Јас ќе навивам за Уругвај зошто секогаш знаат да одиграат трилер натпревар кој ќе се памети. Така беше со Сенегал, со Гана а се надевам дека и овој ќе биде дел од историските натпревари на мундијалите. Исто така минатото првенство уживавме во головите на Форлан, секогаш Уругвај беа во центарот на вниманието. Мислам дека Колумбија е фаворит и нема да ми биде криво ако помине, но сепак Уругвај.