Албанија добива кандидатски статус за членство во ЕУ

  • Креатор на темата ADP
  • Време на започнување

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Големо чудо.
И таа ќе тапка во место како Турција и Македонија.
Сите заедно ќе станеме членки на еу кога ќе се распадне.[DOUBLEPOST=1401908900][/DOUBLEPOST]
За жал само вака си мислите.
Кога спомна Крива Паланка и убавите куки, еве моj колега от Крива Паланка работи во Софиja. Може би оттамо и убавите куки.
Па заеби ти Бугариja, погледни сите други држави от източниот блок. Види една Чешка, Полска,Словашка,Словениja,Унгариja...[DOUBLEPOST=1401899362][/DOUBLEPOST]
И?Не гледам проблем во едното и другото што цитираш... Тоа дека е един от трите коридора на Балканот но правец Север-Jг не го прави абсолутен доминант и коjто го држи, држи Балканот.
Тури му пепел кога џандар во Софија зима исто плата колку џандар во Македонија.
 
Последно уредено:
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Не се никакви баналности, туку вести од бугарски медиуми кои нашите ги пренесуваат само.
Поради вакви “баналности“, Бугарија ќе ја затвара Агенцијата за бугари во странство, која пак издава државјанства на бугарите надвор од Бугарија.

Немам причина јас да барам бугарски пасош.
Оф леле ти со што си се замарал,а не си се запрашал дека ако Македонија не влезе во ЕУ и НАТО за брзо време(а тоа со оваквата власт е дури невозможно за следниве пет години) пред Албанија и Србија,тогаш ќе се соочиме со уште повеќе вета кои ќе ни доаѓаат од север и од запад.Ако досега не успеавме да ги решиме проблемите со Грција и Бугарија,откако Албанија ќе стане членка,тогаш ќе биде се потешко и потешко.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Големо чудо.
И таа ќе тапка во место како Турција и Македонија.
Сите заедно ќе станеме членки на еу кога ќе се распадне.[DOUBLEPOST=1401908900][/DOUBLEPOST]
Тури му пепел кога џандар во Софија зима исто плата колку џандар во Македонија.
Рано или касно, западните Балкани во големиот си дел са трасирали патот си ком ЕУ.
Прашането сомо е кога и на каква цена ке биде се.[DOUBLEPOST=1401917742][/DOUBLEPOST]
Оф леле ти со што си се замарал,а не си се запрашал дека ако Македонија не влезе во ЕУ и НАТО за брзо време(а тоа со оваквата власт е дури невозможно за следниве пет години) пред Албанија и Србија,тогаш ќе се соочиме со уште повеќе вета кои ќе ни доаѓаат од север и од запад.Ако досега не успеавме да ги решиме проблемите со Грција и Бугарија,откако Албанија ќе стане членка,тогаш ќе биде се потешко и потешко.
Многу повероватно е доста држави от западен Балкан да бидат ставени во една кошница,за да се избегнат сите тези потенциални проблеми.
 
iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
После вето од Грција за името, од Бугарија за јазикот, од Србија за црквата, од Албанија за територија и население и оп Македонија заедно со Косово ќе чека едно 40 - 50 години за влез во ЕУ. Први на Балканот добивме кандидатски статус а сите не надминаа и ќе влезат пред нас.

Не дека мене лично ми е многу важно дали ќе влеземе во ЕУ и НАТО ама неможе да се занемари фактот дека тие две институции сеуште гарантираат некаква економска и воена заштита за помалите држави како што сме сите тука на Балканот.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Оф леле ти со што си се замарал,а не си се запрашал дека ако Македонија не влезе во ЕУ и НАТО за брзо време(а тоа со оваквата власт е дури невозможно за следниве пет години) пред Албанија и Србија,тогаш ќе се соочиме со уште повеќе вета кои ќе ни доаѓаат од север и од запад.Ако досега не успеавме да ги решиме проблемите со Грција и Бугарија,откако Албанија ќе стане членка,тогаш ќе биде се потешко и потешко.
Ти навистина мислиш дека влезот на Македонија во ЕУ и НАТО зависи од Македонија? Проблемот со името и противењето на Грција е само параван да се држи Македонија надвор од Еу и НАТО. Грција ниту е толку моќна, ниту може сама да направи нешто, посебно што според нормите на меѓународното право, секоја држава си го избира името и некоја странска држава НЕ СМЕЕ да се меша во внатрешните работи на една држава, а тоа подразбира и мешањето на Грција како Македонците ќе си ја нарекуваат својата држава. И 100 имиња да промениме, пак ќе се најде причина Македонија да ја држат настрана.[DOUBLEPOST=1401954292][/DOUBLEPOST]
После вето од Грција за името, од Бугарија за јазикот, од Србија за црквата, од Албанија за територија и население и оп Македонија заедно со Косово ќе чека едно 40 - 50 години за влез во ЕУ. Први на Балканот добивме кандидатски статус а сите не надминаа и ќе влезат пред нас.

Не дека мене лично ми е многу важно дали ќе влеземе во ЕУ и НАТО ама неможе да се занемари фактот дека тие две институции сеуште гарантираат некаква економска и воена заштита за помалите држави како што сме сите тука на Балканот.
Албанија и Косово ќе влезат во ЕУ, како што и Турција ќе влезе. Да не бидеме наивни.

Те молам кажи ми како ЕУ и НАТО ќе делуваат Шкотска да не се одвои од Велика Британија, како ќе делуваат ако сака да се одвои Фландрија од Валонија и ако сакаат дел од белгиските граѓани да се распадне Белгија?

Наскоро има референдум за независна Шкотска и доколку НАТО и ЕУ не можат да делуваат да не се распадне Велика Британија, не знам како би делувале во помали држави? Ако има референдум за Илирида, мислиш дека некој ќе и` помогне на Македонија? Можеби единствено Русија и Кина за да контрираат на западот.
 
Последно уредено:
Член од
22 јануари 2005
Мислења
1.644
Поени од реакции
1.677
Ти навистина мислиш дека влезот на Македонија во ЕУ и НАТО зависи од Македонија?
Со пола милијарда кредити што се фрлија за шминкање, можеше да се направи тешка дипломатска офанзива, да се подмачкаат европски бирократски џебови, да се лобира кај американски сенатори. Или што би рекол еден друг член на форумов - "парата буши каде ни бургијата не може". По 2008 година светското мислење беше на наша страна и сметаше дека Македонија е жртвата на агресивна Грција. Грците се обидуваа да не прикажат дека имаме територијални и историски претензии и изгледаа смешно на светската сцена обидувајќи се да го докажат тоа. Ние им помогнавме.
Имавме доста поддржувачи кои сега ги немаме.

Македонија во последните неколку години ме потсеќа на давеник, кој откако бродот (Југославија) потонал, се обидува да доплива до цврста земја, до некој остров и на пола пат застанува да се шминка. o_O

Албанија и Косово ќе влезат во ЕУ, како што и Турција ќе влезе. Да не бидеме наивни.

Те молам кажи ми како ЕУ и НАТО ќе делуваат Шкотска да не се одвои од Велика Британија, како ќе делуваат ако сака да се одвои Фландрија од Валонија и ако сакаат дел од белгиските граѓани да се распадне Белгија?

Наскоро има референдум за независна Шкотска и доколку НАТО и ЕУ не можат да делуваат да не се распадне Велика Британија, не знам како би делувале во помали држави? Ако има референдум за Илирида, мислиш дека некој ќе и` помогне на Македонија? Можеби единствено Русија и Кина за да контрираат на западот.
Да, да ние ќе влеземе во сојуз со Кина и со ЈАР во БРИКС и тие ќе ни го решат спорот со името или проблемот со Илирида. :pos:

Слези на земја.

Го даваш примерот со Шкотска, а забораваш дека Шкотска е држава и дека британските закони дозволуваат референдум за независност.

Зошто каталонците или венецијанците не добијат референдум? Или Баскија?

Членка на НАТО си го решава проблемот со сепаратизамот како што мисли дека е исправно.
 
Последно уредено:

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.184
Ти навистина мислиш дека влезот на Македонија во ЕУ и НАТО зависи од Македонија? Проблемот со името и противењето на Грција е само параван да се држи Македонија надвор од Еу и НАТО. Грција ниту е толку моќна, ниту може сама да направи нешто, посебно што според нормите на меѓународното право, секоја држава си го избира името и некоја странска држава НЕ СМЕЕ да се меша во внатрешните работи на една држава, а тоа подразбира и мешањето на Грција како Македонците ќе си ја нарекуваат својата држава. И 100 имиња да промениме, пак ќе се најде причина Македонија да ја држат настрана.[DOUBLEPOST=1401954292][/DOUBLEPOST]

Албанија и Косово ќе влезат во ЕУ, како што и Турција ќе влезе. Да не бидеме наивни.

Те молам кажи ми како ЕУ и НАТО ќе делуваат Шкотска да не се одвои од Велика Британија, како ќе делуваат ако сака да се одвои Фландрија од Валонија и ако сакаат дел од белгиските граѓани да се распадне Белгија?

Наскоро има референдум за независна Шкотска и доколку НАТО и ЕУ не можат да делуваат да не се распадне Велика Британија, не знам како би делувале во помали држави? Ако има референдум за Илирида, мислиш дека некој ќе и` помогне на Македонија? Можеби единствено Русија и Кина за да контрираат на западот.

Значи ако добро си ја прочитал последната реченица што ја напишав ќе сфатиш што сакав да кажам. Реков дека ЕУ и НАТО даваат некоја гаранција за економска и воена безбедност на ПОМАЛИТЕ ДРЖАВИ, а Велика Британија и останатите гиганти како Германија, Франција, Шпанија итн не спаѓаат во мали држави. Точно е дека не секогаш можат да делуваат и врз малите држави, но со закани и уценување можат да ги заплашуваат малите држави како Македонија да играат по нивното оро. Највпечатливо е со дешавките од 2001ва за време на војната, колку ли само пати ЕУ и НАТО се закануваа и го уценуваат претседателот Трајковски и Владата на Љупчо Ѓеоргиевски дека не смеат да ги напаѓаат терористичките позиции со тешко огнено оружје како тенкови, хеликоптери и авиони. Ако си запознаен со ситуациите од тие случувања тогаш добро знаеш на што мислам. Сигурно гледаш дека секогаш кога нешто прави нашата држава што на ЕУ не и одговара одма пуштаат протестни ноти, закажуваат состаноци и упатуваат "совети" дека не било демократски така... Тоа просто ти докажува колкаво влијание можат да имаат врз помали држави. А на Велика Британија не смеат да и писнат, ако одлучи Шкотска да се дели што е малку веројатно бидејќи мнозинското население сеуште сака да биде во Кралството, ќе викаат дека било нивни сопствен избор и демократско право. И оп никому ништо, за 2 дена ќе се заврши целата работа и нема ни да писнат повеќе за тоа. Ако Шкотска стане независна држава тогаш сигурен сум дека Англија нема така лесно да го прости тоа и ќе ја блокира Шкотска со вето во сите меѓународни институции.
 
TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.830
Поени од реакции
6.384
Сигурно.....јас знам десетици луѓе кои не би останале,а се лојални граѓани на Македонија. И тоа само дел од нив се со бугарски пасоши, другите поради мешано потекло имаат и странски државјанства.А верувај, македонското е едно од најмалку вредните што можеш да ги имаш.
Секој во Македонија кој има и најмала шанса за вадење некој странски појак пасош го има направено тоа.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.286
Поени од реакции
26.168
Доколку Ердоган формира партии во Албанија, Косово и Македонија тогаш Германија ќе ги блокира тие три држави, нема да брза да ги интегрира. Отворање на регионални претставништва на неговата партија во западен Балкан ќе значи погребување на европската перспектива на истиот. Слично како во Босна.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.577
Поени од реакции
5.169
Доколку Ердоган формира партии во Албанија, Косово и Македонија тогаш Германија ќе ги блокира тие три држави, нема да брза да ги интегрира. Отворање на регионални претставништва на неговата партија на западен Балкан ќе значи погребување на европската перспектива на истиот. Слично како во Босна.
Не верувам дека ќе го остават балканот надвор, секое поминато време ќе значи повеќе шанси за Ердоган, јасно им покажа на Европа дека имаат економски капацитет да го лапнат Балканот цел.
А со муслиманското население сакаат да креираат маса која би подржала секое турско продирање, пред се економско, барем засега.

Се инвестира на големо за стипендии, хуманитарни организации, финансираат градење на џамии, градење на медреси, турски студенти студираат овде каде има не мал број на турски приватни универзитети, ромите ги турцизираат, албанците преку верата сакаат да ги побратисуваат. Имаат ептен алатки инсталирано, и функсионираат, и може да се чувствува подршката на населението за Ердоган.
 
Јасно. Баш и затоа викам. Германците се практични. Ќе чекаат од албанските и косовските политичари сами да го избркаат Ердоган. Не им се исплати да влезат во таква ризична политичка операција. Преку Албанија, Косово и Македонија може и Турција да влезе во ЕУ. Сосема непотребен ризик е да не примат во ЕУ, па после имајќи го во предвид се тоа што го наброја, во овие три држави да дојде на власт некое пиунче на Турција.

Економскиот и политичкиот интерес на Германија на Балканот завршува со интегрирањето на Србија. После останатите ќе останеме на грчката агенда. Ним ќе им одговара целиот К-10 да влезе во ЕУ, па ќе прават напори да ја внесат и Македонија под нивна капа. Бугарија ќе го пробува истото со Македонија и Албанците за да и парира на грчко-српската оска. Ама тоа е далеку од моќно лобирање и од брзата трака која ја имаа државите во кои Германија виде директен интерес да се вмеша.
 
Европа не е само Германија, па и не се сложувам дека Германија е толку практична. Да беше така и пред балканските војни немаше да интервенираат воопшто против турците, не верувам дека се ќе оставаат кај нашите политичари.
Нема што да чекаат од албанските политичари, немаме во балканот вооптшо политичари кои водат држава, сите ти се марионети.
Јас воопшто ни не очекувам од политичарите, очекувам дека западот некако ќе реагира.
Мене искрено Италија ми делува многу пасивна во однос со Албанија, можеби не следам баш толку што се случува таму, но таков впечаток имам.
 
Франција и Италија се на колена, Британија е тотално индеферентна кон ЕУ, Полска е заинтресирана за Украина, не за Балканов. За нас ЕУ тотално е само Германија. :D

Инаку, баш на аналогијата од времето на балканските и пред балканските војни алудирам. Големите сили ги ослободиле Грција, Србија и Бугарија од кои имале интерес, а вукојебините како Македонија (која тогаш била значително поголема и побитна) и Албанија ги оставиле сами на себе. Па откако државичкиве „пораснале“, виделе интерес да ја избркаат Турција и да зграбат територија.

Мислам дека сега ќе го преживуваме истото, само без војни, со други методи. Јас би се кладел дека ни Македонија, ни Албанија, ни Косово, ни Босна не влегуваат во ЕУ во наредниве 10-15 години.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom