Фудбалски вести

  • Креатор на темата Креатор на темата Ilumious
  • Време на започнување Време на започнување
3 пати го читам ова и пак не ми е јасно.

Значи офсајдот нема да важи доколку последниот одбрамбен фудбалер намерно игра со топката? o_O

Па ја коа ќе ја избијам таа топка ме боли уво дали ќе свирне офсајд или не.
И јас не сфатив баш, ама демек ако на пример ти одиш да ја удриш топката за да ја избиеш, ама не ја фаќаш добро и таа пак поминува крај тебе...а таму има играч кој е во офсајд... одсеа ќе смее да игра со топката и да даде гол ако го бива.. а до сеа не смееше ваљда. :) Иначе топката била упатена кон него, а ти си пробал да избиеш и продолжува.

Така го сфаќам ова. :D

Ама глуп испаѓаш бе, кога е оф оти да избиеш. :D Ама не се секирај, ако ти е полесно, голема е можноста и јас глупост да сум пишал. :D
 
Па и така некако ќе биде како што викаш, иначе не се секирај што и да пишеш нема да испадне толкава глупост колку што овие можат да направат.
 
изгледа дека Валенсија и Манчестер Јунајтед ќе заиграат во Лига Европа следната сезона, затоа што Цревна Звезда, Ескишехир и Сиваспор ќе бидат исфрлени од Европа.

јбг, јест да Валенсија ќе игра во Европа, ама ме нервира ова што го прави УЕФА. Нема ништо од тоа што го пропагираа дека сакаат помалите тимови да ги направат посилни, се гледа дека сакаат и ЛЕ маркетиншки да ја развијат и да профитираат. Прво искочија шпекулации дека ќе им забранат на Украинските тимови да играат во Европа, сега да не испадне дека ќе ги унаказат Украинциве, па скратија од другиве за Валенсија и Манчестер да играат во Лига Европа (изгледа како ова да им беше целта цело време).
Тоа е таа политика на Платини, така лани го исфрли Рајо Ваљекано дека биле финансиски нестабилни, а Севиља отиде во ЛЕ на нивна сметка и на крај освоија ЛЕ. Па како сакаат они екипи како Парма, Звезда, Рајо да вратат дел од долговите ако ги казнуваат со неиграње во Европа (?) да ги остават да изиграат една сезона во Европа ќе соберат дел од тоа што им е потребно да вратат.

целава политика ми изгледа - "кој има да му се даде уште, а кој нема не му ни треба".
Не дека не сакам Валенсија да игра во Европа следната сезона (од една страна и даваат шанса на Валенсија да остане во топ 8 екипи :), па здравје 2015/16 да биде носител во ЛШ), само што ова ми изгледа превише исфорсирано од страна на УЕФА, бидејќи Валенсија започна "сериозен" проект со нов сопственик, а Манчестер е Манчестер и сега мора они да играат во Европа и да ја промовираат ЛЕ, за да не биде финалето како оваа година - 25% празен стадион.
 
Цела репутација што ја има стекнато како фудбалер Платини си ја сруши со овие корумпирани работи, да му ебам мајката негова.

Како мало дете ќе се радувам дента кога ќе бидат сменети он и Блатер умрениот.
 
леле сеа по фејсбуци, твитери, автобуси насабајле, офсајд е, не е офсајд, абе офсајд е :pos:

п. с. за лакрдијава со ЛЕ требаше да ви стане јасно уште кога Платини му пререче на Фергусон дека е ова нискоразредно натпреварување и му нареди да игра со прв тим ама тогаш поинтересно беше сеир да се фаќа. Какво развивање на мали екипи не заебавајте, се што врти пари мора да биде турнато, земјиве од источна Европа кој ги врти.
 
^ Е се додека европски натпреварувања ќе бидат третирани така фудбалов ќе биде гледан само како #1 извор на профит во светов. Мора некои по емотивни и позабегани фаци да седнат на чело на светскиовф фудбал.
 
Конечно на добро тргнаа работите, два трансфери плус овие и ЛЕ ќе играат :D
 
http://kajgana.com/video-murinjo-sprechi-napad-na-igrach-vletuvajkji-na-teren видете го мурињо кој фекал хаха :D иначе и сакам да ми објасните за видеово т.е што играат англија со остатокот од светот ...Што е ова вакво ,првпат слушам , а и ПОП ѕвездата Оли ... А тоа па :P ? Ај ве молам некој нека ми објасни што е ова вака што се игра :)
 
Па нема што многу да се објаснува. Ете пишува и во статијата на кајгана дека играле репрезентацијата на Англија со "остатокот од светот" за хуманитарни цели.
А Мурињо ко Мурињо, не е жив ако не е во центар на внимание. :)
 
Де бе до толку не можете да приметите дека исценирано е тоа со Мурињо, увек има такви дешавки на Soccer Aid
 
Хуманитарен натпревар.... што беше тоа? :icon_lol:

Фреди Љунгберг се венчаше со Натали Фостер, навивачка на Тотенхем. :) :свиркам:
ere.jpg
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom