Фан Клуб: Реал Мадрид

  • Креатор на темата Креатор на темата ElNinho
  • Време на започнување Време на започнување
Касемиру и Мората аут, Крос и Фалкао да дојдат.
Ди Мариа да остане и Иљара да отиде негде на позајмица.
Тоа е се што ни треба трансфер периодов и да одбраниме ЛШ.
 
Да се утешиме малце... со таква репутација на Суарез никогаш немаше да ги извадиме парите од маркетинг :D

Плус има забрана да стапне на стадион нема да може да му правиме презентација ко панаѓур :D
 
Врв на глупоста ќе биде да ги продадеме Кедира и Ди Марија, а нивни замени да дојдат Хамес и Кроос, тотално различни фудбалери и ќе чекаме на Чаби да ја држи дефанзивата во средината сам. Мислам дека Анчелоти нема да испадне до толку глуп, сепак сметам дека има одредена улога во формирањето на тимот, ова не е Милан за Берлускони да му ги продава најдобрите играчи за бунга бунга забави.
 
Значи ќе ми се створи одбивност кон Џамез од мудопотекувањево на Марка секој ден на насловна.

Преголем е хајпот за малиот. Океј, талент е, перспективен, ама ако дое ќе треба да има огромни претумбации. Лани и за Бејл викавме дека не е нужен, но кај него барем се знаеше дека ќе игра крило.

Сеа имаме успешна формација, која има место за дополнително шминкање и подобрување, во која нема место за класична десетка каква што е Родригез. Можеби би се вклопил во оваа формација како лажна (го мразам зборов) деветка или шпиц од втор план, нешто што го играше на ова СП. Но тука го забораваме Иско, кој не е за фрлање по само една лоша сезона во која не се вклопи. Ја би му дал шанса и сезонава да се вклопи на поповлечена позиција или да биде џокер од клупа кога ќе треба да играме поистурен плејмејкер/полушпиц.
 
Двајца од Кедира, Касемиро, Марија и Иљара, сигурен сум дека ќе ги немаме сезонава. А може и тројца.
 
Касемиро 12 мил аут ќе оди..Иљара ќе остане...Од Кедира и ДиМарија еден ќе отиде жртва за ХАмес...
Зависи кој какви услови и кој каква цена ќе добие...тоа е,со оглед дека Крос е 99% наш играч...
 
g1207.c6e8f3b057baf4772559a28e074f0d89.jpg

Овој стварно ќе дојде бе........... :facepalm:
 
Значи ќе ми се створи одбивност кон Џамез од мудопотекувањево на Марка секој ден на насловна.

Преголем е хајпот за малиот. Океј, талент е, перспективен, ама ако дое ќе треба да има огромни претумбации. Лани и за Бејл викавме дека не е нужен, но кај него барем се знаеше дека ќе игра крило.

Сеа имаме успешна формација, која има место за дополнително шминкање и подобрување, во која нема место за класична десетка каква што е Родригез. Можеби би се вклопил во оваа формација како лажна (го мразам зборов) деветка или шпиц од втор план, нешто што го играше на ова СП. Но тука го забораваме Иско, кој не е за фрлање по само една лоша сезона во која не се вклопи. Ја би му дал шанса и сезонава да се вклопи на поповлечена позиција или да биде џокер од клупа кога ќе треба да играме поистурен плејмејкер/полушпиц.

Кај нас во оваа формација што ја практикува Карло тешко може да се каже дека имаме напаѓач кој врши стриктно класични работи за еден таков тип играч... Бензема делува кој плеј/напаѓач кој се вовлекува длабоко на средина прима топка и потоа ја дистрибутира до Роналдо/Бејл. Мислам дека нејќат да го реметат Роналдо да му доведуваат напаѓач кој би му "крадел" голови. Евентуалното доаѓање на Хамес ќе значи ротација со Бензема (барем според некое мое гледање) би ја играл истата улога ко на Свецково. Мислам дека е одлучено да не ризикуваат со Фалкао да го доведат овој кој би земал помала плата од 14те милиони на Фалкао ( плус нема маркетиншки договори кои откако би дошол во Реал сигурно ќе му тропаат на врата и тука Флорентино стапува на сцена oд кои 90% да идат у Реал ) :D
 
Тоа да ама од Бензема се тражи и физичка присустност во шеснаесетникот а се сомневам дека лажна деветка може да го придонесе тоа, освен ако не е Фелаини. Да беше така Иско ќе беше стартер досега.
Карло паметно го искористува тоа што Бензема има квалитет да биде и плејмејкер така да отвара доста простор за Роналдо меѓутоа бара од него да биде и шпиц пола од времето, лажна деветка не може да го обезбеди тоа.
 
со втор тим во ЛШ...пошто првиот ни е презаситен од титули и успех....нема да имаат мотивација ,а можно е и да се чуваат за светско 2018 :D :D :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom