Нема потреба од гледање Contract until 30.06.2014
Тоа е тоа по што трчаат.
Има потреба од глеање затоа што ако нема, одма некои паметњаковичи ретко информирани као тебе се појавуваат.
Алан не е слободен играч, туку е на позајмица во Удинезе. Затоа му стои дека има договор до 30.06.2014 година. Играч е на Гранада, еден од клубовите чиј сопственик е Поцо (човекот кој ги има и Удинезе, Вотфорд и Ријека) и којзнае какви комбинации праи со играчите. Си ги праќа ваму-таму, менува, позајмици, препродава...
Алан е одличен потенцијал . Типичен box-to-box играч кој има бразилска техника и борбеноста на Де Јонг. Подобар дел му е дефанзивата, ама одлично знае да се снајде и во напад. Единствена маана е што е подложен на повреди. Јас би го собрал во тим без размислување, само не знам зошто се спомнува као замена за Монтоливо, кога мене барем, многу појше ми личи на Де Јонг во стилот.
Удинезе има доста интересни проспекти кои би одговарале на Милан. Пред сите, Габриел Силва, според мене можда најдобриот офанзивен лев бек моментално во Серие А, Видмер, офанзивен десен бек со страшен потенцијал, па и Бруно Фернандеш и голманот Симоне Шуфет.
Во врска со ова што најверојатно Менез и Алекс се договорени, стварно не знам што да мислам и како да ги оценам. Многу ќе ми зависи кој ќе остане од овој тим на Милан и како ќе се одвива трансфер периодов. Јас замислував и замислувам баш подмладување.
Кажав што очекувам и што нема да оправдам, така да, моја оцена за трансфер периодов ќе кажам подоцна, зависи како ќе се одвива.