2014 ГЕРМАНИЈА ГП: МЕРЦЕДЕС ПОВТОРНО НАЈБРЗ, РИКИАРДО СО ДОБРО ТЕМПО ЗА ТРКА
Денешните тренинзи за Големата Награда на Германија, на патеката Хокенхајм, поминаа без некои поголеми возбудувања. Мерцедес АМГ без FRIC повторно со најбрзите времиња и тоа стандардно по еден тренинг за Нико Розберг и Луис Хамилтон. Нормално, Британецот секогаш го има побрзото време на вториот тренинг кога се користи и помеката смеша од понудениот избор на Пирели гумите.
Кој е најбрз и фаворит за Пол позицијата го покажуваат табелите со времињата од двата тренинзи, но она што не може да се забележи од нив е темпото за трка, т.е. времињата постигнати кога болидите возеа подолги стинтови со повеќе гориво. Мерцедес АМГ и на ова поле ги имаше најбрзите и најстандардните времиња, секако Луис Хамилтон со неколку десетинки предност пред својот тимски колега, Нико Розберг. Изненадување на денот беше темпото на Даниел Рикиардо, кој при овие стинтови не заостануваше многу зад болидите на Сребрените Стрели.
Нити еден од останатите возачи не беше ни блиску до нивните постигнувања, но со многу минимални временски разлики. Ех, да беше тоа така и со првите места, и да зборувавме за историска битка за Титулите. Интересен факт кој вреди да го споменеме е што Кими Раиконен конечно, многу подобар од Фернандо Алонсо на попладневниот тренинг, но се уште треба да се докаже во трка.
ВТОР СЛОБОДЕН ТРЕНИНГ
ВОЗАЧ ТИМ ВРЕМЕ РАЗЛИКА КРУГОВИ
1. Луис Хамилтон Мерцедес АМГ 1:18.341 38
2. Нико Розберг Мерцедес АМГ 1:18.365 + 0.024 39
3. Даниел Рикиардо Ред Бул 1:18.443 + 0.102 35
4. Кими Раиконен Ферари 1:18.887 + 0.546 38
5. Кевин Магнусен Мекларен 1:18.960 + 0.619 40
6. Фелипе Маса Вилијамс 1:19.024 + 0.683 36
7. Џенсон Батон Мекларен 1:19.221 + 0.880 40
8. Себастијан Ветел Ред Бул 1:19.248 + 0.907 35
9. Фернандо Алонсо Ферари 1:19.329 + 0.988 32
10. Валтери Ботас Вилијамс 1:19.385 + 1.044 34
11. Адријан Сутил Заубер 1:19.417 + 1.076 41
12. Дањил Квјат Торо Росо 1:19.452 + 1.111 27
13. Серџо Перез Форс Индија 1:19.581 + 1.240 28
14. Нико Хулкенберг Форс Индија 1:19.593 + 1.252 32
15. Жан-Ерик Верн Торо Росо 1:19.760 + 1.419 32
16. Пастор Малдонадо Лотус 1:20.158 + 1.817 35
17. Роман Грожан Лотус 1:20.358 + 2.017 35
18. Естебан Гутиерес Заубер 1:20.504 + 2.163 40
19. Жил Бјанки Марусија 1:21.328 + 2.987 31
20. Маркус Ериксон Катерам 1:21.870 + 3.529 21
21. Макс Чилтон Марусија 1:21.898 + 3.557 28
22. Камуи Кобајаши Катерам 1:23.728 + 5.387 12
http://mkformula1.blogspot.com/2014/07/2014_6585.html