СП 2014 - Група Б (Шпанија, Холандија, Чиле, Австралија)

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување
:facepalm:

Извини, дека ти напиша за останатите, мислев и за оваа имаш, се пренасочив.

Е многу очекувате од мене за сите групи теми да отворам, е нема. Доста се 2. :D Уште 4 останаа.
 
Е многу очекувате од мене за сите групи теми да отворам, е нема. Доста се 2. :D Уште 4 останаа.
Ај уште 2. :D Јас може да средам една викендов, ама не ветувам ништо. :D
 
Многу слаб состав Хојандија ... млади играчи, смена на генерација. Ми мириса на дебакл како на европското пред 2 год.
 
Објективно гледано, групава ќе заврши баш така како што е моментално пред почетокот (Шпанија прва, Австралија последна). Чиле е репрезентација во подем и може да им направи проблем на Холанѓаните за второто место. Исто натпреварот Чиле-Австралија ќе биде интересен, нешто како меч за трето место :) очекувам Шпанците да одат со минимум 7 поени, веројатно да стигна то до финале може.

Австралија за жал ќе го јаде немиен. Репрезентацијата е во транзиција меѓу ѕвезди што се пензионираат (Кејхил, Брешано) и млади играчи со мало искуство (Ор, Спирановиќ, Тагарт). Едниствено Јединак им е од оптимални години и искуство.
 
Мислам дека тука Холандија ќе ја добие Шпанија. Заврши веќе таа непобедлива генерација на Шпанија, доаѓа до смена на генерации, се менуваат играчите со кој Шпанија си доминираше и полека, полека ќе паѓа Шпанија. Очекувам да паднат доста голови на тој дуел и да биде некој резултат 2:3, интересен дуел да е за неутралците што нивни фаворит не е ниедна од овие 2 репрезентации. Холандија очекувам да ја заврши групава без пораз, со сите победи, и со добра гол разлика. А од Чиле и Австралија, Чиле има подобар состав и е посупериорен, додека кај Австралија и тие малкуте ѕвезди што беа, сега се бајги остарени и најверојатно ова ќе им биде последно Светско, па очекувам Чиле да го добие тој дуел.

Се менува генерацијата на Шпанија но се менува и на Холанѓаните,а Холанѓаните ќе играат со релативно поанонимни играчи од играчите на Шпанија кои би претставувале смена на генерации.Викаа дека и на на предходното европско заврши времето на Шпанија и ќе тонат па и тогаш освоија.Ја сеуште ја сметам Шпанија за фаворит на Светсково и не би чудело ако пак освојат.Светско е ова и се може да се деси а и свашта се дешавало на предходните мундијали.Шпанија би ја ставил како прв фаворит во групава а за второ место би се бореле Чиле и Холандија.За голови можда и ќе нема многу од причина што Шпанија во групи игра утакмици со малце голови а и Ван Гал мислам има најавено малце повеќе одбранбена тактика.Сепак дај боже да биде како што викаш да има голови.Али во секој случај многу поинтересна би била групата доколку Шпанија и Холандија изиграат нерешено.
 
Од групава знам само дека Чиле ќе се пласира, кој ќе биде другиот не знам.
 
1. Шпанија 9
2. Холандија 6
3. Чиле 3
4. Австралија 0
Мое мислење. Али Холанѓаниве ќе се намачат против Чиле али некако ќе победат. Но црно им се пише после. Ќе вкрстат со Бразил највероватно и толку од нив 1/8 финале само
 
Хм интересна група, за 2 место. Но сепак Чиле во Ј,Америка не би ги отпишал. Ги гледав против Англија на пријатеслка одиграа ептен убаво, ем за око ем победиа. Е сега проблем е тоа што Видал нели влече некоја повреда и незнам што направи со операцијата, а и колку што знам Конте го одмараше при крај на првенството. Друг битен фудбaлер е Матиас фернандез, доста искусен офанзивен што дава голови. За жал се повреди и правеше операција и нема да биде во Бразил. Како и да е по мене Чиле има капацитет за да пројде групи и сакам да пројде. Сепак ова е светско првенство и ќе видиме.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom