- Член од
- 23 јуни 2008
- Мислења
- 4.002
- Поени од реакции
- 4.245
На Goodreads се предизвикував за 30 - овде одам со Easy 35 книги, со оглед на тоа што таму би го продолжил ако прочитам уште некоја плус. Од 01.01 до денес, прочитани 7 книги. Накратко, по некоја реченица за сите нив, изданието во заграда е она што сум го читал.
1. Caught - Harlan Coben (мак: Фатен на дело; 380 стр) ★★★
Многу лош македонски превод и полн со граматички грешки од страна на Култура. Бев изреволтиран што книгата е тотално уништена, и ми е криво што не ја читав на српски, туку како излезе македонското издание тоа го грабнав. Книгата е воедно и првата книга која сум ја читал од овој мајстор на трилери, ама среќа не ми влијаеше толку за да не ги прочитам другите дела. Содржината како содржина си имаше дупки, предвидлива, и од читаните, најслаб негов трилер, ама што е лош преводот, нема збор.
2. Tell No One - Harlan Coben (srp: Nikom ni reči; 341 стр) ★★★★★
Напнато од самиот почеток па до крајот. Книгата има и маестрален француски филм, кој му го препорачувам секому.
3. Six Years - Harlan Coben (srp: Šest godina; 359 стр) ★★★★
Од содржините позади книгите кога купував од Матица негови книги, оваа дефинитивно имаше најбомбастична содржина и ми делуваше најпривлечно. Книгата ја исчитав за ненормално брзо време, ми се чини беше околу 4-5 часа. Крајот малку ме разочара, додека ликовите беа феноменални и неверојатно возбудливи. A must.
4. A Long Way Down - Nick Hornby (мак: Долг пат до дното; 322 стр) ★★★★
Во годинешниот артикл на сајт за кои книги треба да ги прочитате пред да бидат филмувани се најде и Долг пат до дното. Книгата одамна ја мерачев во Три па ја купив на зимскиот саем. Интересно четиво, ме насмеа повеќе пати, и уживав додека ја читав. Сега со нетрпение го чекам филмот, Aaron Paul се појавува во една од улогите. Четворица разочарани луѓе се обидуваат да извршат самоубиство на Новогодишната ноќ од една зграда, но нивните интересни судбини ќе ги одведе во друга насока.
5. Разговор со Спиноза - Гоце Смилевски (книгата ја позајмив, и не знам точен број на стр) ★★★★★
Уште едно фантастично дело од македонскиот автор. Сестрата на Зигмунд Фројд ми е една од подрагите книги некогаш прочитани, и не се ни сомневав дека и оваа книга ќе му биде совршена. Мала е, брзо се чита, и прекрасно философско дело.
6. Faceless Killers - Henning Mankell (мак: Убијци без лица; 267 стр) ★★★★
Прв од многуте романи понатаму за инспекторот Курт Валандер. Скандинавски роман, секако нема утка тука. Интересна ми беше книгата, малку се изморив што при крајот ептен ја затегавија со виновникот, и веќе изгубив малку мерак за тоа кој ќе испадне, мислам дека до средината книгата беше навистина подобра отколку при крајот. Во секој случај добива многу добра оцена.
7. No Place to Die - James L. Thane (srp: Loso mesto za umiranje; 323 стр) ★★
Ова може да се рече е најлош трилер кој некогаш сум го читал. Па како и да не биде, кога авторот едвја има две книги кои се многу малку читани, инаку книгата дојде во мои раце откако татко ми ја купил за ептен ниска цена во трафика Белград, па му изгледала привлечно по насловот. Не ми се допадна воопшто, ептен на низок стил пишувана, и се замислував како јас, личност што не ја бидува премногу со стилско пишување да седне да напише еден подпросечен роман. Ако некогаш ви дојде на ум или ја сретнете некаде - ни случајно да не сте фрлиле пари на неа.