Bodhidharma
Avatara
- Член од
- 17 септември 2011
- Мислења
- 10.783
- Поени од реакции
- 15.399
Па нормално дека е реално нешто.....уствари единственото реално нешто е моето постоење, кое се манифестира преку свеста. Се друго може да е илузија, како нашиов разговор сега.....арно ама не и моето постоење кое го изедначувам со свеста.Јас не сум ентитет. Ја сум збир од многубројни активности во мозокот.
Тоа го приметив и кај тебе и кај Ипси. На некои зборови им давате апсолутно постоење.
Јас, ти, свест, интелигенција, ги унифицирате како некој феномен.
Само затоа што разговорно ги употребувам за вербално да се разбереме, не значи дека како Ти и Ипси верувам дека постои нешто како „его“, „свест“, јас и ти.
Верувам дека тоа се прости зборови, кои опишуваат комплексни функции кои се меѓузависни. И да не се повторувам, а и вие, мојата поента е таа дека „свест“ НЕ ПОСТОИ. Не можеш да прашаш дали е медузата свесна, пошто не постои свест.
И за да ни е полесно, различни комплексни функции ги нарекуваме свест и создаваме некој континуум кадешто „свеста“ ја дефинираме зависно од комплексноста на мозокот, а не како ентитет. Тапкате околу тоа прашање, кое веќе е одговорено и објаснато од моја страна 1000 пати уназат.
Вие почнувате од премисата дека свеста е реално нешто кое постои и терате у тој правец.
Јас почнувам со премисата дека свест не постои, ама се употребува како ИЗРАЗ за да се опишат некои од функциите на нашиот мозок.
И да се разбереме, не е случај кај сите луѓе, и не е случај и кај мене во текот на 24 часа тоа можем со сигурност да ти го потврдам.
Како и да е, да ти поставам едно прашање.
Дали куче од беснило болно е свесно?
Полесно ќе одговориш, ако ти текне зошто кучето трча на сите страни и гледа да зграпчи било што.