Steam: Официјална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Oblivion
  • Време на започнување Време на започнување
Не ме разбираш еве пример ти си фан на Watch Dogs која сега кошта 60евра, што правиш ја купуваш или чекаш на попуст да ја земеш??
Не знам што е со прашањево тогаш а и која му е поентата. Ако иам 1000 евра плата, ќе ја земам одма. Ако имам 10000 евра плата ќе ја зеам за сите форумџии. Ако сум студент кој плаќа кирија, ќе ја кракувам. о.О

Јас не сум земал 60 евра игра од Стим, или ги зимам од трети страни кои продаваат Стим клучеви или чекам да има распродажба како сега...
 
Не ме разбираш еве пример ти си фан на Watch Dogs која сега кошта 60евра, што правиш ја купуваш или чекаш на попуст да ја земеш??
Тоа е целата поента на Steam Sales. За да може и ние, кои сакаме да ги имаме игрите, и ко што вика Ficiani, што ни прави мерак да играме оригинали, да може да ги купиме.
Исто така, не знам дали си запознаен, но Steam е поделен на региони. Игрите за овај дел на Европа, Балканот, се поефтини од, да речеме за Германија, итн. Можеби не многу, ама се, колку толку.
Ако не сакаш да купиш игра, тогаш не мораш, и никој не те тера со сила да ја купиш, слободно симни ја од ТПБ или било каде. :)
И јас имам симнувано многу игри, и сеуште симнувам. Не знам зошто толку ни се налути на сите, ама ок.. :D
 
Исто така, не знам дали си запознаен, но Steam е поделен на региони. Игрите за овај дел на Европа, Балканот, се поефтини од, да речеме за Германија, итн. Можеби не многу, ама се, колку толку.
Всушност, не. И јас вчера го дознав ова и не можев да верувам. Македонија е во tier 1 делот заедно со сите западно-европски земји. Остатокот од балканот со исклучок на Албанија (која е исто во tier 1) се во tier 2 со претежно источно-европски земји. Мада мора да се напомене дека овие tiers имаат влијание само за игрите од Valve. За другите издавачи сите сме со цени за tier 1.

Еве ја целосната поделба
 
Океј, можеби, не знам од кога е ова, и како е сега, меѓутоа јас кога ја земав кантер (на друг акаунт) на почетокот уште беше тоа, пред 2 години скоро,
знам дека неколку луѓе што ги имав во Friends,(од германија, од ваму-таму) ја земаа па едно 5 евра, можеби помалку беше, поскапо :)
И тогаш прв пат дознав за оваа поделба, и мислам дека проверивме на уште неколку игри, не ми текнува кои, меѓутоа имаше разлика во цена. Не голема, ама имаше.

п.с. Линкот е стар едно 4 години, и исто така за пример ја имаат земено TF2, која е сега F2P игра.. :)
 
Имам карта 8 дупликат, ми фали 10, 5 или 3. Има некоја од нив за замена?
 
Може некој да ми објасни што е работава со овие Summer Adventure Cards? А и како се крафтнува некаков си badge?
 
73CTa2W.png
 
Јас ја земав Skyrim Legendary Edition за 10тина евра во неделата. Само Skyrim беше 3евра и нешто. Се мислев, се мислев па ја земав целата со се 3те DLC. Не знам дали вредат додатоците, но ќе ми беше криво ако ја земев само оригиналната дека веќе еднаш ја имам поминато кога излезе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom