НБА Сезона 2013/2014

  • Креатор на темата Креатор на темата grande-juve
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во сезоната 2013/14?

  • Бостон Селтикс

    Гласови: 2 2,5%
  • Њујорк Никс

    Гласови: 2 2,5%
  • Чикаго Булс

    Гласови: 17 21,5%
  • Мајами Хит

    Гласови: 17 21,5%
  • Сан Антонио Спарс

    Гласови: 9 11,4%
  • Индијана Пејсерс

    Гласови: 1 1,3%
  • Хјустон Рокетс

    Гласови: 1 1,3%
  • Оклахома Сити Тандер

    Гласови: 8 10,1%
  • Денвер Нагетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Лос Анџелес Клиперс

    Гласови: 5 6,3%
  • Лос Анџелес Лејкерс

    Гласови: 6 7,6%
  • Голденс Стејт Вориорс

    Гласови: 0 0,0%
  • Бруклин Нетс

    Гласови: 2 2,5%
  • Атланта Хоукс / Перо Антиќ

    Гласови: 6 7,6%
  • Мемфис Гризлис

    Гласови: 1 1,3%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Коби освен поентирање и прецизност на слободни нема ништо подобро од Леброн. Збораме за играчки аспект.
Аспект на постигнувања, нормално рано е да се споредуваат ама и вака не е далечна споредбата, ист број на ФМВП имат(Леброн со можност да го надмини сезонава) и 4-1 во МВПиња за Леброн ( и тоа едното на Коби беше повеќе како животна награда пошто Пол имаше ненормално добра сезона )
Друго, поентирање реков Коби го има тука макар шо едноставно таков несебичен играч Леброн е шо никогаш не го достигнал својот поентерски потенцијал. 12-6 за Коби за дефанзивни тимови макар шо последните 4-5 му беа стварно заебанција. Леброн е дефинитивно покомплетен дефанзивен.

Дај молим те прибери се со постовиве или не пишувај овде, гледаш дека 90% од членовиве што пишуваат овде неможат да те поднесат од глупостите што ги лупаш.
Леброн и Коби....тешка споредба, мада нормално предноста му ја давам на Коби. Леброн е на прав пат да го стигне, ама има уште време, којзнае иднината што ќе донесе.
Леброн ја има физичката спремност, Коби елеганцијата, секој реален љубител на кошарката се знае за кој ќе гласа во овој сегмент. Е сега Леброн има поголема прегледност на игра, прави повеќе скокови (пак заради физичките предиспозиции), и нормално, тој има голем минус пред сите љубители на НБА, заради тој пичкарски потег кој го направи кога буквално избега од Кливленд. Ете баш заради овие неколку работи никогаш нема да биде ценет и почитуван во споредба со Коби.
И пред да речиш дека сум хејтер на Леброн, не сум, напротив се молам да се опорави во продолжение на финалето, за да гледаме изедначена серија, а без Леброн сите знаеме колку може Хит да му се спротистави на Спарс.
 
Знам дека го обожавате Коби овде заради си некоја елеганција, clutch поентирање и слично и донекаде ве сфаќам зошто од навивачки аспект тоа ви е убаво за гледање и го цените, ама реално Коби е тешко да се споредува со Леброн. За тоа кој бил подобар не е битно дали му е интересен некој на една или друга публика. Битен е реалниот ефект, па ако сака и сите поени од слободни нека ги дава играчот.

Ако без емоции сериозно го погледнете нивото на игра кое го постигнале и одржувале со години ќе видите дека Леброн е пред Коби без никакви дилеми. Го имаме и порано правено овај муабет и не сакам пак да ја враќаме истата дискусија, ама ако продолжи со ова темпо Леброн уште неколку сезони најверојатно ќе ја заврши кариерата и како најдобар на сите времиња. Реално, многу сериозна конкуренција е за Џордан. Коби е еден од најдобрите играчи во последните 15тина години, ама не е на тоа ниво.
 
Леброн најдобар на сите времиња? Не не верувам т.е. и да сакам неможам да поверувам дека Леброн е подобар од Коби, а не пак најдобар на сите времиња. Глупа е споредбава.
 
Точно дека Леброн ги вади бројките статистички како еден од „најдобрите“ ама не е ни блиску до толку атрактивен играч, шоумен, како сакаш наречи го, како што е / беше Коби.
Може и се заеба Леброн што се фокусира на all round игра наместо 1 позиција. Исто, ретко кога Леброн сам ќе реше утакмици. Така да во тој аспект е дааааааалеку зад Коби.
 
Па добро муабетов се нема свртено на темава, добри 5-6 месеца.
 
Дај молим те прибери се со постовиве или не пишувај овде, гледаш дека 90% од членовиве што пишуваат овде неможат да те поднесат од глупостите што ги лупаш.
Леброн и Коби....тешка споредба, мада нормално предноста му ја давам на Коби. Леброн е на прав пат да го стигне, ама има уште време, којзнае иднината што ќе донесе.
Леброн ја има физичката спремност, Коби елеганцијата, секој реален љубител на кошарката се знае за кој ќе гласа во овој сегмент. Е сега Леброн има поголема прегледност на игра, прави повеќе скокови (пак заради физичките предиспозиции), и нормално, тој има голем минус пред сите љубители на НБА, заради тој пичкарски потег кој го направи кога буквално избега од Кливленд. Ете баш заради овие неколку работи никогаш нема да биде ценет и почитуван во споредба со Коби.
И пред да речиш дека сум хејтер на Леброн, не сум, напротив се молам да се опорави во продолжение на финалето, за да гледаме изедначена серија, а без Леброн сите знаеме колку може Хит да му се спротистави на Спарс.

То шо кажав тука е факт а тие шо не се согласија со мене освен коби > леброн и по некое смајли друго не кажаа. И според ова шо го пишиш ти всушност се согласуваш со мене незнам шо е проблемот. За тој пичаркиот потег во наводници дискутирано е до смрт и незнам шо да кажам поќе... Ситуацијата во Кливлед по заминувањето на Леброн си говори самата за себе. Кој присебен играч би останал во таков хаос?!
 
Дека е јак Леброн нема дилема, ама фактот дека последните сезони и нема толку добри играчи на високо ниво што можат да му се спротистават. Вејд беше еден од нив ама ете заедно се, Роуз е повреден, Коби е стар веќе, кој може да му биде конкуренција моментално ? Дурант, Вестрбук, Харден, Паул Џорџ ? Не ме јеби.
Физички е машина Леброн баш ме интересира дали за 2-3 години кога ќе има 32-33 години ќе биде на ова ниво.
 
Точно дека Леброн ги вади бројките статистички како еден од „најдобрите“ ама не е ни блиску до толку атрактивен играч, шоумен, како сакаш наречи го, како што е / беше Коби.
Може и се заеба Леброн што се фокусира на all round игра наместо 1 позиција. Исто, ретко кога Леброн сам ќе реше утакмици. Така да во тој аспект е дааааааалеку зад Коби.

Атрактивен, шоумен и слично на никаков начин не значи подобар. Подобар се знае како се пресметува - според ефектот врз натпреварите кои ги игра. Атрактивноста е тотално небитна во однос на тоа кој е подобар.

А тоа што на некој му се допаѓа тоа ваше "сам решавање на утакмици" е сосема небитно. На други многу повеќе им се допаѓа all round игра. Пак ќе кажам интересноста и атрактивноста се небитни. Битен е ефектот врз натпреварите.[DOUBLEPOST=1402100129][/DOUBLEPOST]
Дека е јак Леброн нема дилема, ама фактот дека последните сезони и нема толку добри играчи на високо ниво што можат да му се спротистават. Вејд беше еден од нив ама ете заедно се, Роуз е повреден, Коби е стар веќе, кој може да му биде конкуренција моментално ? Дурант, Вестрбук, Харден, Паул Џорџ ? Не ме јеби.
Физички е машина Леброн баш ме интересира дали за 2-3 години кога ќе има 32-33 години ќе биде на ова ниво.

Тоа што нема кој да му се спротивстави е многу повеќе резултат на тоа што Леброн е толку добар отколку што нема квалитетни играчи. Скоро сите сериозни аналитичари во НБА се согласуваат дека последниве 5-10 години се златна доба за лигата и дека НБА никогаш порано немала толку многу ѕвезди и квалитетни играчи во исто време.

Лесно е секогаш со воодушевување да се гледа на минатото и да се потценува сегашноста (скоро сите го правиме тоа од време на време пред се затоа што некои од работите кои сме ги гледале во минатото сме ги оценувале како деца и сме се воодушевувале на многу помалку). Ама тоа не значи дека минатото стварно било појако од сегашноста. Фактите и бројките го покажуваат спротивното.
 
Атрактивен, шоумен и слично на никаков начин не значи подобар. Подобар се знае како се пресметува - според ефектот врз натпреварите кои ги игра. Атрактивноста е тотално небитна во однос на тоа кој е подобар.

А тоа што на некој му се допаѓа тоа ваше "сам решавање на утакмици" е сосема небитно. На други многу повеќе им се допаѓа all round игра. Пак ќе кажам интересноста и атрактивноста се небитни. Битен е ефектот врз натпреварите.
Ондак Вилт и Оскар робертсон се најдобри кошаркари на сите времиња ако гледаш така....
 
Знам дека го обожавате Коби овде заради си некоја елеганција, clutch поентирање и слично и донекаде ве сфаќам зошто од навивачки аспект тоа ви е убаво за гледање и го цените, ама реално Коби е тешко да се споредува со Леброн. За тоа кој бил подобар не е битно дали му е интересен некој на една или друга публика. Битен е реалниот ефект, па ако сака и сите поени од слободни нека ги дава играчот.

Ако без емоции сериозно го погледнете нивото на игра кое го постигнале и одржувале со години ќе видите дека Леброн е пред Коби без никакви дилеми. Го имаме и порано правено овај муабет и не сакам пак да ја враќаме истата дискусија, ама ако продолжи со ова темпо Леброн уште неколку сезони најверојатно ќе ја заврши кариерата и како најдобар на сите времиња. Реално, многу сериозна конкуренција е за Џордан. Коби е еден од најдобрите играчи во последните 15тина години, ама не е на тоа ниво.

Брат не е баш така. Коби игра 17-18 сезони во НБА ќе го видиме Леброн за 5-6 сезони дали ќе биде ист.

Еве едно видео каде типов убаво објаснува за тројцата(Џордан,Коби,Леброн)
По кажаново по мене можам да заклучам дека Џордан со целиот замор што го имал од други активности покрај кошарката успеал да освои 6 прстени без пораз во финале. Коби освен оваа сезона каде што се повреди кинеше предходните уназад.Леброн како фрик во градба и на цела таа посветеност пак неможе да се истакне во финале пример. Пак некако немаат страв од него ,туку стравот повеќе доаѓа од Вејд.Статистички можда ќе ги помине сите пошто е со 18 години дојде без колеџ итн али тоа не значи дека е подобар од Коби или Џордан.
 
Ондак Вилт и Оскар робертсон се најдобри кошаркари на сите времиња ако гледаш така....

Се меѓу најдобрите, ама не се најдобри (особено Вилт). Се на се земено Џордан е најдобар моментално, со тоа што како што кажав ако Леброн продолжи во вакво темпо уште најмалку 3-4 сезони ќе го надмине.

Може слободни и бројки да извадиме, ме мрзи сега мжеби утре.[DOUBLEPOST=1402100491][/DOUBLEPOST]
Брат не е баш така. Коби игра 17-18 сезони во НБА ќе го видиме Леброн за 5-6 сезони дали ќе биде ист.

Еве едно видео каде типов убаво објаснува за тројцата(Џордан,Коби,Леброн)
По кажаново по мене можам да заклучам дека Џордан со целиот замор што го имал од други активности покрај кошарката успеал да освои 6 прстени без пораз во финале. Коби освен оваа сезона каде што се повреди кинеше предходните уназад.Леброн како фрик во градба и на цела таа посветеност пак неможе да се истакне во финале пример. Пак некако немаат страв од него ,туку стравот повеќе доаѓа од Вејд.Статистички можда ќе ги помине сите пошто е со 18 години дојде без колеџ итн али тоа не значи дека е подобар од Коби или Џордан.

1. Прочитај, многу убаво кажав АКО продолжи во ова темпо уште неколку сезони. Дали ќе продолжи ќе видиме
2. Прстените се само еден мал факт кој е и тоа како многу зависен од соиграчите и тимот како целина. Чикаго од 90тите беше страшен тим и никако не беше само Џордан. Ако ти е слаб тимот можеш и двојно пјак од Џордан да бидеш па пак никогаш да не освоиш титула.
3. А Коби од која возраст почна?
 
Дека е јак Леброн нема дилема, ама фактот дека последните сезони и нема толку добри играчи на високо ниво што можат да му се спротистават. Вејд беше еден од нив ама ете заедно се, Роуз е повреден, Коби е стар веќе, кој може да му биде конкуренција моментално ? Дурант, Вестрбук, Харден, Паул Џорџ ? Не ме јеби.
Физички е машина Леброн баш ме интересира дали за 2-3 години кога ќе има 32-33 години ќе биде на ова ниво.
алал да ти е за ова. Стварно свака част за Леброн ама стварно нема конкуренција и затоа неможе никогаш да се спореди со МЈ ниту па да се доближи. Кога ќе ги споредиш овие денес што играт со Лејкерс на Меџик, Pistons bad boys, Јута на стоктон и мелоун, Рокетс на Хаким, Меџик на Шек, никс на Ewing, Феникс на Баркли и сигурно иам заборавено уште некој стварно е смешно....
 
То шо кажав тука е факт а тие шо не се согласија со мене освен коби > леброн и по некое смајли друго не кажаа. И според ова шо го пишиш ти всушност се согласуваш со мене незнам шо е проблемот. За тој пичаркиот потег во наводници дискутирано е до смрт и незнам шо да кажам поќе... Ситуацијата во Кливлед по заминувањето на Леброн си говори самата за себе. Кој присебен играч би останал во таков хаос?!

Зошто хаос? Тогаш добро се сеќавам, тоа лето беа слободни агенти Бош, Бузер, Вејд, имаше уште неколку не ми текнува точно кој беа, со самото тоа што тој од стартот на летото кукаше дека ќе си оди (не кажа директно, ама по изјавите се гледаше), јасно беше дека тешко дека некој ќе дојде кај Кливленд заедно со Леброн, него Леброн ќе оди кај некој, тој некој испадна Вејд, па после Леброн и Бош потпиша, и така се оформи големата тројка. Од негов аспект ова воопшто не е лош потег, 3 финалиња, 2 титули (можи и 3та сезонава), соиграчи на кои ке има верува, нема повеќе да игра со Саша Павлович и Дониел Маршал, и сето тоа, ама зошто не се обиде да изгради династија околу себе во Кливленд, во неговиот роден град, исто како Џордан, е дури така само ќе можеше да се доближи до Мајкл.

Ми велиш дека според пишаното горе долу се согласувам. Не се согласувам, ама во моментов разликата е многу мала во корист на Коби, Леброн има уште неколку сезони пред него, во кои може да го надмине Коби, ама спорт е, дури не се случи тоа нема да речам дека го надминал, а за Џордан сите сме свесни дека е многу, многу поназад.
 
Леброн и Џордан неможе жив човек да ги спореди, не е можно, никој кошаркар од овие моментално што играат во НБА го нема квалитетот на Џордан, најблизу до тоа е Коби, па потоа Леброн, ама да се споредува Леброн со Џордан е сосема глупаво.
 
Се меѓу најдобрите, ама не се најдобри (особено Вилт). Се на се земено Џордан е најдобар моментално, со тоа што како што кажав ако Леброн продолжи во вакво темпо уште најмалку 3-4 сезони ќе го надмине.

Може слободни и бројки да извадиме, ме мрзи сега мжеби утре.[DOUBLEPOST=1402100491][/DOUBLEPOST]

1. Прочитај, многу убаво кажав АКО продолжи во ова темпо уште неколку сезони. Дали ќе продолжи ќе видиме
2. Прстените се само еден мал факт кој е и тоа како многу зависен од соиграчите и тимот како целина. Чикаго од 90тите беше страшен тим и никако не беше само Џордан. Ако ти е слаб тимот можеш и двојно пјак од Џордан да бидеш па пак никогаш да не освоиш титула.
3. А Коби од која возраст почна?
Оскар робертсон скоро просек му е на секој натпревар трипл-дабл...Вилт пак има просек од 30п и 22 скока по натпревар...значи идам по твоја логика дека битен е ефектот врз натпрварите што го имаат....по ефекасни од овие двајца нема.

И леброн никогаш ама никогаш неможе да го надмине Џордан поради тоа што има дупло послаба конкуренција од таа Џордан што ја имаше на времето...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom