СП 2014 - Група Б (Шпанија, Холандија, Чиле, Австралија)

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
Значи и за Коста и за Бразил ќе беше подобро ако играше за нив :)
 
На кратко офтопик, после поразот на Шпанија и нивната слаба игра најсмешни ми се статусине на фб: Шпанија дрва, Македонија победува во септември :pos::ROFLMAO:
 
И Самир :facepalm:

Брозовиќ, Бадељ, Ковачиќ... Сите ќе изиграа повеќе од алкохоличарот бразилски. Не знам како се снаоѓа во Шпанија без турбо фолк клубови. Мора да лока сам дома и да ја слуша Цеца на youtube. И тој игра за Хрватска?! :facepalm:
 
Да ај Силва да го обвиниме за распад технологијата на брклето. Не беше таа шанса у финале промашена. Еве има поправен денеска, џабе, а нели одлика на големите е тоа... :)



Ме читаш ко просечен тренер тики-така? :icon_lol:

Абе, ја си пишав убав пост пред почетокот на првенството, за кој испаднав целосно во право. Али ти тогаш пиша нешто во стил: Се појавија експерти поголеми од Дел Боске на темава. Ете, на крај испадна дека сепак не треба да си експерт поголем од Дел Боске за да му ја разбиеш монотоната пречитана игра.

И немој дека не било ова тики така, точно не го изведоја тоа, ова денес не личеше на ништо, но идејата на Дел Боске беше и на ова првенство да го игра тоа, што се виде по почетниот состав за првото коло.


Ова денес беше фудбал во рангот на нашата репрезентација...Каква тики-така,каква тактика денеска неможеа ОСНОВНИ пасови да сврзат а не па некоја стратегија да развијат...Играње курташак од невидени размери,плус додај тука мртви играчи и страшен пресинг од Чиле...

Идејата на Дел Боске им донесе Светско и Европско,иако и ја мислам дека е преконзервативна во споредба со таа на Пеп на пример,ама им се исплатеше на Шпанците,и ако добро се сеќавам ти имаше доста пофални зборови тогаш за играта нивна.

Али ова денес и против Холандија не заслужува коментар...Ко што кажале погоре,Сила против Холандија за 2-0 курташак си играше,а можеше да ја добие смени таа утакмица.
 
Summary (и не пријавувајте више)

zmejski.PNG
 
Ова денес беше фудбал во рангот на нашата репрезентација...Каква тики-така,каква тактика денеска неможеа ОСНОВНИ пасови да сврзат а не па некоја стратегија да развијат...Играње курташак од невидени размери,плус додај тука мртви играчи и страшен пресинг од Чиле...

Идејата на Дел Боске им донесе Светско и Европско,иако и ја мислам дека е преконзервативна во споредба со таа на Пеп на пример,ама им се исплатеше на Шпанците,и ако добро се сеќавам ти имаше доста пофални зборови тогаш за играта нивна.

Али ова денес и против Холандија не заслужува коментар...Ко што кажале погоре,Сила против Холандија за 2-0 курташак си играше,а можеше да ја добие смени таа утакмица.

А кој пиша дека не му донесе два трофеи тоа?

Му донесе, ама имаше две години, на свој грб на купот на Конфедерации и на грбот на други два тима дека веќе таа игра е лесно кршливе. Требаше да го увиди тоа и да не тера инает, затоа што има избор на страшни играчи, ај да му беа само овие океј. Баш тоа што денес го „прикажаа“ е доказ дека не работел/е на план Б и дека имаше намера пак на ист начин да гура.

Преглупо е Силва да се обвинува за ова...
 
The Dutch FA have said Bruno Martins Indi has suffered a light concussion. Tonight, he'll stay in Porto Alegre to recover.
 
Оваа репрезентација имаше таква доминација, каква што можеби никоја немала во минатото толкав период. Тоа што им беше најсилно оружје на СП 2010 и ЕП 2012, го изгубија лани на Купот на Конфедерации, а кулминираше на ова СП. Тоа е clean sheet-от. Шпанија ретко примаше голови. На цело СП 2010 примија цели 2 гола, а сега на само 2 натпревари имаат примено 7. Не дека имале цврста одбрана со Пике и Рамос, туку едноставно нивната одбрана беше средината, односно поседот на топката, па противникот ретко кога и доаѓаше до прилика да ги нападне. Логично е, колку повеќе време ја имаш топката во твој посед, толку помалку ја има противникот, што значи помалку шанси да те нападне. Е, сега проблемот на ова СП им беше што не знаеја да задржат топка, а и кога ќе ја загубеа противникот правеше циркузанти од нив(Робен и РВП). Тоа е и нормално, затоа што Шпанија(слично како и Барселона) не знае да се брани. Не знае како да реагира во одбрана кога противникот напаѓа со топка. Нивната главна одбрана е да ја држат топката во свој посед и со тоа воопшто да не му дозволат на противникот да нападне.

Дел Боске нормално сноси најголем дел од одговорноста, ама не затоа што играл со 'прочитана тактика', туку затоа што таа тактика ја играше со 'истрошени' играчи. Изборот на играчи му беше фејл, а не изборот на тактиката. И да им речеше на момците, не играјте на кратки пасови(т.н. тики така), туку трчајте со топката само напред вертикално и шутирајте(т.н. 'direct football'), резултатот повторно ќе беше истиот. Овие играчи го покажаа своето, и овие играчи за тоа што го покажаа досега заслужуваат респект, тие се запишани со златни букви во историјата на шпанскиот фудбал. Подобро ќе беше воопшто да не повикува дел од нив, за да не ја завршуваат кариерата на ваков начин.
 
Еј немојте само со тоа презаситени :tapp: Не е ова Фифа па коа ќе освоиш со еден тим ти скурчуе и почнуеш со друг... Светско Првентсво е , најголема фудбалска чест што може да постои... Простете за вулгарност ама ќе ви биде доста да и го бапнете еднаш само на Ева Лонгориа? Еднаш и ај , презаситен сум....
 
И Самир :facepalm:

Брозовиќ, Бадељ, Ковачиќ... Сите ќе изиграа повеќе од алкохоличарот бразилски. Не знам како се снаоѓа во Шпанија без турбо фолк клубови. Мора да лока сам дома и да ја слуша Цеца на youtube. И тој игра за Хрватска?! :facepalm:
Аман бе до толку бил отиден овој?
 
Џабе сеа сите после завршени утакмици експерти ми се прајте знаев Чиле вака Чиле така, отвори прва страна ќе видиш кој беше единствениот шо предвиде ваков подвиг на Чиле
Од групава знам само дека Чиле ќе се пласира, кој ќе биде другиот не знам.

Со тоа составчето ново Шпанија демек ги решија проблемите, демолирани ќе бидат вечер.
Да не се вреѓаме.[DOUBLEPOST=1403171969][/DOUBLEPOST]
А кој пиша дека не му донесе два трофеи тоа?

Му донесе, ама имаше две години, на свој грб на купот на Конфедерации и на грбот на други два тима дека веќе таа игра е лесно кршливе. Требаше да го увиди тоа и да не тера инает, затоа што има избор на страшни играчи, ај да му беа само овие океј. Баш тоа што денес го „прикажаа“ е доказ дека не работел/е на план Б и дека имаше намера пак на ист начин да гура.

Преглупо е Силва да се обвинува за ова...
Ова ти е последен пост, затоа на овој те цитирам иначе веќе некое време се палиш на лошиот систем на игра на Шпанците и сакам да ти вратам сега.
Додека чинеше тој систем што го викаш ти тики-така (за поимов понатаму) сите ги фалевте играчите и колку се тие добри, а сега кога не успева се обвинува системот, а не тоа што цел тим е вон форма.

Тики-така или трака трака како што сакаш да се исмеваш ти, врска нема со играта на Барселона и Шпанија (и Баерн во краен случај), можеш да побараш барем еден играч што рекол дека тие го играат тоа или пак можам да ти кажам дека никој новинар го нема прашано Пеп за тој термин оти ќе го утера у ПМ. Терминот е измислен од Камачо токму за да го исмева овој стил, пошто не и е нешто намерачен на Барселона. Па дури гледам напишал некој на Википедија за тики-така.:гомце:

Меѓутоа има разлика меѓу играта на Шпанија со Дел Боске и Барселона затоа што стариот игра со двајца деструктивци, многу е попрагматичен и заради тоа што игра ебаниот Алонсо играта на Шпанија е многу досадна и неефективна, а од друга страна кога беа во топ форма двајцата деструктивци не можеше да помине топка. Тоа што го играше и Баерн со вас нема врска со тоа што сакаше Пеп да го играат, нема потреба да се палите до толку заради тоа што ги демолиравте кога тогаш згрешија баварците се'.

Системот воопшто не е едноставен како што ти и многу други сакате да го објасните, има многу движења, правење триаголници, почнување на акциите од одбраната, а во глобала со многу додавања затоа што на тој начин фактички и се бранат и напаѓаат. Практикувачи на оваа игра се стариот Биелса, во некоја мера Ван Гаал, Пеп секако, Лучо го употребуваше секаде и последен што е нов мајстор за овој стил Пако Хемес. Можам да ти тврдам дека овој термин што се користи за исмевање воопшто не ја опишува оваа игра и да те потсетам дека Барса со овој стил ве победи на 2 од 3 утакмци изминатата сезона.

И друго најважно да ти кажам, Чиле го пратам некое време и можам да ти кажам комотно дека тоа што тие го играа вчера многу повеќе личи на стилот кој што Барса го практикуваше, само што тие се многу посвежи играчи, поспремни се моментално и затоа изгледаа многу доминантно. Затоа дали овој стил не чини малце размисли и за тоа како го играат, кој го игра (играчи како Азпиликуета, Рамос, Алонсо), овие ги спомнувам пошто мислам дека абер нема тоа што го играат во споредба со тоа што треба и на крај донеси заклучок дали е тоа до стилот стварно или не штимаат некои други работи.
 
Последно уредено од модератор:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom