2014 СИЛВЕРСТОУН ТЕСТ: ДЕБИ НА 18-ИНЧНИТЕ ГУМИ НА ПИРЕЛИ
Како по обичај тимот на Вилијамс и Фелипе Маса имаат најбрзи времиња на годинешните тест сесии, па тоа беше случај и на првиот ден во Силверстоун. Сите тимови работеа на своите планирани тест програми,а Ферари тестираше експериментални задни гуми на Пирели. Педро де ла Роса имаше можност да се запознае со можностите на Ф14 Т, но само во утринскиот дел, а потоа имаше проблеми со течење на вода од болидот. Мерцедес АМГ тестираше надградби на нивното задно крило. На патеката ги видовме Стофел Вандорн, развојниот возач на Мекларен, како и Вил Стивенс кој го имаше своето деби искуство со болидот на Катерам. Првиот ден мина без некои поголеми проблеми и изненадувања со посигнатите времиња.
ПРВ ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Фелипе Маса Вилијамс 1:35.242 42
2. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:35.428 + 0.006 72
3. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:35.573 + 0.331 90
4. Адријан Сутил Заубер 1:35.674 + 0.432 74
5. Жил Бјанки Марусија 1:36.148 + 0.906 108
6. Стофел Вандорн Мекларен 1:36.462 + 1.220 71
7. Серџо Перез Форс Индија 1:36.583 + 1.341 79
8. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:36.688 + 1.446 28
9. Пастор Малдонадо Лотус 1:37.131 + 1.889 97
10. Педро де ла Роса Ферари 1:37.988 + 2.746 49
11. Вил Стивенс Катерам 1:40.627 + 5.385 95
На вториот тест ден Жил Бјанки реши да се докаже во Ферари, како замена на Кими Раиконен и го забележа најбрзото време. Сепак времињата на овие тестирања се во втор план, а фокусот е на надградбите на тимовите и секако тестирање на гумите на Пирели. Денес за прв пат бевме во можност да ги видиме прототип 18-инчните Ф1 гуми кои се планира да се воведат како новина од 2017 година. Но, од Италијанската компанија се задоволни од овие првични импресии, па веднаш најавија дека доколку биде одобрено од сите тимови, може да почнат со снабдување на овој тип гуми и година дена порано, т.е. од 2016 сезоната.
ВТОР ТЕСТ ДЕН
ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Жил Бјанки Ферари 1:35.262 89
2. Дањил Квјат Торо Росо 1:35.544 + 0.282 56
3. Кевин Магнусен Мекларен 1:35.593 + 0.331 91
4.Гидо ван дер Гард Заубер 1:36.327 + 1.065 84
5. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:36.680 + 1.418 47
6. Валтери Ботас Вилијамс 1:37.193 + 1.931 40
7. Макс Чилтон Марусија 1:37.359 + 2.097 77
8. Даниел Хункадеља Форс Индија 1:37.449 + 2.187 52
9. Себастијан Ветел Ред Бул 1:39.410 + 4.148 76
10. Чарлс Пик Лотус 1:41.906 + 6.644 38
11. Џулијан Лил Катерам 1:42.635 + 7.373 51
НОВИТЕ 18-ИНЧНИ ГУМИ НА ПИРЕЛИ ВО ПРАКСА








Повеќе слики на
http://mkformula1.blogspot.com/2014/07/2014-18.html