Верувате ли во Господ? Дали постои?

  • Креатор на темата Креатор на темата gerard
  • Време на започнување Време на започнување

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???

  • Вкупно гласачи
    995
Немој да се брзаш вака де, прочитај убаво што напишав. Си има логика, ама ти кој си надвор од црквата Христова не можеш да ја видиш. Не само затоа што си однадвор, него затоа што на секоја Библиска реченица гледаш скептично, со однапред изградени предрасуди читаш и затоа неможеш јасно да видиш. И нормално, омиленото ви вадење реченици од контекст. А за Тројството имаш надолго и нашироко во Новиот Завет, или Новиот не ти е интересен? Епа имаш и во Стариот ако знаеш убаво да гледаш.
Викаш дека вас се ви е јасно, ок! Разјасни ми ја дилемата што со месеци никој не ја објасни: http://forum.kajgana.com/showthread...-Дали-постои&p=3784758&viewfull=1#post3784758
http://forum.kajgana.com/showthread...-Дали-постои&p=3788322&viewfull=1#post3788322
Немој само да ми речеш дека е извадено од контекст, затоа што во тој случај, баш би сакал да го чујам контекстот.
 
Јадни и прости верници !?

Личните верувања се едно. Работа на поединецот и тоа е тоа.
Но религијата како организирана општествена,политичка,психолошка и економска категорија е нешто сосема друго.
И како таква има влијание врз секојдневниот живот.
Не гледам причина зошто религијата би била исклучена од вредносен и морален суд.
Не припаѓам ни на партии ниту пак сум гласал некогаш, но тоа не значи дека тие немаат влијание врз мене и дека со мојата неприпадност кон такви ентитети тие се апсолвирани од вреднување по основа на влијанието кое го имаат.
Она на што се инсистира да биде однапред вреднувано како позитивно притоа избегнувајќи било каква проверка на тоа вреднување секогаш е зло.
Догма.

Бољшевизмот бил супер, ама не бил за луѓе.
Фашизмот бил супер, ама не бил за луѓе.
Нацизмот бил ок, ама луѓето го расипале.
Капитализмот бил добар, луѓето не чинеле.
Религијата била прекрасна......ама ете...не чинеле луѓето...
Патриотизмот бил корисен ама ете...пак луѓето...

Трабантот е супер само не може да искачи по угорницава...мора да е до шоферот јеби га...никако до пластичната крнтија која не ја бива...:)

За болдот. Се слагам. Ништо на овој свет не е иземено од морален и вредносен суд. Така и треба да биде. Зашто без таков суд ти немаш тас на кој можеш да увидиш позитивности и негативности.
Убава аналогија даде со изборите која можам да ја употребам во овој контекст во кој се споменувани религиите. Да речеме дека си гласал хипотетички за некого на избори во Р.М. Еден ден пратениците донесуваат радикален закон според кој припадници на некоја националност или религиозна група треба да бидат затворени. Ти си ги гласал пратенициве, ама никогаш не си ни помислил дека таква луда идеја би им дошла на памет. А што е најголема иронија твојот глас допридонел да се донесе таква одлука, макар што да си имал предвид што ќе направат нормално дека нема да се согласиш. Затоа и не можам да разберам како на мене и секој друг верник овде му ги ставате на товар религиозните војни и сите оние будалаштини кои се правеле во Име на Бога, а всушност се во име на моќта. Луѓето нашле совршен изговор и повод. Убаво ви вика Лурц, тоа не ја прави суштината на изговорот зла. Се на овој свет може да се употреби и злоупотреби. Јас не носам нож на појас, нити па пропагирам, а ниту пак тоа ќе го правам. За мене тие работи се погрешни, макар на која било религија да се припаѓа. Затоа она што го прави институцијата мене не ме интересира на крај краишта. Институцијата е само симбол. Моќ скоцкана во едно место кое има комплетна можност да злоупотребува. А религиозното чувство е премногу интимна работа, јас одговарам за себе.

Околу ова второво со системите. Во дебатата со тебе околу капитализмот, токму на тоа посочив, тука најмалку се согласуваме. Јас сум една од оние кои тврдат дека сите системи се човечка творба и а про по тоа се фалични, човекот е секогаш најслаба алка во системот. Мене ме зачудува фактот што ти упорно тврдиш дека творбите носат вина, исклучувајќи го човекот? Епа тоукатер, кој тоа ја прави грешката човекот или системот? Пластичната крнтија кој ја создал? Од небо паднала?
 
Затоа и не можам да разберам како на мене и секој друг верник овде му ги ставате на товар религиозните војни и сите оние будалаштини кои се правеле во Име на Бога, а всушност се во име на моќта. Луѓето нашле совршен изговор и повод. Убаво ви вика Лурц, тоа не ја прави суштината на изговорот зла.
Никој не ги обвинува овде индивидуите, туку религијата како институција која со милениуми го кочи напредокот, манипулира со човечките стравови и надежи и наметнува норми и начини на однесување. Што значи кога се споменува инквизицијата, крстоносните војни, палењето вештерки, уништувањето библиотеки, цензурата....итн, итн со тоа се обвинува религијата како институција.
 
Иписмус и јас ја обвинувам црквата во таквите случаи. Тука нема ништо спорно. Таква будалаштини, палење луѓе, книги, измачување треба човек да е луд за да одобри. Меѓутоа поентата ми е следна. Христијанството е мирољубива религија. Комплетно безопасна, ако не било така немало да ја прифатам како таква. Тоа што го испревртеле наопаку и го злоупотребиле за да шират моќ фрла сенка која не ја заслужува самата религија како таква. Религијата сама по себе не претпоставува институционализација, но со тек на време станала таква. Тоа ти е класична човечка глупост. Така човек си има изговор да стави нож на појас и да сече глави заради интимно внатрешно чувство. Не можам да им барам изговор на свештениците зашто наредиле мачења и убиства. Како и би можела кога една од заповедите е Не убивај.
 
Комплетно безопасна, ако не било така немало да ја прифатам како таква.

Христијанството во самата срж носи осуда на животот, и го смета човекот за исконски грешен. Не звучи баш безопасно по индивидуите кои се залетуваат на млади години и остануваат духовни инвалиди до крајот на животот...
 
Опасноста недоаѓа само во форма на насилство! Зарем не е опасност негирањето на науката и разумот? Зарем не е опасност да го поминеш животот во заблуда и страв дека ќе гориш во пекол доколку не се однесуваш и не размислуваш како што ти налага христијанството?
 
За болдот. Се слагам. Ништо на овој свет не е иземено од морален и вредносен суд. Така и треба да биде. Зашто без таков суд ти немаш тас на кој можеш да увидиш позитивности и негативности.

Уште ни преостанува да видиме кои се позитивните работи кај организираната религија...:)

Затоа и не можам да разберам како на мене и секој друг верник овде му ги ставате на товар религиозните војни и сите оние будалаштини кои се правеле во Име на Бога, а всушност се во име на моќта. Луѓето нашле совршен изговор и повод. Убаво ви вика Лурц, тоа не ја прави суштината на изговорот зла. Се на овој свет може да се употреби и злоупотреби. Јас не носам нож на појас, нити па пропагирам, а ниту пак тоа ќе го правам. За мене тие работи се погрешни, макар на која било религија да се припаѓа.

Религијата може само да се употреби, а не и злоупотреби.

Затоа она што го прави институцијата мене не ме интересира на крај краишта. Институцијата е само симбол. Моќ скоцкана во едно место кое има комплетна можност да злоупотребува. А религиозното чувство е премногу интимна работа, јас одговарам за себе.

Ако се перцепираш како православна христијанка, самото тоа значи дека си припадничка на одредена конфесија која пак произлегува од догмите,каноните и ритуалите на соодветната црква носител и основач на таа конфесија, во случајов МПЦ.
Без православната црква ти никогаш нема да беше православна христијанка,бидејќи без неа немаше да постои самиот тој модел за перцепција наречен православно христијанство.
Или било која конфесија, принципот е исти за сите.

Околу ова второво со системите. Во дебатата со тебе околу капитализмот, токму на тоа посочив, тука најмалку се согласуваме. Јас сум една од оние кои тврдат дека сите системи се човечка творба и а про по тоа се фалични, човекот е секогаш најслаба алка во системот. Мене ме зачудува фактот што ти упорно тврдиш дека творбите носат вина, исклучувајќи го човекот? Епа тоукатер, кој тоа ја прави грешката човекот или системот? Пластичната крнтија кој ја создал? Од небо паднала?

Трабантот е типичен продукт на нефунционален систем во кој имало супер-талентирани пронаоѓачи,инженери и техничари но кои биле оградени со ѕид и принудени да направат.
Не го направил конкструкторот дека сакал да го прави, туку дека морал.
Зборувам за Источна Немачка, да не остане аналогијата да виси во воздух...:)

Кој човек?
Не може да се земе во глобала такво нешто како “човекот“ бидејќи има 6,8 милијарди луѓе на планетава.
Сите тие системи си имаат свои карактеристики,историја,се знае како и зошто се појавиле на сцената и на кого му користат.
Значи творба на одреден круг луѓе, а не на “човекот“.
И во распон на она што е во интерес на оние кои имаат корист од системот се движи некој поединец кој случајно се родил на територија каде е доминантен тој систем.
Ако излезе од тој домен во погон се става репресивната машинерија на системот.

Поединецот се раѓа во систем каде правилата на игра се поставени одамна пред да се роди.

--- надополнето ---

Иписмус и јас ја обвинувам црквата во таквите случаи. Тука нема ништо спорно. Таква будалаштини, палење луѓе, книги, измачување треба човек да е луд за да одобри. Меѓутоа поентата ми е следна. Христијанството е мирољубива религија. Комплетно безопасна, ако не било така немало да ја прифатам како таква. Тоа што го испревртеле наопаку и го злоупотребиле за да шират моќ фрла сенка која не ја заслужува самата религија како таква. Религијата сама по себе не претпоставува институционализација, но со тек на време станала таква. Тоа ти е класична човечка глупост. Така човек си има изговор да стави нож на појас и да сече глави заради интимно внатрешно чувство. Не можам да им барам изговор на свештениците зашто наредиле мачења и убиства. Како и би можела кога една од заповедите е Не убивај.

...исто во Писмото пишува дека секоја власт е од Бога дадена и оној кој се противи на земската власт ќе оди кај казаните...:)
 
Ако се перцепираш како православна христијанка, самото тоа значи дека си припадничка на одредена конфесија која пак произлегува од догмите,каноните и ритуалите на соодветната црква носител и основач на таа конфесија, во случајов МПЦ.
Без православната црква ти никогаш нема да беше православна христијанка,бидејќи без неа немаше да постои самиот тој модел за перцепција наречен православно христијанство.
Или било која конфесија, принципот е исти за сите.

Трабантот е типичен продукт на нефунционален систем во кој имало супер-талентирани пронаоѓачи,инженери и техничари но кои биле оградени со ѕид и принудени да направат.
Не го направил конкструкторот дека сакал да го прави, туку дека морал.
Зборувам за Источна Немачка, да не остане аналогијата да виси во воздух...:)

Кој човек?
Не може да се земе во глобала такво нешто како “човекот“ бидејќи има 6,8 милијарди луѓе на планетава.
Сите тие системи си имаат свои карактеристики,историја,се знае како и зошто се појавиле на сцената и на кого му користат.
Значи творба на одреден круг луѓе, а не на “човекот“.
И во распон на она што е во интерес на оние кои имаат корист од системот се движи некој поединец кој случајно се родил на територија каде е доминантен тој систем.
Ако излезе од тој домен во погон се става репресивната машинерија на системот.

Поединецот се раѓа во систем каде правилата на игра се поставени одамна пред да се роди.

--- надополнето ---

...исто во Писмото пишува дека секоја власт е од Бога дадена и оној кој се противи на земската власт ќе оди кај казаните...:)

1. Јас црквите ги гледам како симбол. Ги почитувам до нивото кое го сметам за соодветно, но не можам да одговарам на колективно ниво за нивните одлуки. Попросто од ова не можам да објаснам..:)
2. Сепак е творба на луѓе. А трабантот не го бивало зашто не бил добро направен. Понекогаш толку се може, тој е капацитетот и околностите. А понекогаш самиот човек потфрлува во практичната реализација. Ова второво, го кажувам во контекст на религијата.
3. Не е тоа толку просто. Контекстот на кажаното не значи она на што алудираш :wink:

--- надополнето ---

Опасноста недоаѓа само во форма на насилство! Зарем не е опасност негирањето на науката и разумот? Зарем не е опасност да го поминеш животот во заблуда и страв дека ќе гориш во пекол доколку не се однесуваш и не размислуваш како што ти налага христијанството?

Иписмус тргнувате со предрасуда. Кој тоа негира наука во денешно време? Еве јас сум теист и сум голем поддржувач на науката. Тоа што некој палел книги во мрачниот среден век, допринело да се забрза процесот на знаење не негирам, меѓутоа денешниот христијанин, барем оној кој не западнал во фанатизам, има многу поширок видик. Затоа ми е смешна онаа анкета: Во што верувате? Каде мора да се бира меѓу наука и религија. Јас ги поддржувам двете. Чаре?
Инаку каква опасност постои од лично убедување дека било кој треба на крај да плати за своите грешки? Каде е тука опасноста? Ако тебе како атеист не те тангираат воопшто теистичките ставови зошто ти е важна мојата мисла? Ако јас што сум теист ја сметам религиозноста како лично интимно право, тогаш ти како атеист многу добро треба да ми ја разбреш поентата.:wink:

--- надополнето ---

Христијанството во самата срж носи осуда на животот, и го смета човекот за исконски грешен. Не звучи баш безопасно по индивидуите кои се залетуваат на млади години и остануваат духовни инвалиди до крајот на животот...

Шуплив пост. Апсултно без поента. Така зборуваше Заратустра...
 
Не гледам во што е шупливоста на постот. Фактографски е точен, и е соодветен одговор на тоа што ти го пишуваше...
 
можеби за тебе е глупост. За други не е. Хехе, самозалажување...филозофиите кои ги проучуваш или следиш што ти пружиле во животот?
Искуството го прави своето баш на место коментар, секој може да верува во што сака, никој не би требало заради тоа да го усудува другиот и тоа да биде некаков параметар за одредување на неговата интелегенција, и религијата и филозофијата се тука за една причина еден вид пружење на сигурност, припрадност, сатисфакција со еден збор самозалажување од кое човек неможе и несака да се лиши.
 
Иписмус тргнувате со предрасуда. Кој тоа негира наука во денешно време? Еве јас сум теист и сум голем поддржувач на науката. Тоа што некој палел книги во мрачниот среден век, допринело да се забрза процесот на знаење не негирам, меѓутоа денешниот христијанин, барем оној кој не западнал во фанатизам, има многу поширок видик. Затоа ми е смешна онаа анкета: Во што верувате? Каде мора да се бира меѓу наука и религија. Јас ги поддржувам двете. Чаре?
Инаку каква опасност постои од лично убедување дека било кој треба на крај да плати за своите грешки? Каде е тука опасноста? Ако тебе како атеист не те тангираат воопшто теистичките ставови зошто ти е важна мојата мисла? Ако јас што сум теист ја сметам религиозноста како лично интимно право, тогаш ти како атеист многу добро треба да ми ја разбреш поентата.:wink:

Не е никаква предрасуда, ако си верник значи веруваш дека земјата е стара десетина илјади години, дека еволуцијата е лага, дека луѓето настанале од Адам и Ева....итн, итн! Како ова не било во судир со науката? Инаку за личното убедување ниту се бунам ниту го критикувам, но религијата не е лично убедување, таа е институционализирана догма која пушта корени во сите правци! Еве ти еден пост, па самата одлучи дали религијата не се меша во секојдневието:
quote_icon.png
Напишано од Јоан

Мислам дека ја потценуваш Црквата. Датумот ќе биде поместен. Тоа е јасно. Порано или покасно, но ќе биде поместен. Нема сила која може да се спротистави на Бога, а најмалку тоа е градоначалникот Зоран Заев. Ќе помине и негоавата горделивост и неговото време, а Црквата ќе остане.

Пред неколку години имаше некоја „уметничка драма“ во која света Дева Марија беше исмејувана како курва, ороспија. Заинтересирај се што стана со некои кои беа дирктно вмешани во оваа „уметничко дело“. Кога и каде го завршија својот живот.
http://forum.kajgana.com/showthread...ерски-аспект&p=4166087&viewfull=1#post4166087
Сеуште мислиш дека е лично убедување кое не влијае на другите?
 
Не е никаква предрасуда, ако си верник значи веруваш дека земјата е стара десетина илјади години, дека еволуцијата е лага, дека луѓето настанале од Адам и Ева....итн, итн! Како ова не било во судир со науката? Инаку за личното убедување ниту се бунам ниту го критикувам, но религијата не е лично убедување, таа е институционализирана догма која пушта корени во сите правци! Еве ти еден пост, па самата одлучи дали религијата не се меша во секојдневието:
http://forum.kajgana.com/showthread...ерски-аспект&p=4166087&viewfull=1#post4166087
Сеуште мислиш дека е лично убедување кое не влијае на другите?

Десетина илјади години спрема кого? Црквата ги утврдувала овие години. Јас во податок од 10 000 години се сомневам. Освен тоа науката се уште истражува и едвај чекам да видам дали ЦЕРН ќе ја призведе божјата честичка.Моето размислување воопшто не се судира со науката да одговорам накратко.
Значи немаш ништо против ничие лично убедување освен она што вклучува религиозни чувства. Ептен опен мајнд од твоја страна.
Друга работа. Јас можам да зборувам во свое име. Кога дебатирам не ставам туѓи постови под нос за да ти укажам колку тоа атеистите во случајот грешат? Те прашувам тебе, за ти да ми го кажеш своето мислење. Што постигнуваш со тоа што ми ставаш туѓ пост за да го правдам? Треба да станам Јоан и да ти одговорам? Абе ај. Фина дискусија тераме не ја деградирај на тој начин.
 
Десетина илјади години спрема христијанството (според православните на форумов, 8000), пресметано според животниот век од Адам па до Исус, како што се споменувани во библијата, верниците на подфорумов се согласни за тоа ако не ми веруваш можеш и од нив да слушнеш. И да, немам ништо против лични убедувања, но религиите не се лично убедување, тие се како што кажав институционализирана догма и манипулаторска машина која се движи и опстојува од човечките стравови и надежи.
Што се однесува до цитираниот пост, ти го посочив не за да го правдаш или осудуваш, туку за да ти дадам пример како религијата влијае на секојдневието и ги наметнува своите правила и планови.
 
Го читам подфорумов често, така што јасни ми се отприлика ставовите на повеќето кои пишуваат овде (алудирам на овие 8000 години).
Околу ова со институционализацијата. Па види. Прво била религијата, па после била создадена институционализацијата. И игрите започнале, но да не ја шириме темата натаму..:)
Инаку околу ова со радикалните религиозни ставови. Јас ги сметам како голем проблем на денешницата. Мене ми се комплетно несфатливи и не ги одобрувам. Впрочем не оправдувам насилство, перење мозок, насилно влијание на било кој идеал, движење или стојалиште. Ама од друга страна човек кој е радикален за една работа, да ја немало неа, ќе си нашол друга работа како вентил. Тоа е веќе посебна психологија и мислам дека секогаш ќе постојат ваков тип на луѓе.
 
Види...неможеш да речеш дека си верник, ама само во тоа што тебе ти има смисла! :toe: Или си или не си, јасен е ставот околу тоа, како што неможеш да бидеш само малку трудна, така неможеш да бидеш и христијанин само во тоа што тебе ти има смисла, иако 90% од "христијаните" се токму такви верници. Ако си христијанин значи дека веруваш во земја стара 8000 години, во Адам и Ева, во потопот, во змии што зборуваат, во лавови, тигри, крокодили што паселе трева.....
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom