Ipsissimus
P.I.
- Член од
- 23 јули 2010
- Мислења
- 15.582
- Поени од реакции
- 12.949
"Науката во еден момент тврди нешто, во друг момент нешто сосема друго или спротивно."
Не навлегувам во причините за тоа. Само го констатирам како факт.
Можам ли во научните кругови да излезам со тврдење дека денес сеуште живеат бронтосаурусите, што значи дека тврдењето на науката дека се изумрени, е неточно?
- Можам секако, ама ќе бидам исмеан и сигурно нема да бидам сфатен сериозно, во тие научни кругови.
Но ако утре им донесам жив бронтосаурус, одеднаш, поради непобитниот факт за физичко присуство, науката ќе почне да тврди дека бронтосаурусот постои.
Значи, непобитен е фактот дека науката во еден момент тврди едно нешто, а во друг момент друго. Пак, ќе повторам, не ме интересираат причините што таа ги има за таква промена. Останува фактот дека неправедно сум бил исмеан од науката која преценето себе си се поставува како апсолут во даден момент, кој си се менува по потреба, во друг момент,(не е апсолут).
Науката тврдела нешто што не било вистина во тој момент - бронтосаурусот постоел (кои и да биле причините за тоа. Науката не вади работи од ракав, туку што и да тврди, самата вели дека е проверено со научни методи)
И еве други, слични и не толку слични примери примери:
Во 1924 година ако тврдев дека постои целекант ќе ме исмееја,затоа што науката вели дека тие се изумрени или штотијазнам се претвориле у нешто друго (како што милуваат да кажат - еволуирале). Денес науката го тврди обратното.
Во 1952 ако тврдев дека постои окапи ќе го добиев истиот третман, денес друг е ставот на науката, сосема спротивен од ставот на истата во 1952.
Науката тврди дека своите ставови не ги вади од ракав, туку тие се резултат на "обемни и темелни објективни истражувања", експерименти и секакви многу точни и прецизни активности и грубо кажано: ваљда заради тоа треба да ја прифатиме нејзината вистина како единствено исправна (што и многумина го прават).
Но одеднаш, гледаме дека во различни моменти нејзините тврдења не само што се различни туку се и спротивни. Да, тие тврдења кои се резултат на јадара, јадара...
Ако тврдев пред 30 години дека плутон не е планета, ќе ми се смееја, затоа што ставот на науката, произнесен врз база на бла, бла..., се коси со моето тврдење.
Денес, науката тврди дека Плутон не е планета.
Лекарите препорачуваа ('80-ти и порано) за време на сипаници да не се бањаат болните. Потоа, еден период ('90 - '00) дека нема врска и дека треба да се бањаат. Денес, пак дека не треба....
Ако дојдев во 60-ти и на градителите на Скопје им реков дека не е арно да се праат цевки за водовод со азбест, ваљда ќе ми речеа дека они тоа не го праат од ѓутуре, туку дека преку научно-технолошки процеси е дојдено до тоа решение. Сега што ќе речат за тоа?
Не ја хејтам науката (поточно, тоа што јавноста го подразбира како наука). Супер си е науката.
Само е преценета и не е воопшто толку сигурен стап за потпирање, како што самата си се претставува и како што сакаат многумина да ја гледаат.
мислам дека веќе го имам пишувано ова
Ipsissimus
Па ако не е менлива и ако не се надополнува нема да биде наука! Ќе биде догма! Науката е начин на кој постепено и во етапи се одкриваат законитостите на светот, а не одеднаш во објава која се одеднаш кажува! Како што и човекот постепено созрева, учи, и го осознава светот околу себе. Како што не е можно (барем засега) дете да се роди и одеднаш се да научи и да знае, така и науката одговорите ги бара постепено. И што е најбитно, науката е самокритична, на секое одкритие му бара недостатоци со цел да се усоврши. И од каде ти е тоа дека вистината била конечна, па науката не одкрила ниедна конечна вистина?! Од кај знаеш дали воопшто постои такво нешто како "конечна вистина"?
http://forum.kajgana.com/showthread.php?57055-%D0%9F%D1%80%D0%B0%D1%88%D0%B0%D1%9A%D0%B0-%D0%B4%D0%BE-%D0%B0%D1%82%D0%B5%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%82%D0%B5&p=4170752&viewfull=1#post4170752