да го контролираш што прави и што носи.
Да беше така едноставно тогаш низ Македонија треба да бараме гасни комори кои се направени за албанците. Или па Грција треба да биде многу загрижена од Македонија