СП 2014 Бразил - генерална дискусија

Чекај прво нека преживеат Германците против Гана, па тек тогаш може да ги ставиме во игра. Секако после големите фаворити како Англија, Италија, Аргентина и Бразил.
 
А некој да каже како изигра Гана против САД? Германија би требало да победи и да си обезбеди пласман уште по две кола, не верувам да заебат работа.
 
А некој да каже како изигра Гана против САД? Германија би требало да победи и да си обезбеди пласман уште по две кола, не верувам да заебат работа.
Прво полувреме само си подаваа ништо не правеа, тој Атсу набацуваше, ама Дани Алвес има подобар центаршут од типот. Американците не дека изиграа нешто, едноставно ги фатија уште во 30та секунда неспремни, Демпси го зашемети малку стоперот на Гана и им даде гол.
Второ играа овие од Гана, Гиан (или како што го кажуваат на МТВ - Џан) имаше 3-4 шанси, ама не погоди. Дадоа гол, мислев дека ќе ја свртат цела утакмица, ама Јенкиве пак нафрлија, заспа цела одбрана на Гана и го примија за 2-1.
Се на се Германциве би требало лабаво како со Португалија шо им беше да им биде со Гана и со САД. 2-3 нивоа над другите се, ама за второ место ќе биде епик.
 
Ко што истово го викав цела сезона пред светсково, пак ќе кажам. Фудбал е, не се знае кај ќе се стркала топката. Гана ако стартуваат со сериозен состав, не младичине што беа прошлиот пат, може да извади добар резултат со Германија. Одбраната им е хаос, се знаеше тоа уште пред почетокот. Али ако и они успеат рано да даат некое голче, има шанси.
 
А еве го и новиот фаворит.

#WeGhanaWin #USA #USA #USA

Да ги попари сеа Роналдо (ако игра) и после тоа и Германија за на крај да си се вратат на рагби, каде што никој не им игра и сами си се прогласуваат за најјаки. Јер и сами си играат.
 
Уште рано е, ама до сега репрезентација што ми остави силен впечаток на иден шампион е Германија. После неа следува Италија, која што има ненормално силна средина.
Висок впечаток ми остави и Холандија со петардата против Шпанија, ама изигра слабо против Австралија. Ако тепа против Чиле следново коло и тоа ќе биде екипа со висок пласман.
Бразил и Аргентина слабо некако, далеку од моите очекувања, посебно Бразил. Се надевам ќе се подобри играта следниве кола и ќе заличат на тимот од Конфедерации.
Шпанија беше изненадување со испаѓањето, но не очекував голем пласман од нив. Англија мислам ќе испадне вечерва. Играат под притисок и голем хајп (најлошото нешто за спортски тим).
 
Ко што истово го викав цела сезона пред светсково, пак ќе кажам. Фудбал е, не се знае кај ќе се стркала топката. Гана ако стартуваат со сериозен состав, не младичине што беа прошлиот пат, може да извади добар резултат со Германија. Одбраната им е хаос, се знаеше тоа уште пред почетокот. Али ако и они успеат рано да даат некое голче, има шанси.
Добар резултат за нив ќе биде ако не примат повеќе од 2 гола.
 
2vlweo1.jpg

Еве го будалава од вчерашниот натпревар.
 
Карлос Веласко Карбаљо ќе го суди натпреварот Уругвај-Англија. Ова го пишувам овде поради дискусијата зошто Проенса судел на Хрватска и дека требало судијата да биде од различна конфедерација со двете репрезентации. Фифа потврдува дека тоа не е така со оглед на тоа што Карбаљо е од Шпанија. Замислете според таа логика доколку играат Бразил-Германија финале судија ќе треба да биде некој од Азија, Африка или Северна Америка што е невозможно.
 
Нишимура. :cool:
 
Англичаните моментално се тепаат со бразилските џандари во Сао Паоло.Англичаните биле нападнати без повод од џандарите на што овие возвратиле,ко да не знаат колку се ретардирани енглезите :D
 
Англија искача уште вечер. :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom