Верувате ли во Господ? Дали постои?

Veruvam Li Jas Vo Gospod ???


  • Вкупно гласачи
    994

DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Декарт,Њутон,Фарадеј,Ајнштајн,Толстој,има уште ама еве ти 5 за да си го исполниш твоето соблекување на плоштад
Ако листава е за тебе современа, све ми е јасно. ...Само ова за Ајнштајн, срамота е више, стварно, да се лажете. Ти треба само еден клик за да се разубедиш за него... ама, ај, тешко е да се прочита кога не ти иде у прилог.
А толстој бил писател, иначе.
 

Никола

Државник
Член од
18 април 2005
Мислења
5.074
Поени од реакции
333
Бидете си бе агностици, пантеисти нешто слично, доста со организирани религии. Има, да некоја сила, не се знае што и која, направила се она околу нас, не е најверојатно случајно бидејќи е прилично хармонично синхронизирано и дајте си мир малку. Цркви, џамии и слични нешта се во ред, но ако сакаш мир да почуствуваш, можеш и на планина да одиш па да ја видиш големината на природата. Јас сепак мислам дека во основата на верувањето е дружењето. Ќе си се видиш со комшијата во црква или џамија, ќе си климнете и знаете дека имате заеднички интерес, нешто кое ве спојува.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
52
Поени од реакции
2
Дека има и постои Бог доаѓаме до уверување со набљудување и проучување на природата.Ги гледаме животните,билките и редот во природата.
Го набљудуваме Сонцето,Месечината и ѕвездите на небото.Исто така,гледаме големи и различни промени и појави во природата.Овие сложени земски и небесни светови не би можеле да настанат сами од себе или случајно.Во нив постои совршен ред и поредок.Нив ги створи некој кој има силна моќ и совршен разум,а тоа е Возвишениот Бог.
Зарем нашата Земја,на која живеат преку шест милијарди луѓе и која на себеси носи милијарда различни животни,билки,толку градови,мориња,планини и долини и која кружи со илјадници години околу нашето Сонце со брзина од 30 километри во секунда-зарем не е доказ дека мора да има свој моќен и разумен створител и управувач!?
Зарем планетите во сончевиот систем (од кои Јупитер е поголема од Земјата за 1300 пати),кои околу Сонцето кружат со илјадници години,по точно одредени патеки,без никакво скршнување или судир,не се доказ дека ги створила моќна сила која со нив управува.Таа моќна сила е Севишниот Бог.
Зарем милјардата ѕвезди во огромното пространство на вселената кои секоја секунда во своите галаксии се движат со брзина од илјадници км во секунда(и кој знае кога и каде му е сето тоа последна станица),не го повикуваат разумниот човек да се поклони на Оној кој е Створител на сето тоа и кој со тоа вешто и разумно управува?
Колку пространства ги има во вселената и колку сме немоќни да ги опфатиме со разумот најдобро ќе ни покаже,барем донекаде, овој пример.Најблиска ѕвезда на нашата планета Земја и на Сонцето е ѕвездата Алфа,оддалечена од Земјата 43 илјади милјарди километри.На оваа ѕвезда би можело да се стигне со автомобили кои се движат 100 км на час за 50 милиони години,и тоа да се патува без престан дење и ноќе.За да стигнеме на ѕвездата Сиријус,втора по оддалеченост од нашата Земја,треба да патуваме со истите автомобили,но овој пат не за 50 милиони години туку 100 милиони години.
Тогаш што ќе кажеме за останатите милијарда ѕвезди,кои се наоѓаат во милијарда галаксии,кои науката ги откри во вселената?Зарем тоа огромно и непрегледно небесно царство не го убедува човековиот разум дека мора да има Семоќно и Сезнајно Битие кое ги створило тие светови и со истите управува!?
Зарем само човечкото око,односно милјарда човечки очи,не повикуваат да се поклониме на Оној кој на тие совршени фото-апарати оставил прозорче низ кое навлегува светло како би тие апарати секој час можат да ги снимаат предметите околу себе и нивните слики да остануваат во паметот на чување?
А што би било,кога очните капаци би ја изгубиле својата еластичност и способност да се толку лесно отвораат и затвораат,така што ние би морале со прстите да ги отвораме и затвораме?Лесно е за разумниот човек да претпостави колку закоченоста на очните капаци би оневозможила напредок на човештвото.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Бог не постои. Зошто? Бидејќи не е семоќен. Зошто не е семоќен? Зошто и после 2000 и кусур години се уште не може да го убеди човештвото во своето постоење. FAIL од библиски пропорции.



Да погодам како ќе ти се вика новата тема:
''Дали Господ е машко, или женско?''
Нешто како тоа ... :vozbud:

не не си штом имаш толку идеи во главата супер си!

баш ме интересира што ќе отвориш!
Благодарам ....


Wait and see ...

За да го фатиш возот...:toe:
Возот за каде? Рајот? Каде е рајот?

И што после Судниот Ден? Универзумот ќе си остане празен без луѓе? Со која цел Бог го правел? Имаш објаснение?

Секако дека постои. И верувам во него.:smir:
OMG* !!! God has spoken !!! :vozbud:

*OMG = Oh My GaGa.

PS: It believes in itself too ... How nice ... :smir:
 
S

smart ass

Гостин
Овој свет не е свет на совршенство така да секад ќе има мани се дур постои.Вистинскиот живот е после овој свет,не мора да веруваш тоа е твое право,не ти се заканувам со пекол,немој да ме сфатиш така но чекај и јас чекам па ќе видиме како ќе биде.

Епа како ДЕЛО на совршенство како БОГ резултира со несовршенство??

Башка,нели бог е сеприсутен,сегде и на секаде и на сите напоредници и меридијани,значи ОN е OFF,т.е заглавен во овој свет..


Сите работи што ги правиме во животот,ќе дојде еден ден кога ќе одговараме за нив,не може се така на празно да помине и на крај никому ништо.Секој ќе си го добие она што го заслужил,ни помалку ни повеќе.
А кој е тој што бил осуден,или бил праведно суден,кој бил судијата,одбраната...и.т.н

Вистинскиот живот е после овој свет
Никој од Другиот свет не спомнал такво нешто??

И под претпоставка да е така...чуму ние на овој лажен свет??
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Бог не постои. Зошто? Бидејќи не е семоќен. Зошто не е семоќен? Зошто и после 2000 и кусур години се уште не може да го убеди човештвото во своето постоење. FAIL од библиски пропорции.





Нешто како тоа ... :vozbud:



Благодарам ....


Wait and see ...



Возот за каде? Рајот? Каде е рајот?

И што после Судниот Ден? Универзумот ќе си остане празен без луѓе? Со која цел Бог го правел? Имаш објаснение?



OMG* !!! God has spoken !!! :vozbud:

*OMG = Oh My GaGa.

PS: It believes in itself too ... How nice ... :smir:
Има за се', ама буквално за се' објаснување во Библијата. Арно ама, очигледно ти и пред себе да го видиш Бог нема да поверуваш, затоа што веќе си зацртал да не веруваш. Инаку, баш никакви факти не даде дека Бог не постои.
 
Член од
24 јули 2008
Мислења
666
Поени од реакции
134
Не го користам тоа така за да речам само ете Бог така сакал као демек лесно е така да се одговори,него стварно по мое верување Бог нема нешто на кое не може да влијае,се зависи од Него така што тука автоматски се става и науката а и све друго што постои.Он може да измени што сака и кога сака затоа што Он е створителот на тие работи.

Монотеизмот постоел од почеток и ќе постои до крај за разлика од политеизмот,а тоа е така затоа што вистината се наоѓа во него,мислам во монотеизмот.Вербата во Еден Бог.

За положбата на светот и како е злото распространето би ти рекол само едно:добрата вест се шири брзо но лошата уште побрзо,така нешо беше.Анкетата не е баш мн доверлив извор така да не би требало да с земаат податоците од нив здраво за готово.

Он ја слуша сечија молитва но дали ќе ја прифати е тоа е друго.Молитвата е единствено нешто кое што може даја смени судбината на човекот.Ако чекаш да го видиш Бог на овој свет тогаш ќе ти речам само дека можеш да се изначекаш.

Докази имаш насекаде а за да ги видиш не мора ни да стануваш од столчето пред твојот компјутер,погледни на пример во себе си, во човечкото тело,во твоето тело,колку сложен систем е тоа но сепак се си работи како што треба,секој орган си ја врши својата работа без претерување,секоја ќелија,крвоток и др.сеа да не набројувам.Зарем мислиш дека совршенството на работа на твоето тело е случајно?

Не филозофирам,тоа не е филозофија,ти кажувам дека не постои ништо слично на Бог од планетата земја,како Него не е никој.Значи физичката претстава е незамислива за нас што не значи дека не постои,туку толку знаење ни е дадено.А психички што да ти зборам ако ти си паметен Он е изворот на таа памет,ако си добар тогаш Он е владар на добрината и сл.

Примерот не ми е мн познат но ќе проверам па ќе ти пишам,мислам за ова последното со Езекиел.
Bog moze da se mesa sekade, vklucivo i naukata? Togas zosto toj Bog dozvolil Crkvata vo sreden vek da zabranuva sekakva naucna dejnost? Ne mora na obicnite lugje da im dava nasoki, no sekako na crkovnite lica bi mozel da im dade odredeni nasoki, kako sto pravel vo minatoto (razni prikazni opisani vo Biblijata, vernicite bile vodeni od razni proroci na koi Bog im se prikazuval kako prividenie). Ako toj moze da izmeni se koga saka i sto saka, zosto dosega ne izmenil nesto od pravecot vo koj se dvizi covestvoto? Ili samo toa mu bilo po keif vo minatoto :pos2:?

Mozebi stvarno imam nesto propusteno, zatoa kazi mi koja e najstarata civilizacija i vo sto veruvale tie?

Razlikata vo podatocite na anketata bese nekade okolu 30%. Toa ne e mal procent.

Sto mislis kolku lugje vo svetot dnevno se molat na Bog(nezavisno vo koj Bog veruvaat) ? Mislis deka site tie ne zasluzuvaat pomos od Bog? Znaes kolku gladni lugje ima vo svetot momentalno? Kolku od niv se deca? Gladuvaat od razni EKONOMSKI pricini, a ne poradi nekoj nasleden grev od nivnite roditeli ili od Adam i Eva (kako sto e pisano vo nekoi drugi temi na forumov). Gladnite lugje vo svetot sigurno nadminuvaat 1 milijarda. Mislis deka vo 1 milijarda nema nitu eden vistinski vernik na koj Bog bi mozel da mu pomogni?

Zosto mislis deka coveckoto telo e bas dokaz za kreatorot Bog? Poradi toa sto nie funcionirame sovrseno, zarem toa e dokaz deka Bog ne stvoril? Pa i denes mozeme da vidime kako nekoi zivotni se prilagoduvaat na sredinata vo koja ziveat. Znaci i nie vo tekot na evolucijata sme se razvile da funkcionirame sovrseno. Kako i site drugi zivi sustestva na planetava....

Vo Biblijata pisuva deka Bog ne stvoril po negov lik. Znaci nie na nekoj nacin licime na nego. Na koj nacin? Velis ako si dobar, od nego e dadeno, ako si pameten pak e od nego dadeno, a sto ako si zol? Pak e od nego dadeno?

Za kraj, ne mozam da svatam nekolku raboti kaj vernicive. Ke zboruvam konkretno za hristijanive, zasto i jas sum krsten hristijanin. Osnova na hristijanstvoto e Biblijata. Ucenjeto za Bog e nevozmozno dokolku ja nema Biblijata, taa e onaa kniga sozdadena za/od Bog i negovite poraki sto toj gi ima za nas. Dokolku gi sledime nastanite vo Biblijata, ke najdime premnogu kontradiktornosti koi se vooclivi denes, no ne i vo minatoto, koga lugjeto nemale golemi naucni soznanija. Zarem e logicno da veruvate deka svetov nastanal pred 6000 god (dokolku go presmetate vremeto spored nastanite vo Biblijata,tolku iznesuva brojkata)? Zarem e logicno da veruvate deka Zemjata e postara od Sonceto, koga denes imame naucni dokazi deka e obratno? Zarem e logicno da veruvame deka prviot ziv svet nastanal pred pomalku od 6000 godini, koga imame fosili od izumreni zivotni od pred nekolku milioni godini? Vo edna diskusija vidov deka tie fosili bile vsusnost podmetnati od gjavolot, za iskusenie na covekot:tapp:

Poentata e ako osnovata na nesto e sporna i vo najmala raka smesna, da ne recam glupava, kako e mozno da se veruva vo nea?

P.S Imam sretnato vernici koi veruvaat vo Bog, no ne i vo Biblijata. Dali e vsusnost mozno toa?????? Veruvanje vo Bog, no negiranje na knigata vo koja bi trebalo da se site negovi poraki i pouki za site nas......

P.P.S submitter iskreno me interesira sto ke kazis za Ezekiel i negovata sredba.......se nadevam ke postiras za toa sto poskoro :P
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Ако контрадикцијата имаше некој вид материјална форма, тоа ќе беше бог.
 

golem brat

dojdov vidov pobediv
Член од
23 февруари 2009
Мислења
417
Поени од реакции
20
Бог не постои. Зошто? Бидејќи не е семоќен. Зошто не е семоќен? Зошто и после 2000 и кусур години се уште не може да го убеди човештвото во своето постоење. FAIL од библиски пропорции.





Нешто како тоа ... :vozbud:



Благодарам ....


Wait and see ...



Возот за каде? Рајот? Каде е рајот?

И што после Судниот Ден? Универзумот ќе си остане празен без луѓе? Со која цел Бог го правел? Имаш објаснение?



OMG* !!! God has spoken !!! :vozbud:

*OMG = Oh My GaGa.

PS: It believes in itself too ... How nice ... :smir:
bog e semoken, zatoa sto pregolema e milosta na boga kon covestvoto , koe dene i noke covekot vrsi zlo pred ocite na boga sto e segde prisuten, vo nivnite oci i umovi nema stav od boga i ne go pocituvaat svetiot zbor i svetata kniga i boga, da imalo lubov vo svetot i covestvoto da zivelelo spored bibliskata vistina , pocituvajki go boga , ke nemalo zlo i vojni, zasto boga i svetiot zbor pismo na boga uci za lubovta , , mirot i dobrinata, a koga ima lubov , togas nema nasilstvo zlo i bilo se ona koe e sprotivno na dobroto , zatoa sto lubovta prostuva e mila i milostiva , covestvoto e ubedeno i znae vweruva i se nadeva na boga, no gospod rece deka koga ke dojde sinot covecki na kraj na svetot dali ke najde vera na zemjata togas, l lugeto ke ja izgubat i ke se odalecat od verata i boga i ke trgnat po losi patista, no verata ke opstoi i ke ima sveti verni luge i imalo ke ima sekogas, vo poslednite dni ke se javat luge koi ke ziveat spored svoi zelbi , kade e vetuvaneto negovo ke velat , dali stvarno poslednite vremina se tuka,se ima smisla i cel , bog go sozdal covekot za vecnost, i go napravi slika na svoeto bitie, no celta e spaseni na dusite i povratak na boga koj ke mu stavi kraj na zloto, mesto da lupas nesto koe ni samiot ne go svakas , sto bez logika kazuvas , podobro procitaj od svetoto pismo i se ke ti se razjani, ova ti kazuvam so dobra namera i misla bratce , pozz
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
52
Поени од реакции
2
Епа како ДЕЛО на совршенство како БОГ резултира со несовршенство?? СЛОБОДНА ВОЛЈА




А кој е тој што бил осуден,или бил праведно суден,кој бил судијата,одбраната...и.т.н

Судија е Бог а сите други ќе бидат испрашани



Никој од Другиот свет не спомнал такво нешто??

Спомнато е и кажано е и ќе речам чекај и јас ќе чекам па ќе видиме.


И под претпоставка да е така...чуму ние на овој лажен свет?
Да биде доказ против или за тебее
 
S

smart ass

Гостин
Амин
Шалом
Селаам
Зиг хајл.

Теоријата на еволуција секој ден се надоградува а науката и логиката преовладуваат-наскоро ќе исчезнат термините(свети се-ги има во Светото Писмо богат и сиромашен човек.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Има за се', ама буквално за се' објаснување во Библијата. Арно ама, очигледно ти и пред себе да го видиш Бог нема да поверуваш, затоа што веќе си зацртал да не веруваш. Инаку, баш никакви факти не даде дека Бог не постои.
Ако има, што не објасниш? Јас да го видам пред мене нема да поверувам ..... Туку ќе знам! Вербениот систем би бил една нелогична шега да го практикувам кога веќе знам нешто.

Не дадов факти видејќи не ми е намерата да докаќувам нешто. Ако ти веруваш во Господ, твое си е. Јас не сум верник нити сум па атеист.

А ти поставив и логични прашања. Што е? Немаш одговор на истите? Нели Библијата ги има сите одговори?

bog e semoken, zatoa sto pregolema e milosta na boga kon covestvoto , koe dene i noke covekot vrsi zlo pred ocite na boga sto e segde prisuten,
Извини, Бог го создаде човештвото? Бог им вгради на луѓето да размислуваат со своја глава и да имаат слобода на избор? Бог дозволи Ева да го направи гревот? Ако на сите овие прашања одговорот ти е да, тогаш од тука се заклучува дека само Бог е крив за тоа како човештвото излегло.

vo nivnite oci i umovi nema stav od boga i ne go pocituvaat svetiot zbor i svetata kniga i boga,
Зошто да се плашам од тој кој ме создал (наводно) од безусловна љубов? Зошто да имам страв? Стравопочит? Тоа е резервирано за вас, верниците, да бидете жртви на еден ирационален страв. За мене и останатите не.

da imalo lubov vo svetot i covestvoto da zivelelo spored bibliskata vistina , pocituvajki go boga , ke nemalo zlo i vojni,
За еден свет да е полн со љубов не значе дека треба да ја следат сите твојата вера. Сите во светот да беа хипици, исто ќе беше се полно со љубов. Еве полека светот се претвора во New Age шерада, а тие па не секој поздрав и збогување зборат за љубов и мир. И тие може на крај ќе го спасат светот, да стават крај на војните и сл. Зошто мора да е христијанството? Мене тоа ме интересира. Зошто таа религија а не друга? Зошто религија воопшто би го спасила светот? Како да нема други начини нели?

zasto boga i svetiot zbor pismo na boga uci za lubovta , , mirot i dobrinata, a koga ima lubov , togas nema nasilstvo zlo i bilo se ona koe e sprotivno na dobroto ,
Јас пораснав без светото писмо и религиозното учење. Сакаш да кажеш дека тие што не пораснале како тебе не знаат за љубов, немаат изградено солидни морални вредности и етички принципи?

zatoa sto lubovta prostuva e mila i milostiva , covestvoto e ubedeno i znae vweruva i se nadeva na boga, no gospod rece deka koga ke dojde sinot covecki na kraj na svetot dali ke najde vera na zemjata togas, l lugeto ke ja izgubat i ke se odalecat od verata i boga i ke trgnat po losi patista,
Да, јас сигурно сум на лош пат .... (-__-)

no verata ke opstoi i ke ima sveti verni luge i imalo ke ima sekogas, vo poslednite dni ke se javat luge koi ke ziveat spored svoi zelbi , kade e vetuvaneto negovo ke velat , dali stvarno poslednite vremina se tuka,se ima smisla i cel , bog go sozdal covekot za vecnost,
Која вечност кога ставил Суден Ден? (О_о) Help me please, confusion is eating my brains ....

i go napravi slika na svoeto bitie, no celta e spaseni na dusite i povratak na boga koj ke mu stavi kraj na zloto, mesto da lupas nesto koe ni samiot ne go svakas , sto bez logika kazuvas , podobro procitaj od svetoto pismo i se ke ti se razjani, ova ti kazuvam so dobra namera i misla bratce , pozz
Се обидувам да сфатам, ама покрај толку нелогика и контрдикција, јас се уште немам разбрано ни збор од Библијата. Во таа верзија која ..... па секој поединечно ја толкува. Еве ти викаш човештвото го создало злото. Друг вели не човекот, ѓаволот е крив. Секој од вас си толкува како ќе му стигне. КОга ќе најдете НЗС меѓу вас верниците и да се разберете, тогаш ќе се обидам и јас да ве разберам.

А за нелогика, можам енциклопедија да направам од постовите на подфорумов. Имам чувство дека MIKI1 ќе биде најкористена референца.
 
A

ateist

Гостин
Дека има и постои Бог доаѓаме до уверување со набљудување и проучување на природата.
Зарем нашата Земја,на која живеат преку шест милијарди луѓе и која на себеси носи милијарда различни животни,билки,толку градови,мориња,планини и долини и која кружи со илјадници години околу нашето Сонце со брзина од 30 километри во секунда-зарем не е доказ дека мора да има свој моќен и разумен створител и управувач!?
Библијат вели ЛАЖЕШ И ТИ И ТАКВИТЕ КАКО ТЕБЕ .

Вашата теорија дека трето лице на бог е материјалната пририда ( третото лице било дух а ние сме живееле во тој дух=материјалната пририда ....дека духот е уствари енергија а со тоа значи и материја ) е обична бесмислица .

ДОКАЗ :

1 Коринтјани: 14:7 И БЕЗДУШНИТЕ НЕШТА, што даваат глас, како свиролот или харфата, ако не даваат различни звуци, како ќе се познае свирењето на свиролот или харфата?

дефиниција :
Душа е способност можност на умно разумните битија да креираат/ создадат сопствени Вредносно емоционални критериуми / системи .
Што ќе радува што нема, што ќе ги жалости а што нема , итн

ДОКАЗ:
Книга Јов
30:25 Не плачев ли за страдалниците, не се ли СОЖАЛИ мојата ДУША за сиромашниот?

Псалм:
6:3 Исто и мојата душа е силно потресена; ( ЕМОЦИОНАЛНА -ДУШЕВНА БОЛКА РАСТРОЈСТВО)

24:4 Оној, кој има чисти раце и невино срце; кој не и ја предаде својата душа на суетата и кој не се заколнува лажно.

31:7 Ќе се радувам и ќе се веселам во Твојата милост; зашто Ти ја виде мојата неволја, ја позна ТАГАТА на мојата ДУША

63:5 Мојата душа ќе биде СИТА како од сало и масло,

86:4 РАЗВЕСЕЛИ ја ДУШАТА на Својот слуга, зашто кон Тебе, Господи, ја издигам својата душа.

.
.
.
Елимелах= Бог е Човек - Личност
Бог = Личност

Бог - Личноста ИМА Душа - емоции
1Коринќани 13
1 Ако ги зборувам човечките и ангелските јазици, а ЉУБОВ немам - тогаш сум бронза што ѕвони, или кимвал што ѕвечи.
1 Коринтјани: 13:6 не и се РАДУВАна неправдата, а и се РАДУВА на вистината;

1 Јованово: 4:8 А кој не љуби, не Го познава Бога, зашто Бог Е ЉУБОВ.

.
.
.
ЗНАЧИ :

1 Коринтјани: 14:7 И БЕЗДУШНИТЕ нешта, што даваат глас, како свиролот или харфата, ако не даваат различни звуци, како ќе се познае свирењето на свиролот или харфата?

Левит: 26:1 ‘Не правете си идоли; не издигајте си ни кипови ни спомен-столбови; не ставајте во вашата земја камења со ликови, за да се клањате пред нив; зашто Јас Сум Господ, ваш Бог.

Михеј: 5:13 Ќе ги истребам во тебе сите кипови и камени столбови. И ти веќе не ќе се поклонуваш пред делото на своите раце.

Псалм: 97:7 Нека се засрамат сите што се поклонуваат пред слики и кои се фалат со идоли. .
.
.
...
.

БИБЛИЈАТА ВЕЛИ .........НЕМА НИКАКОВ БОГ ВО МАТЕРИЈАЛНАТА ПРИРОДА

ТОА САМО РЕЛИГИОЗНИТЕ НЕШТО ХАЛУЦИНИРААТ !
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
1.647
Поени од реакции
45
Ако има, што не објасниш? Јас да го видам пред мене нема да поверувам ..... Туку ќе знам! Вербениот систем би бил една нелогична шега да го практикувам кога веќе знам

Не дадов факти видејќи не ми е намерата да докаќувам нешто. Ако ти веруваш во Господ, твое си е. Јас не сум верник нити сум па атеист.

А ти поставив и логични прашања. Што е? Немаш одговор на истите? Нели Библијата ги има сите одговори?
нешто.



Извини, Бог го создаде човештвото? Бог им вгради на луѓето да размислуваат со своја глава и да имаат слобода на избор? Бог дозволи Ева да го направи гревот? Ако на сите овие прашања одговорот ти е да, тогаш од тука се заклучува дека само Бог е крив за тоа како човештвото излегло.



Зошто да се плашам од тој кој ме создал (наводно) од безусловна љубов? Зошто да имам страв? Стравопочит? Тоа е резервирано за вас, верниците, да бидете жртви на еден ирационален страв. За мене и останатите не.



За еден свет да е полн со љубов не значе дека треба да ја следат сите твојата вера. Сите во светот да беа хипици, исто ќе беше се полно со љубов. Еве полека светот се претвора во New Age шерада, а тие па не секој поздрав и збогување зборат за љубов и мир. И тие може на крај ќе го спасат светот, да стават крај на војните и сл. Зошто мора да е христијанството? Мене тоа ме интересира. Зошто таа религија а не друга? Зошто религија воопшто би го спасила светот? Како да нема други начини нели?



Јас пораснав без светото писмо и религиозното учење. Сакаш да кажеш дека тие што не пораснале како тебе не знаат за љубов, немаат изградено солидни морални вредности и етички принципи?



Да, јас сигурно сум на лош пат .... (-__-)



Која вечност кога ставил Суден Ден? (О_о) Help me please, confusion is eating my brains ....



Се обидувам да сфатам, ама покрај толку нелогика и контрдикција, јас се уште немам разбрано ни збор од Библијата. Во таа верзија која ..... па секој поединечно ја толкува. Еве ти викаш човештвото го создало злото. Друг вели не човекот, ѓаволот е крив. Секој од вас си толкува како ќе му стигне. КОга ќе најдете НЗС меѓу вас верниците и да се разберете, тогаш ќе се обидам и јас да ве разберам.

А за нелогика, можам енциклопедија да направам од постовите на подфорумов. Имам чувство дека MIKI1 ќе биде најкористена референца.
Ниту пак јас немам намера нешто на тебе да ти докажувам. Само ти посочив каде можеш да најдеш објаснувања за се'. Во Библијата. Ако сакаш земи и читај, ако пак не сакаш, твое право. Исто како што и јас имам право да верувам. Но, да се разбереме, ти имаш право да веруваш или да не веруваш.Но немаш никакво право да ги навредуваш тие што веруваат или не дај Боже размислуваат поинаку од тебе. Поздрав.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom