Ракометната репрезентација на Македонија (мажи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Крусер
  • Време на започнување Време на започнување
Премногу непотребно се обрнува внимание кој е стартер а кој не. На секој кој повеќе прати ракомет му е јасно дека стартната постава комплетно зависи од ротацијата кој ќе треба да се изведува во текот на натпреварот за да се оптимизираат силите. А ротацијата комплетно зависи од страната на која се напаѓа во првото односно во второто полувреме (бекот што треба да се менува да е поблиску до клупата).

Заради таа причина, како и фактот дека повеќе од 2 измени одбрана-напад се недозволиви, можам слободно да кажам дека двата Лазарови и Димовски ни под разно не смеат заедно да бидат во иста постава во напад. За Димовски ова се последни натпревари, ќе се пензионира, така што на пикерите помалку ќе треба да мислиме во иднина (и Стоилов и Маркоски можат да играат одбрана). Реално во трансформација одбрана напад ќе се менуваат 1-2 играчи и тоа браќата Лазарови и Наумче во прв ред. Понекогаш ќе ги одмараат или пикерот или Миркуловски. Според тоа, долгорочно, логично би било едното полувреме да се стартува со бековска линија Талески - Прибак - Лазаров, а другото со Мојсовски (Ф.Лазаров) - Миркуловски - Вугринец. Плус вака ќе се искористи и уиграноста од Металург. Сеедно е кое ќе биди прво, а кое второ. Средните бекови може и обратно тие се вклопуваат во сите варијанти со оглед дека може да играат во два правци.
 
Ќе биде утре интересно да се виде дали Вардарци ќе се радуваат на головите на Ванчо, и дали Металурзите ќе слават после некоја одбрана на Диви :)
Нема да брани Диви али сигурно ќе се радуваат :icon_lol:
 
Последно уредено:
LAZAROVMKD_20146743052.jpg

"Во спортот повеќе нема лесни и тешки противници. Без разлика на се штом нашиот следен противник стигнал до баражот значи дека има одреден квалитет. Можам слободно да кажам дека сепак ние сме за едно, а можеби и повеќе нивоа подобри од оваа репрезентација на Грција. Ние нема да бегаме од фаворитската улога, ние сме поквалитетен тим, но сепак треба добро да се одработат двата натпревари. Ние сме максимално подготвени и сакаме да го продолжиме континуитетот на настапи на големите натпреварувања", изјави капитенот на нашата репрезентација, Кире Лазаров.

Лидерот во нашиот тим смета дека оваа генерација може да постигне уште подобри резултати од досегашните и дека во иднина треба да се очекуваат нови и уште поголеми успеси.

"Оваа генерација се уште го нема кажано последниот збор. Мене ми е жал што во последниве четири-пет години не успеавме да постигнеме подобри резултати бидејќи реално имаме квалитет и за нешто повеќе од петтото место во Србија. Од оваа генерација се уште не е изваден максимумот и ни останува во следниве три-четири години каде може да се одржиме во овој состав да се обидеме да направиме еден екстра квалитетен резултат. Мораме позитивно да размислуваме бидејќи ракометот како спорт во земјава како на клупски така и на репрезентативен план е во голем подем. Треба добро да се работи, да се искористи овој момент и Македонија да биде страв и трепет за останатите селекции"
Виде Кире дека и Барса падна во Скопје па сега му се зголемија апетитите :)
 
Значи во 18 ч денес. Интересно. Очекувам физички да не осакатат, али ние да испаднеме со подобар резултат. Грција и Бугарија ракомет - свашта.
 
Значи во 18 ч денес. Интересно. Очекувам физички да не осакатат, али ние да испаднеме со подобар резултат. Грција и Бугарија ракомет - свашта.
тоа пусто секој има право да се надева ги сакати, јас и ти да им испаднеме на Бугарија ракомет, ќе победиме.
 
Ајдеее без опуштање, напрајте да го проколнуваат денот кога решиле да станат ракометари :D
 
Не гледам причина за изжувување.Околу 3-5 гола победа и нека ги одмараат главните играчи,нема потреба да се ризикуваат повреди.
 
Тежок меч,иако многумина ги отпишуваат педерите...
Имаат неколку попознати играчи пред се Алванос,кој на времето играше во Гумерсбах со еден Момир Илиќ,Нарцис,Сигурдсон,Гунарсон,доста добар десен бек...
Ќе бидат попалени до максимум,мобилизираа се живо и диво од играчи за овај меч,отсекогаш имало притисок таму,можеби немало полни сали како кај нас,ама прават притисок невиден(пред се психолошки,кон екипите,судии,делегати)
Нема да ме чуди и да изгубиме денес со некој минимален резултат,иако реално се освен наша победа би било голем неуспех,сепак не смее да се влези во мечот со ставот ГРЦИТЕ СЕ БАУК ЌЕ ГИ ПРЕГАЗИМЕ...
И Израел беше анонимус па не елиминира пред 10ина години,мора максимално да се оди во мечот,без потценување,без тепање филмови дека ете имаме играчи кои играат ЛШ,го имаме Вугринец...мора да се игра сериозно...
Верувам дека ќе тепаме(со некоја минимална разлика од 1-3 гола) и нема ништо да оставиме на случајноста па да се мачиме во Скопје,иако и пораз нема да е страшно,во Скопје треба лесно да ги добиеме над 5 разлика....
 
Очекувам победа од најмалце шест разлика.
Единствено самите може да се зафркнеме, не гледам друг начин да не победат.
 
Дечки, може стрим за мечов некој да пушти?
 
Ако може некој интернационален livestream ми барат другарчиња Германци сакале да ја гледаат утакмицата.
 
Ако може некој интернационален livestream ми барат другарчиња Германци сакале да ја гледаат утакмицата.

Овде може да гледаат.
http://web.maxtv.mk/

Само нека инсталираат Hola Unblocker на Mozilla и нека наместат Access site from: Macedonia
https://hola.org/[DOUBLEPOST=1402148680][/DOUBLEPOST]
Премногу непотребно се обрнува внимание кој е стартер а кој не. На секој кој повеќе прати ракомет му е јасно дека стартната постава комплетно зависи од ротацијата кој ќе треба да се изведува во текот на натпреварот за да се оптимизираат силите. А ротацијата комплетно зависи од страната на која се напаѓа во првото односно во второто полувреме (бекот што треба да се менува да е поблиску до клупата).

Заради таа причина, како и фактот дека повеќе од 2 измени одбрана-напад се недозволиви, можам слободно да кажам дека двата Лазарови и Димовски ни под разно не смеат заедно да бидат во иста постава во напад. За Димовски ова се последни натпревари, ќе се пензионира, така што на пикерите помалку ќе треба да мислиме во иднина (и Стоилов и Маркоски можат да играат одбрана). Реално во трансформација одбрана напад ќе се менуваат 1-2 играчи и тоа браќата Лазарови и Наумче во прв ред. Понекогаш ќе ги одмараат или пикерот или Миркуловски. Според тоа, долгорочно, логично би било едното полувреме да се стартува со бековска линија Талески - Прибак - Лазаров, а другото со Мојсовски (Ф.Лазаров) - Миркуловски - Вугринец. Плус вака ќе се искористи и уиграноста од Металург. Сеедно е кое ќе биди прво, а кое второ. Средните бекови може и обратно тие се вклопуваат во сите варијанти со оглед дека може да играат во два правци.

Нели Мојсо нема да игра?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom