- Член од
- 4 октомври 2008
- Мислења
- 4.014
- Поени од реакции
- 1.247
Зошто секогаш истото прашање се поставува во ББ, зарем тие се магични, па сами од себе работат, дечките погоре имаат бајаги искуство во ББ, а сигурно се посветени на исхраната многу повеќе од сите тука што ги иритира користењето на лекови и хормони. Патем, зошто не земете и вие, гарантирам дека стравот има улога, а ако се вадите на тоа дека тоа било читинг, во никој случај не го прифаќам како аргумент, бидејќи на некој начин и земањето протеини, креатини итн. е читинг, не зборам кое има поголем ефект, туку желбата да се дојде до побрзи резултати, што значи дека и посегнувањето по суплементи е читинг, ова е факт, без образложенија ве молам дека тие не се хемии, самиот факт на дополнување со нешто, претставува читинг.
Баш дечково погоре (Џеф) појма нема од искуство во ББ освен ако во тоа не рачунаш искуство во манипулација на дози и лекови. Штета што откако се избламира го тргна видеото од неговиот канал инаку ќе видеше дека има потпросечни познавања за нутриција и тренинг, каде ги подучуваше тинејџерите што сакаат да бидат "club shredded" како него дека жолтката од јајцето имала 4гр јаглеидрати, дека ако не сe јадело масти пред тренинг телото немало да има енергија, дека кога си се дефинирал си требал да одиш на мали килажи голем број репетици да баталиш големи килажи и слични глупости изнатропа во видеото. А и толкава маса и дефиниција на 18 години природно, приказни за мали деца. Сепак секогаш добра компензација за незнаење се неколку грама синтетика.[DOUBLEPOST=1403998101][/DOUBLEPOST]
Што е уствари 100% нејчрл? Некој што не зема суплементација, или? Секаде читам различно.
Оној кој не користи лекови кои му помагаат да го изгради телото а кои вештачки ги внесува во организмот (анаболички стероиди, инсулин, пептиди, хормон за раст, диуретици, тироидни хормони, еритропоетин, клен, синтол и уште мн други) Суплементи се дозволени.
Последно уредено: